Можеш да почнеш втпр оброк. Телешко месо преку еден ден, а некои го препорачуваат 5 пати неделно. Јас давав цела кашичка колку ке сака бебе-толку. Останатите денови ориз или компир како база со разновиден зеленчик како морков пашканат лук кромид тиквица итн.
Женче, јас не би ти препорачала да замрзнуваш за бебе. Јас за мене не сакам смрзнато па одмрзнато да јадам, а не па за бебе. Ги губи хранливите материи, а свежо кога ќе го дадеш нормално си прима сė што му е потребно. Ова според мене. По маркетиве кога пазарам кај месото, слушам велат ' за бебе дајте ми телешко/пилешко'. И btw во четврток исто имам слушнато дека во Тинекс носат домашно пилешко. Јас со телешко ќе почнам наредна недела.
Да да купено свежо ама дали може да се свари и замрзне тоа ми беше прашањето зошто на телешкото му треба време да се свари
За почеток не мрзни, нема да вариш ти кило месо, ќе свариш 50гр, за максимум пола саат ќе се свари,нека е и час ама нема да треба толку многу. Јас не би варела на почеток и да мрзнам, само свежо. Нека зајаде се убаво па после здравје ќе мрзнам, ќе давам од два дена стоено и слично. Јас сеуште месо не сум му дала на синко, давам вгор оброк ама тоа е зеленчук со житарки, рано ми е за месо, има 7м и неколку дена. Вчера јадеше компир со тиквица и морков. Денес ќе јаде ориз со карфиол и морковче малце. Ставам помалце морков преку недела а еднаш неделно и по 2 морковчиња, ама младо морковче, големи се колку мало прсте и толку и тенки.
Здраво мами ние сме 5+ м по препорака на педијатар пробавме вкусови, овошје сакаме, зеленчук никако..сега се мислам дали да воведам еден оброк и што да и правам.. Совет од поискусни мами. Ви благодарам.
Јас одев по тој принцип, прв ден да проба, вотр ден да касне повеќе малце, пола кашичка, трет ден му беше замена за оброк веќе. Тоа првите десетина дена, после кога желудникот му се навикна на друга храна давав и повеќе на да јаде. Што значи да не речам од почеток почнав со замена на оброк освен оние прв ден кога пробуваше само од вкусот. На 6м веќе имаше заменето оброк со кашичка. Омилената кашичка на синко спремна. Да ви дадам идеа, ако не ви јадат карфиол, топ комбинација ви е карфиол, морковче, јаболче и малце оривче, може да се удави во оваа кашичка, ја обожава. Туку ги дојадувате кашите од бебињава? Мене ми е многу грозно да јадам каши, смути пијам ама кашиве не ги можам, мм нешто дојадува нешто не, јас не вкусувам освен кога ќе изблендирам да не има некој лош вкус ама допирам до јазик само. Многу сум безвезе за кашиве.
Ау не можам да лизнам не да јадам, јас сум многу прибирлива..инаку и јас исто темпо како тебе почнав пробавме што птобсвме солено неќе воопшто, морков, тиквичка, компирче и не знам што да правам Со варените кашички, а оброк не сакам да и заменам со овошна кашичка а со обошните си немс мака си ги лапка.. Многу ти благодарам!
Доручекот ми е секако овошна каша, ама сега веќе во зеленчуковите ставам малце маслиново и кромидче и ги јаде. Знам и да убутам јаболче некаде, па супер прифати. За нешто се мршти ама јас сум поупорна од него. Не се сеќавам колку има малото, ама пробај тоа што не ти јаде да замаскираш со тоа што јаде, пример мене на полеток тиквичка и морков не ми јадеше па маскирав со јаболче и така и продолжив. Пробај со тиква, со јаболче, со крушка...
Изгледа само моево е лапач. На 5 м. од денес почнуваме со доручек и ручек. Доручек авокадо и јаболко, ручек тиква и тиквица. Се' изеде
Незнам,немам ум...И да слушам и да не слушам педијатар ќе се каам. Сокчето кога му го давав му заменуваше оброк, е сега ако подобро размислам подобро кашичка него ли сокче