1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. NB86

    NB86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    68
    Кога почнавте да му давате сокче на вашето бебе?

    Прв пат му дадов сокче на 4 месеци и не му се свигаше. Само водичка и чајче си пие, исто ко мене...и ја не пијам сокови.
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Кога почнавте да му давате сокче на вашето бебе?

    Нејасно ми е како локум се продаваат сокчињата (и кашичките) на Хипп, Нестле, и др.
    Колку и да е `природно`, органско, неможе во тегла да стои со 1-2 год. рок на употреба!
    100% му додаваат нешто.
    А, џебот го празнат и тоа како.

    Не знам што чини, самата мајка да му исцеди портокал, избие јаболко, изгмечи банана и што и да е.
    Ем поефтино многу пати, ем најтазе.

    Или на многумина им е мака, и најлесно им е само ајде отвори ја тегличката.
    Познавам деца кои од тегли се пораснати. Сега се здрави, прави, трчаат, ама на долг рок сигурно нема да имаат висок имунитет итн.

    (Признавам, во некои случаи теглички, кога се оди на гости, на пат, на прошетка, кога се остава на чување детенцето некаде...)
     
    На marchi-cool, chiccush02 и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.357
    Допаѓања:
    105.411
    Пол:
    Женски
    Кога почнавте да му давате сокче на вашето бебе?

    girl23 се согласувам со тебе. па нема поубаво од свежо овошје и зеленчук , ама некои мајки ги мрзи да излупат некое јаболче..

    инаку јас немам дадено се уште сокче на керка ми , освен кога ке исцедам нешто потечно - крушка на пр. тоа што останува и го ставам во чашка и го пие.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.348
    Допаѓања:
    200.683
    Пол:
    Женски
    Овошје

    Јас почнав да му давам овошје уште пред да има полни 4 месеци, некако како да не ми напредуваше многу само со млеко (доста и повраќаше). Инаку, сме пробале доста од сезонскиве овошја, скоро се што расте кај нас - слива, круша, јаболко, праска, грозје, лубеница, вишна, цреша, а сега му воведов и банана (ама запек ми фати од неа, па ќе го поштедам малку). Матичниот педијатар ми рече порано да му ги воведам и бананата и портокалот, ама за портокалот ќе почекам до зимата, не мора да брзаме при толку голем избор на сезонско овошје.
    Му давам исклучиво пасирано, или директно му гребам од овошката со лажиче. Некогаш и му ја давам овошката да си го цица сокот од неа (посебно со праските и сливите). Блендер не сум користела освен за сливите, само рендам или пасирам и не многу ситно, сакам да го научам да џвака уште сега.
    Исто така, понекогаш со овошните кашички му мешам или ориз што сама го варам, или ставам две три лажички од Нестле житарките (ориз и пченка) за да го држи сит.

    Зеленчук

    Брокулата може да почнеш и сега да и' ја даваш, нема со тоа проблем.
    Ние сме пробале морков (не ми го сака; освен мешан со јаболко), компир, зелена тиквичка и брокула, сега ќе му воведам и карфиол. Од први октомври здравје, (на 6 и пол месеци) ќе почнам да му правам млечни каши од зеленчуциве со кравјо млеко по препорака на педијатар, и лека полека ќе му воведам и кисело млеко и јогурт. Се надевам дека нема да имаме проблеми и ќе ги прифати.

    Кога почнавте да му давате сокче на вашето бебе?

    Сок не му давам сега, иако почнавме со сокчиња, колку да го научам на вкусот на овошјето. Сакам да го научам кога е жеден да пие вода, а не сок, па затоа го избегнувам. А го правев така што ќе го испасирав овошјето и ќе го поминев низ цедалка.
    Што се однесува до кашичките, и јас преферирам домашно направени, ама кога не сум во можност, му давам од тегличка и сметам дека нема ништо страшно во тоа. Не се толку полни со конзерванси, барем не, ако ги прават на оној начин на кои нашите баби и дедовци, а и нивните предци ја правеле зимницата: со херметичко затворање на тегличките и вриење на истите со врела вода. Моите така и ден-денес прават зимници и тие тегли стојат и по две години.
    И секако, ако сакам да му дадам овошје кое го сака, а не му е сезона, искрено, порадо ќе купам кашичка да му дадам, отколку од пазар да ги купувам со сила зреени овошја и зеленчуци.
     
    Последна измена од модератор: 25 април 2017
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Кога почнавте да му давате сокче на вашето бебе?

