Измешај јаболко со морков заедно и така давај. Кога веќе еден вкус прифатило и нема алергија може да комбинираш со нешто што оди. Јаболко со морков, јаболко со банана, компир со морков и сл. Немлечни житни каши растворав со вода и додавав мое измолзено млеко. Во млечни житни каши нема потреба да додаваш млеко, бидејќи веќе содржат и ги раствораш само со вода. За избор на адаптирано млеко најубаво прашај педијатар. Млекото не ми се намали засега, ама уште пробуваме вкусови. По логика, како бебе расти и оброците ги заменуваат подоите, може да се намали.
Здраво, надвор од темата но да споделам што се покажа како најефикасно за лактација кај мене. Правев ад 20мл и ставав во шприц па од горе му капнував на бебе на града и така се лажеше да цица иначе повлекуваше 2 3 пати и вришетеше. Тој така и се научи да цица а мене ми дојде млеко тек после 2 недели од кога се породив, до тогаш ми беше хорор доењето.
Мене ме заинтересира кои млечни/немлечни житни каши ги давате? Јас само гриз семолина од хип давам, друго не сум пробала од купечките
Холе овес, дм био ориз, седум жита, хип семолина и палента. Да ги потрошиме кутииве и после ќе си тераме со тие што си ги јадеме ние, само семолина ќе продолжам да земам зошто бебе ја обожава.
Може ли слика од Просото(има повеќе) оризот и палентата од Дм што ги зимате? Не успеав да се снајдам кој треба