1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Дали треба да се вари или само се покиснува во вода?
     
  2. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    2.634
    Пол:
    Женски
    Јас многу каснам, почнав сега на 11 месеци да и давам пасирано ме караа во градинка нејќела да јаде. Парчиња пробувам, умирам од страв на секое, исто не сфаќа што треба да им прави ги гмечи и фрла, банана јаде така од рака да и давам да гризе ама многу пазам колку ќе гризне страв ми е. Смоки ја оставам сама да јаде е тоа разбира дека треба да го стави во уста и да џвака :D сакам да и дадам и бисквити ама никаде не можам да најдам без лактоза и без палмино масло.
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    700
    Пол:
    Женски
    Штом е експандиран не треба варење. Не во вода, во самата кашичка. Во чинивче ставам амарант, и ставам од кашичката убаво да се соедини, да не е ни суво, ни претечно. Оставам неколку минути да постои (2-3 минути, не многу) и давам на бебе.
     
    На Макаронкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    2.185
    Допаѓања:
    7.195
    Пол:
    Женски
    Како им сервирате месо на 11м? Дали вака ситни "исецкани" парченца се добри? За сам да си ги фака со прстињата? 20261025_132419.jpg
     
  5. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    700
    Пол:
    Женски
    Моето бебе не е баш мерило, пошто не е ич јадач... ама јас му ги давам поситни т.е. потенки, како упола од големите парченца на сликата. Инаку ми плука поголеми парчиња... Пробај дај му едно, може ќе си го јаде убаво. Ако плукне пробај со помало.