Дали им давате ќебапчиња на 11м? Вчера за ручек си ги изеде 2. И од кога им давате ручек што го спремате за сите?
Од каде земате месо за бебе и како го подготвувате, како му го давате? И кПрв пат ќе пробува сакам телешко да му земам, па се мислам од Веро некој ми спомна дека имаат добро месо. Реон Ново Лисиче - Аеродром.
Супер. Знам дека по блв даваат така повеќе во еден ден, ама мојот е 5 месеци па ќе почнам да му давам кашички и сакам побрзо да му воведувам намирници, по една секој ден. Фала мајки
Нема ништо квалитетно ни хранливо во кебапче. Не сум дала и не планирам. Ручек со сол се дава после година ако не беше и после 2 години. Јас правам ручек за нас, го вадам делот за неа па ставам сол.
Јас зимам од Веро Џамбо. До сега сум и дала мисирка и телешко. Телешкото, цело парче го варам добро, едно 3 саати, го сечам на коцки од по 20/30 грама и со водата го замрзнувам во калапи. Кога и правам ручек, само го ставам малку да се свари, да се одмрзне, го блендирам зошто инаку ми го осеќа и не сака да го јаде. Првиот пат и дадов во манџа 15 грама.
Не си баш во право за ќебапчињата. Не мора да се пржени во зејтин и со кило сол, може и да бидат печени дома со поголем дел телешко па ќе бидат добар извор на протеин. А тоа дека до 2 години не се дава сол малце тешко хах, препораките се до година и не знам некој да чекал до 2
Од кај 11м почна да јаде дел од нашите ручеци. Препораките се околу година, најмногу ради солта но секако може и предтоа да се даваат истите несолени ручеци со мали модификации
Моето бебе иде во градинка од 9 месеци секако јаде се и свашта, дури мислам дека може и сол и даваат пошто ја јадат истата манџа со поголемите. Не само кебапче било што ако го правиш дома да здраво е, ама дека кебапче од кебапчилница е здраво не верувам, еве јас лично не купувам и не јадам зошто верувам дека има се во нив освен месо. Јас ќе пробам од се да ја заштитам и се што реално не е потребно покасно да и дадам, а дали ќе биде така здравје.
Јас само во Андреа верувам и таму зимам за бебе телешко шол и едно 2 саати го варам сигурно. Земам пилешко, мисиркино исто од кај нив
Јас, сите намирници освен алергените што ги чекав и давав по неколку дена. Овошје и зеленчук мешав. Веројатноста дека кога давам прв пат кромид и компир пример е алергична е скоро невозможна. Второ дете терам вака, веќе имам дадено глутен, цело јајце и грчки јогурт, а има 6м1н. За овошје и зеленчук исто имам дадено скоро сѐ. На апликациката солид стартс гледам како се сервира и давам
Здраво 5 м сме па сакам да почнам со кашички зошто мислам бебуш е спремен. Би почнала со зеленчукови но не знам кој поточно. Тиквичката ми имаа кажано дека мн ретко ја прифакаат оти има бјуткав вкус. Дали со морков , компир? И дали во овие каши треба да се додаде мелко?
Јас почнав со морков. Следно беше компир, па батат, па тиква и после тоа тиквичка.Никогаш не ставив млеко.
Млеко не ставав, вода. Иначе тиквичката и не е толку лоша, благуњава е. Компир без сол исто не е баш баш, јас почнав со морков, ми го плукаше бебе. Пази само повеќето од зеленчуците прават запек, јас би комбинирала со овошје. Остај ти тоа нема да јаде, ако бебето е јадач, ќе јаде. Имам искуство и со такво и со такво дете.
Како воведувате вечера? Како количина и како намирници? Дали на почеток би требало да е од тие млечни каши од кутија, направени со ад или може палента, гриз, непто такво?