    А некои мајки не ги мрзи, туку се информирани дека јаболките на пр. (заедно со праските) се овошки кои содржат најмногу ОТРОВНИ пестициди кои се неверојатно штетни за дечињата кои се во фаза на интензивно растење. Јас давав домашни јаболки за кои сум сигурна дека не се прскани буквално со ништо, кога ми се потрошија, купував кашички Хип, за кои се гарантира дека се БИО, односно овошјето и зеленчукот се непрскани и одгледувани се на чиста почва. Па така, јас можам аналогно на претходниот заклучок да заклучам дека има несовесни мајки кои парите попрво би ги потрошиле на шминки за себе, отколку на здрава храна за детето...
     
    На Majka987, scarlet, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Кога почнавте да му давате сокче на вашето бебе?

    Не сакав да навлегувам подетално, ама и тоа мора да се земи во предвид. Овде во МК сме среќни што сеуште може да се најде природно непрскано овошје (и зеленчук).
    Родителот треба само малку да се заангажира. (има селани кои произведуваат природно).
    И да, жално е што многу родители не обраќаат внимание што ќе им дадат на децата за јадење.
     
  7. kristijana88

    kristijana88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    10
    Кога почнавте да му давате сокче на вашето бебе?

    jas imam dve kerki postarata kerka ne ja doev bese na adaptirano mleko pocnav kasicki i sokcinaj da i davam na 4 polni meseci. a maleckoto koe ovoj mesec ke polni 1 godina ja doev megutoa ja dohranuvav i so adaptirano mleko pa pocnav so kasicki i sokcinja nekade okolu 6-tiot mesec dvete se prekrasni super napreduvaat. pozdrav za site mamicki i nemoj nikogas da slusate nikogo vie sami si znaete neli. jas sum mlada majka i veruvajte nikogas za nisto ne sum prasala nikogo se sum pravela sama pa eve imam super devojcinja nikogas nisto ne im falelo pozzz do site :)

    [mod-kirilica:33ujhv7m][/mod-kirilica:33ujhv7m]
     
    На sonce 27.03.2015 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Kашички

    Oд кога почнавте на вашето дете да му давате кашички? дали преферирате домашно приготвена храна или пак купечки кашички ? Kои купечки кашички сметате дека се најдобри? Jас сакам да почнам да го догранувам моето бебче но незнам со што да почнам.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339

    Јас почнав да му давам од 7-8 мес (од оправдани причини) инаку се препорачува и од 6 мес. Во суштина колку е јако мајчиното млеко и дали му е доволно на бебушот.
    Најубаво е сама да му направиш од свежо овошје или зеленчук. Јас практикував да му правам по дома единствено кога сме излезени тогаш купував. Ги обожаваше производите на Нестле и Хип.
    Се почнува со овошна кашичка па потоа зеленчукова. Како за прв пат се дава многу малку за да видиш како ќе реагира бебето (да не се појават алергии). Први овошја кои се водедуваат се јаболко, крушка, праска, банана во комбинација со морков.
    Од зеленчукови како за почеток почни со морков, компир, ориз, карфиол, брокула...
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас со кашичка почнав пред некој ден, разредена домашна направена од јаболка. Некои велат кашички после 5тиот месец, ама бидејќи на моето бебе не му е доволно моето млеко, а вештачко не може да помириса, крвта му е слаба (иако супер си напреднува), и морам некако да најдам нешто што ќе ги задоволи неговите потреби. Но и домашна каша не сака, па денес пробав со каша на Хип од јаболка, ја сака многу. Утре на менито ни е јаболка и банана.
     
  11. Plavuska.inaci

    Plavuska.inaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Мојот Лука за една недела ке полни 5 месеци ,и ние почнавме веке да го дохрануваме со густа храна и млеко 3 до 4 пати во денот. Почнавме со овошни кашицки дома правени и полека сега веке сакаме почнуваме да му даваме копир месо и тиква.Е сега многу искусни мајки и татковци кои имаат деца веке пораснати ни советуваат да му даваме месо Бифтек од теле земавме такво ама многу теско ни се вари скоро цел ден го вариме и сеуште мислам дека не е како што треба и верувајте не ни мозам да откријам дали е сварено пошто е такво како жилички кажете ми како можам да одкријам дека убаво сме го свариле не сакам да му дадеме нешто што не е сварено.Ве молам кажете ми како и од кога сте поцнале да му давате месо тиквичка и компир на вашите деца и ако има некој предлог за убава манѓичка од бифтече нека ми напише и кажете ми како да одкриеме кога е месото сварено.
    Поздрав и благодарам
     
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Месо мислам дека е рано да му даваш, се почнува со месо после 6,7 месец, продолжи со овошје, зеленчук уште месец два после почни да му даваш месо.
    А кога ќе почнеш ќе го исчистиш месото од жилите и не е потребно повеќе од 1 саат варење, повеќе од тоа се прави месото како ѓон, свареното месо со компир, морков или ориз ќе го ставиш во блендер да се испасира, така нема да има жилички.
     
