@slobodka кога ќе подразмисли човек богами и ќе се запраша. Баш вчера во маркет гледам круши па дека ќе ми требаат сега зедов една да ја видам каква е. Абе каква боја убава имаше без ниедна дамка светеше. Си реков нема шанси ова да е природно толку совршено. И баш заради тоа не зедов. @simonka93 Јас не си замрзнав летово грешка направив, а сега нема ни сливи ни праски па ни кајсии затоа се мислам што и како да направам. @joy1 а што мислиш за суви сливи и праски пример? Поздрава варијанта се од купени кашички? Да ги варам и блендирам или неможи така? И фала ви на сите за одговорите ама неискусна мама
И не знам дали овде има наспиена мама Можеби му е ладно или топло,грчеви,запчиња или не му се спие,мојата се буди да си игра навечер,па за млеко па ладно и е и ја земаме со нас,па топло и е Немора секогаш да значи дека е гладно Мојата е 7+ има 7кг. па не ја форсирам онолку за јадење
@Верче4 ако се без шеќер,може секако. Ама колку што имам читано, ретко ги има. Ако знае некоја феминка кои се без шеќер нека каже
Купив ад млеко мислејќи дека ќе го пие барем навечер за да ја држи подолго но не го прифати ниту нан ниту аптамил ниту хип, така ми останаа сите. Почнав да ги користам во кашички но тоа е само по едно лажиче, поминаа 4 недели дали може уште да ги употребувам во кашички или да ги фрлам, нели не смеат да се пијат после 3 недели???
Најверојатно мисли на сушено овошје. И мене ме интересира од кога може суво овошје да се дава, еве на пример слива и кајсија, смоква, урма и сушено има скоро од секое, ананас банана, папаја, манго, праска, портокал, брусница, аронија....
Сува слива и кајсија прв пат дадов околу 7 месец ама не ги сакаше,бидејки оставаат парчиња во кашата.Веројатно не ги мекнеев доволно. Смоква,урма,аронија дадов на година А брусница околу 8 ми месец Папаја банана и порткал сув немам дадено
Нашиот педијатар ми рече да му давам на синко компот од суви сливи и во него да има лажичка шеќер за да може да кака полесно. Рече дека ако е без шеќер нема да делува. Јас му дадов еднаш и одма се искака неколку пати ама до година несакам да му давам шеќер. Во ред ли е да прима преку компотот?
I jas ic ne sum za seker a pedijatar nemam prasano. Majka mi vika jas koga sum bila bebe i vikale da mi dava voda so seker...e aj sea
Од болница ми викаа да му давам шеќер и вода заради жплтицата дека предолго ја имаше. Исто имам и роднина што работи кај недоносените деца и ги ранат на4 часа и ми вика ако порано почнат да плачат речено им е да им дадат блага бода за да ги засотело.[/QUOTE]
Мајки дајте идеи за вечера. Синко за 3 дена полни 9месеци,и некако се тоа па тоа го давам. Што се може да се воведе со полни 9 месеци, да сменам малце.А и леб од кога дадовте? Поздрав мајки, убави соништа
Ми понудија габа кефир, од кога можам на бебуш да му давам. Инаку се прави со кравјо млеко, всушност му доаѓа како да се кисне, како кисело млеко што се прави подквасува дома. Ако може мислење да споделите. Секакви коментари се добродојдени @Love86 има тема со рецепти, можеш таму да видиш, се наоѓаат доста интересни идеи.
Од кога се започнува воведувањето на млечни производи Видов некаде од 7 полни се почнувало со кашкавал или??
Добро вечер.и ние почнавме со дохранување.синко има 5+.колку количински треба да му биде оброкот.една недела веќе му давам по 60 гр,ама плаче сака уште.малото тегличе е 125гр цело да го изеде или како?
Што точно може да јаде бебе од 5 месеца ние утре правиме и немам намера да ја носам кај педијатар да ја мерат и да ми кажат што да и давам бидејки ми е страв од вируси па потоа да си имаме главоболка