Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.646
    Пол:
    Женски
    Мојата има веќе 3 оброка и пак зее ако не види дека јадеме или џвака. Јас не сум и давала ни тогаш ни сега. Не верувам дека ќе се одбие од цицање.
     
    На Калеа му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    По колку грама давате на бебе од 6месеци. Почнавме со вкусови пред околу една недела
     
  3. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    807
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, 6 месеци полни пред 10тина дена почнав со дохрана ама само по неколку лажички што ни тие не го јаде. Педијатарот ме насочи кон зеленчук ама засега повеќе е лигавење
     
    На Макаронкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MiLady

    MiLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Исто беше и кај нас тој период. Мислам дека му е ново и не знаат да јадат. За еден месец се навикна и јадеше веќе убаво.
     
    На Frida- му/ѝ се допаѓа ова.
  5. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.388
    Допаѓања:
    5.907
    Давај како за нас, инстант ориз многу кратко користев.
     
    На Germanka7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ana.ana1928

    ana.ana1928 Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2026
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Дали со воведување на прв оброк доручек мора во секој да има житарка?
     
  7. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.646
    Пол:
    Женски
    Не
     
  8. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Од кој месец почнавте да воведувате житарки? И по кој редослед ги дававте? Ние сме 6+ и планирам да дадам амарант, друго што може?
     
  9. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    1.417
    Пол:
    Женски
    Јас почнав од 6+ со просо, овес, палента, киноа. Не сум следела некој редослед, знам просо ми се фаќаше најчесто да давам, со овошје го комбинирам.
    Во сите каши со житарки ставам по малку несолен путер.
     
    На Макаронкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Какво просо и киноа користите на почеток?
     
  11. young.wild.free

    young.wild.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    3
    Мајки, ние имаме 5 месеци и ќе почнуваме со купечки кашички, па ме интересира:

    1.Колку дена да давам од еден вкус? И колку дена смее да се користи отворената кашичка или треба секој ден да се отвора нова?

    2.Дали на оваа возраст им давате вода од шишенцата од кои пијат млеко или користите некој друг модел?

    3.Откако ќе ги пробаме сите вкусови, почнувате ли да им давате по една цела кашичка како оброк или како оди понатаму?
     
  12. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Какво просо користите?
     
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    9.909
    Пол:
    Женски
    - на почеток давав 2-3 дена нов вкус. Прво чист, па мешан со веќе пробани понатаму.
    На секоја каша пишува дали трае 2 или 3 дена отворена во фрижидер.
    Со тоа што земаш од неа со чиста лажичка и ставаш во друг сад кога пробува вкусови. Да не е со истото лажиче кое веќе има остатоци од кашата и плунка и се на него да се меша.

    Веќе со 3-4 вкусови за отприлика 10-15 тина дена почна и цела каша да ја јаде. Ако чекаш сите вкусови да ги проба многу време ќе помине.

    2. Не пиеше нешто многу вода ама во принцип зедов едно помало баш за вода да си биде. А се мачевме и од чашка, лажица, се што можеше да смислам за да пропие вода.
     
  14. Capricorn ♑

    Capricorn ♑ Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Здраво, дали некоја мајка од Охрид некаде нашла телешко месо за бебе? Секаде каде што прашав носат само јунешко.
     
  15. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    2.158
    Почнуваме сега со вкусови и планирам за почеток купечки кашички да давам. Земав некои на хип, од морков земав од дм био бидејки немаше од хип само морков и сега гледам на декларацијата пишува дека содржи малку сол?
    Дали е во ред тоа или да барам кашички без сол?
    Добри ли се од дм био или бејбилав, доста поефтини се од хип, не знам дали има разлика во квалитет.
    На готовите кашички пишува да се искористат во рок од два дена, дали истото важи и за домашни кашички кога ке правам, да направам количина за два дена и во фриждер па следниот ден да затоплам?
     
  16. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Со што мешате просо? Дали може просо и спанаќ? И што да додадам уште нешто?
     
  17. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    807
    Пол:
    Женски
    Јас со овошје наутро го мешам
     
    На Макаронкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Да не се мешаш со табелата каде пишува јаглехидрати, калории и слично? Во состав верувам дека има само морков и ништо друго. И општо додадена сол не верувам да има за бебе, јас до сега не сум сретнала. Ни додаден шеќер немаат обично кашичките, ама во табелата пишува шеќер, тоа е шеќерот што самите продукти си го имаат во себе (шеќерот од овошјето). Внимавај само каде што има бисквитка додадено во кашичката, во една (мислам од Кипер) имаше и шеќер како состојка во самата кашичка. Добар им е квалитетот според мене, јас цело време од нивната серија купувам (Дм Био). Сум земала и babylove.
    Купечките кашички на некои читам до 3 дена може да се користат, јас макс 3 дена сум давала. Не земај со лажичка директно од теглето, туку претури со лажичка во чинивче, и така давај (да не доаѓа во контакт со плунка целата кашичка).
    А домашните кашички, валјда можеш да припремаш поголема количина, ама јас од почеток воглавно овошните кашички ги правам и одма ги давам. Месо кога сум варела, сум спремала поголема количина, па блендирано замрзнував во калапче со капак и после вадев по коцка, две. А од свежата смеса давав денес и утре.
    Јас овошните кашички ги мешам со житарка (просо, овес, експандиран амарант, експандирана киноа). Некогаш и путер од јатки додавам во истото.
     
  19. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    255
    Тие што почнувате од 5м да давате храна, дали децата ви седат стабилно? Мојава се клацка во хранилка и не сефи самостојно
     
  20. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.986
    Допаѓања:
    36.305
    Пол:
    Женски
    На 5м почнав да му давам и јас и не седеше стабилно. На 60 степени ми беше направена хранилката и така му давав.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.