На друг форум имам прочитано дека некои мајки го даваат од 6, некои од 8. Моето бебуле има 5,5 месеци, денес му дадов и храна што има глутен.
Која храна содржи глутен,знам дека се пишкоти за бисквити не сум сигурна само знам дека не е убаво да се јаде мед,во некои пишкоти има и мед.Само кажете ми ве молам која храна има глутен што му ја давате на вашето бебенце
Во почетокот на исхраната со тврда храна, вашето бебе ќе треба да научи дека храната има поинаков вкус и структура од млекото, дека храната не е веќе течна и доаѓа преку лажичка. Првата храна што треба да му се понуди на детето треба да биде со благ вкус и да биде измешана со млеко што вообичаено му се дава или да биде сварена, но секогаш да биде што потечна за да може лесно да се вшмука од лажичката. Исто така првата тврда храна не треба да содржи глутен во својот состав. Глутенот е протеин што се содржи во составот на цереалиите, пченицата, 'рж, овес и јачмен и некои бебиња се осетливи на него. Во почетокот вие можете сами да си припремате тврда храна за вашето бебе, но можете и да изберете некој од готовите бебешки оброци. Доколку сами ја припремате храната, внимавајте да не додавате ниту сол, ниту шеќер во неа, ниту пак да користите мед за засладување на храната, барем во првата година, заради тоа што во медот може да има одредени спори што ќе предизвикаат сериозни заболувања на бебето (бебешки ботулизам). Безглутенската храна, односно соодветните производи на HiPP, припремени со органски состојки, се препорачливи за почеток на исхрана на вашето бебе со тврда храна. случајно го најдов на страницата на Hipp мислам дека ќе помогне
На секоја храна за бебе пишува дали содржи глутен или не. Јас во една книга прочитав о година без глутен, ама еве ве читам и како што разбрав од 8 месеци смее да се дава. Сакав џиџи бебе да и давам бисквити, ама имаа глутен и тогаш само една бисквита и дадов. А што е со храните, пудинзи за бебиња што се на пример 6+ а пишува содржат млеко. ДАли смее тие да се даваат иако еббето освен цицање и адаптирано не почнало со друго млеко? Сакав да ве прашам и кои на пример ноќни оброци им ги давате на вашите бебиња, некои да ми препорачате? (моето има 8 месеци)
Со производи со глутен почнавме некаде малку пред да наполни 8 месеци. Гриз му немам дадено (има 9 месеци), јас не го сакам, можеби заради тоа Дарла, јас за вечера на син ми му давам или лепче со јогурт или кисело млеко (попара) или ванилино каша, или пак овошен јогурт со кексолино или мелена плазма. задолжително со лажиче мелено ленено семе (се дава од полни 8 месеци - за имунитет, омега 3 масни киселини и редовна столица). Понекогаш му давам и лепче со путер и несолено крем сирење, ама тоа повеќе за појадок го сака. Има готови ноќни каши на Хипп во теглички, а има и каши што се приготвуваат со вода (во кутии се). Изборот е твој. Пудинг немој да купуваш, освен оние бебешките што се, можеш сама дома да си правиш (100 мл млеко и две лажички мелен ориз се варат додека се згусне - додаваш кафеав шеќер по вкус, малку ванила, или пак, едно чоколатце „Животинско царство“ - син ми го сака, ама му правам ретко). Што се однесува до медот, не смее чист да се дава, а оној што го има во плазма кексите е обработен и не би требало да предизвикува проблеми.
Вчера прв пат и дадов ноќна каша од хип, со вкус на јаболко и добро е, ја јадеше А денес прв пат пак џиџи бебе 3 бисквитки во каша од јаболко и круша. Сега уште лепче да ја научам. Ама лепче во адаптирано млеко можи да се дава како попара?
Може лепче и адаптирано. Можеш и кисело млекце и леб. Патем, ние утрово прв пат пробавме ноќна на хип со вкус на јаболка,не ја сака само кашата.Му додадов бисквити-ја изеде А моето бебе многу сака да јаде сув леб може и цело парче да изеде
Ве молам да ми препорачате адаптирано млеко,зошто ние се доиме, но сакам да му давам и млечни каши но немаме искуство со а.млеко
Јас треба на мојот син да му давам веке глутен затоа ме интересира во што има глутен за да знам да му дадам,му купивме кекси од Милупе детски за од 6 месеци натаму ама тие не се убави немаат никаков вкус и не се топат во млекото.Читам сте напишале Плазма какви се тие Плазма они за восрасни или има некои други затоашто тие што се за возрасни имаат мед а тоа не смее.И ве молам кажте ми кога почнавте да му давате кисело млеко , павлака на лебче ,путер .леб попара со млеко јогурт - каков јогурт ....... Поздрав
За да не ја полниме темата со оф топици, отворив нова тема bebe/bebeski-recepti-t9849/ Плавушка, Плазма точно дека имаат мед, ама тој мед е преработен (така некако ми го објаснија) и бил безбеден за бебињата. Aннатх нека се јави на темава, она најдобро ќе објасни Кисело млеко јас му давам домашно потквасено. Исто и кравјо млеко му давам домашно или адаптирано Аптамил (наизменично му давам, еднаш такво еднаш онакво). Мислам дека препорачаната возраст за кисело млеко е откако ќе проба кравјо млеко (после 6ти, 7ми месец). Бидејќи јас порано му дадов разредено кравјо млеко, и порано почнавме со киселото. Тогаш имаше 5 месеци и една недела старост. Сепак не му давам многу често, два пати неделно ни е на мени кисело млеко. Бибип јас би ти препорачала Аптамил, многу е слатко, дури и јас го бендисувам она на Хипп некако многу ми смрди, исто и Новалак некако ми мириса непријатно.
