^ А да пробаш место шише со цуцла да и дадеш шише со меко клунче? Мојава исто така никако не сакаше да ја прифати цуцлата, а еве сега со клунчето гајле си немаме.
Мајки оние цуцлите со мрежичка од кој месец почнавте да ги користите?Дали од како почнавте со цврста храна - оброк или пред тоа кога само пробувавте вкусови?
Ејјј и јас сакам да купам такви цуцли (а не знам ни како изгледаат ). По колку се во Зегин и како да ги барам...како хранилка со мрежа?
Мајки може е глупо прашањето ама навистина не знам Дали има разлика од маслиново масло и ладно цедено маслиново масло и ако има кое вие го користите за вашите бебушки?
Уф јас незнам дали има разлика но ке кажам вака.Ладното знам се користи само за прелив,салати,каша но со него не се пече,пржи ,вари може да биде токсично.Не трпи термичка обработка.Дали покрај ладното има и друго незнам никогаш не сум побарала
Јас мислам дека ладно цеденото е почисто, баш од маслинки и при добивање не е термички обработувано, а и дупло поскапо е од само масл.масло. На google можеш да прочиташ повеќе. Јас користам ладно цедено ( верџин оил) на Александрос.
Од кога се дава пасирана храна а не блендирена? Некои јадења и ги пасирам (банана, компир) но повеќето го блендирам. Имаме две запчиња и мислам дека не играат никаква улога во џвакањето, а прави бебушка некакви движења на џвакање и дури смешна ми е. Имам слушнато дека многу бебиња се навикнуваат на блендирана храна и подоцна прават проблем кога им се дава пасирана. Како им ја давате храната на вашите бебиња и од кога треба да се премине од блендирана на пасирана храна.
Најдобро е од сам почеток да се пасира, да се навикнуваат на текстури. Месото може да се блендира, или пак уште поубаво, да се исечка со нож на ситни парченца. Јас не блендирав воопшто за син ми. Само смутито го јаде, т.е пие, друго се си јадеше пасирано и сецкано. За брзо време почна да јаде без пасирање и сецкање. Почни со пасирање на зеленчукот и овошјето, ќе почне да прифаќа, штом прави движења на џвакање.
Компир, морков, тиквица.... не блендирав, туку пасирав. Праска, месо, спанќ морав да блендирам бидејќи се давеше на почетокот.
Не, барем јас не се одмолзував. Го доев малиот кога сакаше и колку сакаше, небитно дали пред тоа јадел или не.
Не. И др.оброци кога ќе воведеш нема потреба за одмолзување, треба градите да се навикнат на тој начин на продукција на млеко.
и јас не се одмолзувам , ама некои денови значи не секој ден , цица на 5/6 саати и градиве мислам ке ми пукнат.Му нудам но не сака да цица почесто. Сакав да прашам од кое кисело млеко/јогурт сте задоволни и им давате на бебушките? павлака од кога воведовте ?
Jogurt pocnav od 9 meseci onoj cvrst jogurt na zlatni bregov, so tecem posnav na 9.5 na bucen kozjak. Pavlaka pokasno 11. Izvinete lat. od mob. pisuvam
Прирачников е направен 2012 година. Не е малку прерано за жолчки, белки од јајце, риба...??? http://www.healthrights.mk/pdf/Vest... правилна исхрана на доенчиња и мали деца.pdf
Пишува риба и јајца од 9 до 12 месеци. Не е доцна, јајцето треба да се воведе пред вакцината на 13 месеци, а риба на 9 - 10 месеци може да се воведе. Жолчка со полни осум, не видов како пишува во прирачникот.