  13. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Иако не сум мајка имам некои познавања :lol:
    Една моја роднина имаше книга не знам дали на доктор и ја дале или ја купила, во неа пишува се, од колку месеци што треба да јаде, каква храна буквално се.
    Таа му правеше домашни кашички од јаболка, круши, сокчиња од овошје и зеленчук. Баш се смеев кога цедеше сок од лубеница за да пие бебчето и сок од краставица :lol:
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Блонд, читам дека имате слаба крв....ќерка ми има 9 месеци и заради атопичен дерматитис немаме внесено ниту месо (на телешкото ми изреагира), ниту жолчка, ниту глутен или некои поспецифични цитрусни и бобичасти овошја, и за да е несреќата уште поголема, откако и се расипа стомачето заради алергиската реакција, ми одби СЕКАКВА храна освен 3 пати цицање + житарки 4 пати на ден (и тоа само безглутенските -пченка и ориз на Нестле) со адаптирано хипоалергено млеко на Хипп.
    На последниот месечен преглед пред некој ден направивме и крвна слика затоа што бев УБЕДЕНА дека детево ќе испадни анемично :( И замисли, од минатиот месец хемоглобин 110, сега имаше 134! :o
    Развлеков малце, ама муабетот ми беше: не секогаш преку разноврсната храна бебето ќе ги внеси витамините кои ние мислиме дека треба...таа храна ја воведуваме за бебето да ги учи вкусовите и да стекнува здрави навики за понатаму во животот. Житарките денес се обогатени со витамини и минерали и мислам дека МНОГУ придонесуваат за исполнување на дневниот внес на потребни вит и мин.
    Да не ме сфатиш погрешно, апсолутно не велам дека треба само житарки да му даваш на бебето (јас морам пошто ништо друго не ми јади), туку некако да го зголемиш внесот на истите во овошните и зеленчукови млечни каши со адаптирано млеко :)
    Поздрав и се надевам ќе ви се подобри сликата во најбрз можен рок :hug:
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.348
    Допаѓања:
    200.683
    Пол:
    Женски
    За месо е дефинитивно рано во 5 месец. Ќе почнете во 7 месец, и тоа прво водата кај што се варело месото, а после самото месо (блендирано или ситно сецкано). Обично се препорачува да се почне со бело пилешко или мисиркино месо оти се посни и лесно и брзо се варат, ама да не се претерува, оти богати се со хормони, освен ако најдеш домашни природно растени пилиња.
    Телешкото нешто подоцна се воведува, исто прво водата да му ја дадеш (на пример каша од компир и морков со таа вода). Кое месо, т.е кој дел е најдобар, немам поим, ама гледајте да е младо - побрзо и убаво се вари. Ќе почне само да се дели кога е убаво варено.
    На син ми почнав да му давам месо штом наполни 7 месеци, и тоа ситно сецкано, ама ептен ситно - ништо не му блендирам, затоа што сакам да џвака. Претежно како супа му го правам, со парчиња месо, рендан морков, малку путерче или маслиново масло и малкуцка магдонос.
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    101
    ние пред два дена почнавме со сокче,со кашичкиможе ке почнеме со полни 5 или понатака.Малата почнав да ја дохранувам со полни 6мес.
     
  17. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Знае ли некој каде можам да најдам meal plan за бебенца?
    Имам слушнато дека на бебето треба наутро да му се дава овошна кашичка на ручек зеленчукова а за навечер млечна. Дали вие по овој редослед ги храните вашите деца?
     
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас не се држам строго по правила. Најчесто се ориентирам според јадењето што го јадел претходниот ден. Сега бидејќи малку јаде кашички, му давам пола овошна пола зеленчукова. А се случува и еден ден да јаде само овошна или само зеленчукова.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.348
    Допаѓања:
    200.683
    Пол:
    Женски

    Во принцип да, ама зависи и од возраста на бебето. Млечните каши се даваат навечер за да го заситуваат и да спие подолго време без да се буди и да бара да цица (или да пие адаптирано млеко). Кај повозрасните бебиња може и покалоричен појадок да се даде, зависи од детето.
     
  20. Plavuska.inaci

    Plavuska.inaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Мојот Лука има 6 месеци го хранам со густа храна веке месец и пол,ме интересира кога можам да почнам да му давам Гриз ,во него дали има глутен незнам ама и да има глутен смее да се дава од 6 месеци напред ,како и да е тие што имаат искуство нека ми кажат од кога да почнам да му давам гриз на моето детенце.Не битни се правилата и прописите само искуството е битно затоа мајки со искуство пишете.
    Поздрав