И јас „гласам“ за Аптамил Прво и давав Хипп, ама тешко ни пдеше, а мене на крај памет дека не и е убаво млекото. Ми предложија да и го сменам, па се одлучив за Аптамил (демек како најдобро) и коа му влезе, ненаситно Да се рватам на темата, краставица кога е дава? Сакам да и направам во соковник сок од краставица. Кога почнавте вие?
Плазма кекс можеш да му даваш, тој мед што го содржат е во незначителни количини и преработен, што воопшто не се споредува со оној мед што се продава во тегли. Исто така, ако родителите немаат проблем со алергии на мед и слично, тогаш најверојатно ни детето нема да има проблем со медот, па може да го јаде и пред да наполни година дена, но никако пред полни 9 месеци (тоа важи за чистиот мед). Путер му давам откако почнавме со зеленчукови кашички - значи од некаде 6 месеци - несолен путер (најдобро Президент или путерот на Збрегов). Павлака не се препорачува рано, бидејќи има доста конзерванси, јас уште му немам дадено на син ми, а веќе има полни 9 месеци. Попара со јогурт и кисело млеко му давам уште од 6 и пол месеци, и тоа му е омилено јадење. Путер, лепче и несолено крем сирење исто му е едно од омилените јадења Какво ќе биде млекото или јогуртот, тоа зависи од вас, каков купувате најчесто. Јас купувам битолско кисело млеко, а јогурт или Дукат или битолски.
Леб јас почнав од 6-7 месеци да му давам, прво само мекиот дел, сега веќе и корките сам си ги јаде. На почеток не мора многу да даваш, колку да проба, а после повеќе. Можеш за ручек во домашна супа да и го растопиш, па така да го јаде, или со кисело млеко, или пак мачкан со путер и крем сирење (мојов така најчесто го јаде).
да ве прашам нешто му купив на син ми кашичка на HIPP од банана и манго ама како што сте пишале гледам дека не било добро а на кашата пишува за 4 месеци исто му купив и јаболко и шипка и болоњезе каша пишува дека е за 4 месеци ама мене некако чудно ми е бидејќи болоњезе е со мелено месо од кога почнавте ве да му давате на вашето бебе вакви кашички?
Ако не сте почнале со дохрана, најубаво е прво да почнеш со сокче од јаболко и тоа со две-три лажички колку да се навикне на вкусот. И тоа дома да го направиш сама, ќе го изрендаш јаболкото и ќе го истискаш низ цедалка за чај, ќе добиеш сок кој ќе го разредиш со малку вода. А што се однесува до тие кашите - ретко давав такви од теглички, освен кога ќе бевме излезени. Преферирам свежо овошје (зависи од овошјето додуша, и дали знам од каде потекнува). А мешани каши од повеќе видови овошја се даваат кога веќе ќе ги има пробано сите поединечно. Болоњезе кашата на ХИПП и јас ја гледав и се чудев - но никогаш не би му ја дала на моето дете - нема шанси од 4 месеци да му дадам исхрана што содржи глутен или месо, мало е се' уште. Без разлика што пишува на тегличката дека може.
Јас кога и дадов кашичка од ХИпп , таа со шипка што е, како да се исфрли. Уште не знам дали од кашичката, ама ...Последно време и спремам и јас дома,помалку кашички готови. Сега омилено јадење ни е брокула со кисело млеко Денес планирам прв пат малку лепче да и дадам .
почнаве ние со дохрана веке еден месец. E сега баба му купила такви кашички али мене некако чудно ми дојде знам месо после 6-7 месец затоа се зачудив кога видов за 4м. син ми повеке сака домашна каша излеа му е поблага од самите шеќери во овошјето е сеа мака мачиме со зеленчуковите ич не ги сака ама му фатив тактика му ги мешам со овошни. џуџево мое јаде по цела тегличка на едно јадење а ако му дадам помалку плаче вишти косата си ја кубе гладна година
Велат дури 15 пати не ти го одбие јадењето, не се откажувај Мојава пак одма ги прифати зеленчуковите, додуша компир сам по себе не го јаде или ако има пченка во кашичката, исто не ја сака. Сега кога ја научив дека многу сака кисело млеко, и трам во секоја кашичка по 1 лажица. Ама прво упорно пробувам да ја натерам да јаде без кисело млеко.
Здраво,јас сум нова на форумов,па еве и јас нешто да кажам.Синчето ми има 4 ипол месеци и почнав да му давам прво сокче од јаболче,значи свежо домашно рендано па цедено на цедалче,прво 1 лажичка јаболко со 2 лажички вода,па постепено му ја зголемував количината.По една недела воведов и морковче на истиот принцип за да покасно му ги давав заедно и немаше никаков проблем.Вчера бидејки бевме излезени му дадов готово сокче од јаболче и морков.Го испи без проблем за да понекое време целиот се вознемири,почна да плаче,се вцрви во лицето и се виткаше го болеше стомачето.Дури доцна ноќта се смири.Ова многу ме вознемири и со мисла сум повеќе да не му давам готови сокчиња.Што мислите за ова?