Не, јас на пример просо купив од ДМ на Алнатура, киноа од Зегин на Виталија а амарант на мерка од Биокосмос!
Ставам по една супена лажица од било кое во 150 мл вода. Просото го варам десетина минути па го оставам да отстои уште толку во врелата вода. Киноата ја варам малку подолго, сѐ додека не се распукнат зрнцата а амарантот првиот пат го варев пола саат и некако не ми беше убаво разварен, вечерва го оставив да кисне до утре, па утре ќе споделам колку ќе се вари ! @slobodka , ова просо го користам цела година и за мене и му немам замерка, чисто, нежно и брзо се вари. Обично ѝ го блендирам заедно со овошјето и малку кокосово масло.
Bebeto ne ti e debelo voopshto, Bozhe Gospode proshireni zheludnici, dieti.. Shtom jadela po 200grama znachi i se jadelo sigurno ne si i butala zorle. I togash da si i namalela so jadenje ke plachela, i sega ako i namalish ke plache. Konsultiraj si se so pedijatar, ne tuka.. Odma imash dijagnoza tuka na nevideno
Нека си јаде бебе колку што и се јаде. И мојот беше така најважно му беше да си се најаде, целиот беше со образи и меше големо, па еве го сега 10 месеци и воопшто не е дебел, ама затоа не застанува мирен, многу е активен и целата храна ја троши. А поголема глупост од диетата за бебе нема слушнато. На 3 месеци педијатарот ми рече да го ставам на диета зошто накачуваше повеќе од кило ипол месечно и пиеше млеко на 2 саати. Кој гавол ме натера да ја послушам, од мирно бебе добив бебе што плаче нон-стоп , душичка цело време бил гладен, по 3 дена си продолжив по старо и ми се врати мирното бебе. Кога подразмислив јас со некое кило плус, мм со кило плус не сме на диета бебе ке го држам гладно, како па да не.
Здра мајки!!!! почнавме со цврста храна, варено јаболче, супер го прифати. Следно на мени планираме ориз варен.
Напредок имаме, од 2 лажичиња на 10 до 15 од кашичка. Јаде една овошна една зеленчукова кашичка и од двете по 10 лажичиња. Ни до пола кашичка не е тоа. Тоа и е цело јадење до 15 часот и јас стварно не знам како издржува Веројатно со тек на време ќе јаде повеќе. Ја оставам гладна, знам, ама мора да почне. Ужасно ми е мака. Правам овошје мешано за појадок, а ручек компир, блитва, морковче, или палента, морковче, кромид, или брокула со палента. Ништ ама ништо не сака. Ми дава надеж дека од 2 лажичиња на 10 отидовме, ама ич па млеко... пола ден...
Незнам дали е паметно на бебе во најинтензивен развој да му ускратуваш храна односно млекце. И тебе ќе ти се намали млекото и бебе греота да е гладно. Мојот до полни осум месеци не сакаше никаква др храна да прифати, освен некоја ептен слатка каша на база на банана, и тоа макс.сто грама у цел ден. Ама надокнадуваше со цицање. После преку ноќ смени почна да јаде се, и манџи, и житарки со секакво овошје, и месо, и јогурт/кисело млеко. Знам дека ти е заради враќање на работа, но верувај -кога нема да си дома нема да се остави гладна, паметна е таа. Нема мама-нема цице, ќе касне каша.
Не е заради работата... по препорака од доктор е. Јас одев дома на пауза да дојам, ама докторот рече дека така ич нема да јаде кога знае дека ќе има млекце. И затоа и не ја хранам јас, оти знае дека јас не давам јадење, млеко давам Ме вежба како што сака. А за развој мислам дека е океј, она секако си добива мајчино млеко после 3 саат, а веќе има 9 кила, што не е малку. И докторот рече како тебе, нема мајка ќе мора да јаде. Инстинкт.
Мајки едно прашање? дали е паметно да се направи кашичка, да се замрзне и потоа даде на бебуш. Конкретно зеленчукова со мевце. Искрено се мислам вонедела барем две три каши да сварам и замрзнам за преку недела зашто ќе има денови кога ќе немам време а не ми се остава обврска на друг? Значи за кога ќе тргнам на работа ова. си велам ако можат готовине каши несмрзнати да седат, и на димашно смрзнато ништо нема да му биде? мислење?
И мене нешто слично ме интересира. Јас од вечер правам кашички за следниот ден. Ги чувам у фрижидер и саат време пред јадење ги вадат од внатре. Во ред ли е така?
Па и мене ми е заради тоа. Треба од вечер да се прави. Ама понекогаш ете нема да сум во можност, имам и друго дете други обврски. Си купив бебешки тањирчуња со капаче за зажрзнување. Така планирам па ако има некој позитивно или негативно мислење околу ова би сакала да сподели.
Секако е најдобро свежо ама сега ако немаш можност ќе си смрзнеш. А нели можеш и да ги ставиш во теглички и да ги вакумираш како купечките? Мене ми треба совет, утре не ќе можам да му направам кашичка па сакам да купам. Да ми препорачате од која марка, која е со помалку додатоци?
Да ти одговорам гледам дека и @Cka ја интересира истото: не сум замрзнувала така, ама по логика на нештата кога веќе приготвена каша ќе се замрзне, по одмрзнувањеро ќе пушти вода и ќе мириса на зеленило и ќе личи на се освен на пристоен оброк за бебе. Е сега идеално би било ако можеш да вакумираш/пастеризираш, јас така правам кога треба да патуваме негде и потоа само подгревам, додавам нешто ако сум планирала така и блендирам. На пр, варам телешко со кромидче, морковче и лукче. Кога е сварено мевцето додавам зеленчук од типот грашок, боранија, пашканат, целер и сл (но никако компир, брокула итн.зашто се токсични кога се подгреваат) и оставам уште некое време да се свари. Потоа врело ставам во стерилизирани теглички од каша, затворам убаво и оставам неколку часа во релна на 100 степени. Оставам да се изладат внатре и потоа кога ќе притиснеш на капачето се вдлабнува како кај купечка каша, што значи ибаво е вакумирано. Вчера најдов у фрижидер едно тегле заборавено од пред незнам колку недели, го ставив во нашиот ручек супер си беше. Ако ви е за пократок период (пример 3-4дена) немора ни во релна да ги ставате. Голема е веројатноста дека ако се убаво затворени и во чиста тегличка ќе се вакумираат и без тоа. Се надевам ви помогнав. Инаку за овошје освен свежо не признавам никакво, мн бргу оксидира, менува боја, текстура и нема фајде.
Ок е, само да не се блендира. Блендирање пред да јаде. Инаку и јас пастеризирам понекогаш мевце кога ќе сварам поголема количина, слично како @*цветче* , делам во помали теглички по едно мевце плус врелата вода во која се варело и веднаш затварам капакот, чекам да се олади па ставам во фрижидер. Така имам спремно месо за цела недела.
Да, така може. Но избегувај компир и др зеленчуци кои не смее да се подгреваат. Нив нека ги додаде тој што ќе ја притоплува манџичката, и така се варат за 15 мин.
Неуспешно...го киснев цела ноќ па го варев пола саат и пак киснеше уште малку и пак ми беа цели неиспукани зрнцата и за разлика од киноата многу по тврдички. Дури и после блендирањето се осеќаа. Се мислам да сменам од друг бренд, да не е до рокот или нешто слично. Немам искуство дали таква треба да биде оти и јас сега го воведувам!