@Cacuvche јас не ти реков никаде ад да даваш или сакаше да кажеш дека педијатарот за во каши ти дозволил кравјо? Јас знам дека по малку за во каши не е страшно ама мене ми рекле после 9.
Не, туку дека има опција со ад или со молзено затоа напишав ад. А само за во каши ставам инаку си цица.
До сега имаме пробано: јаболко, круша, морков, тиквичка, банана и мелен ориз. За неколку дена ќе полниме 6 месеци. Планирам од Нова година да продолжам со други вкусови. Прашањето ми е, што смеам да дадам од овошје и зеленчук? Од житарици? Исто така ме интересира дали, како до сега, да дадам само од новиот вкус или може да измешам со тоа што до сега имам воведено, па така да и давам три дена? (се надевам ме сфативте )
Се што ќе внесеш ново по 3 дена нека трае ако сакаш можеш да го мешаш со суровини што сте ги поминале.
Кога може да воведам праз, имам домашен, и како да го подготвам? Имаме скоро 9.5 месеци и досега имаме воведено: јаболко, круша, банана, праска, тиква, јапонско јаболко, слива. Од зеленчук: компир, морков, тиквица, кромид, боранија, брокула, спанаќ. Имаме воведено и ориз, овес, гриз, палента, жолчка, кисело млеко, јогурт и пилешко домашно месо. Што друго можам да додадам, што е во сезона сега? Имам и домашна урда, од кога можам да почнам да и давам?
Празот е прилично тежок за стомакот, па не знам дали е добро толку рано да се воведе. Јас дадов после годинка. Урда можеш да дадеш, ама несолена, измешај со жолчка од јајце, или пак со палента, ама потечна малку направи ја палентата. Инаку, може со тестенини без јајца и малку јогурт да ја дадеш. Може грашок, црвена леќа да воведеш, кромид и лук исто така, ако имаш домашни пиперки замрзнати од летоска исто може. Телешко месо, поточно јунешко е подобро, исто може да дадеш. Пашканат, магдонос, нане, целер - како зачини за зеленчуковиот оброк. Пробај сладок компир штом веќе сте пробале тиква, ќе го сака (инаку тиквата е зеленчук ). Многу си подранила со јапонско јаболко, се дава после година. Друго овошје што може да го дадеш се аронија, боровинка и рибизла (не спаѓаат во групата на алергени овошки како јагоди, капини и малини). Костен исто може да дадеш, ама малку потечен да е (со млеко помешан најубаво, оти сам по себе костенот е прилично леплив и тежок за голтање, па да не направиш проблеми. Ако не ти се брза, почекај. Тоа ми текна сега, ако ми текне уште нешто ќе допишам.
@Annath за аронијата мене ми рекоа после година а сакам да давам по две три црнца во овошните кашички, може после 10 месеци и сува аронија? А рибизла и боровинка може купечки замрзнати? И најголемата дилема ми е околу житариците? Колку пати неделно може да се даваат на пр.киноа, амарант, кус кус, просо, овесни и пченкарни снегулки? Благодарам
Аронија, рибизла и боровинка може од 8 месеци, пошто не се алергени. Замрзнати најубаво, сушени ако имате прво да бидат добро накиснати и измиени, па после да се дадат. Исто може и урма да се даде, само излупена и исчистена, место шеќер, и да не се претерува со количина. Кај сувите овошја важи за сите исто - убаво измиени и накиснати. За житарките - овес давав секој ден, за појадок, сега само за викенд. Просо не сум давала, а амарант, хељда и киноа давав од секоја по два пати неделно максимум (после година и пол, оти тогаш ги открив). Синко најмногу хељдата ја сакаше, сега одамна не сум му направила. Кус кус, давам три-четири пати неделно, многу често го јадеме и ние периодов. Кај бебиња до година до два пати неделно е доволно. Важна е разновидноста во исхраната, кај бебиња и мали деца, од се по нешто, ни премногу ни премалку. Она од што не отстапувам секојдневно е утринското смуди/смути на гладно од овошје, спанаќ кога како, и семиња. За викенди мешам со житарки, чист овес или мешани (јачмен, рж и овес), какви имам дома.
Фала @Annath . Јас вчера и ставив неколку кругчиња праз во зеленчуковата каша, незнаев дека е тежок за стомачето. Сепак немаше никаков проблем. Два пати до сега имам дадено јапонско јаболко, домашно од комшиите и среќа немавме никаква реакција. Наредна контрола ќе се консултирам со матичната. Инаку овес давам скоро секој ден, или во доручекот или во вечерната каша. И 3-4 пати гриз мешан со некое овошје ( бидејќи така не го јаде) за вечера.
Јас пак мислам дека може да даваш почесто, што знам. Секој ден еден оброк содржи житарка, секој ден различна. Така прави си. Сметам дека житарките помагаат и за регулација на работата на системот за варење. Кај син ми барем има врска, прилично помагаат, особено овесот. Преку недела му давам навечер, а за викенди наутро. Таков ред имам воспоставено. Гриз и палента скоро и да не давам, за гриз може ако ми побара, палента не. Ориз исто ретко јаде, ама во принцип, гледам да не се повторувам со јадењата во градинка, да не му дојде премногу еднолично.
јАпонско јаболко дадов од 6 не е рано, а за боровинки и тие исти како рибизли и цитрусни исти се како јагоди после година не брзај имаш и на фб група за здрава храна за бебе види ќе видиш.
Злато, јапонското јаболко е хибрид од цитрус со друго овошје (мислам со јаболко,ама не сум сигурна), затоа оди после година. Боровинки и рибизли не спаѓаат во иста група со јагоди, малини и капини, НЕ се алергени, во никој случај. Цитрусите дефинитивно одат после година. Групите на ФБ ги немаше кога воведував цврста храна во оброкот на син ми, па се советував со педијатри. Не им е нив струка познавање на овошје и зеленчук, ама овие што ги консултирав имаат познавање за исхраната.
Покрај тоа што содржи витамин Ц за ова време доста погодно против настинки, а и сезона им е ќе треба тек другата година да се чека за нив значи не е алерген како рибизлите и ЦРВЕНИТЕ плодови кој секој педијатар ги препорачува по година дена како и медот и цитрусните овошја.
Вистина дека откако почнав да давам житарки и се регулира столицата, претходно мака мачевме. Ориз не давам ни јас, скоро 9.5 месеци е дали три пати јадела. Гриз воведов минатата недела а палента обожава, дури и кога ја мешам и со овошје, за со кис.млеко не правиме муабет.
@Cacuvche во ред, терај си, како мислиш, така прави. Јас се водам и по видот на овошјето, а не само по бојата и формата (како што гледам, има правило за црвено и бобичасто овошје). А знам и дека јапонското јаболко делумно е цитрус, па од таа причина не би го давала пред година. Ако ти е доволно дека докторката што ја наведе смета дека треба да се јаде јапонско јаболко од 6 месеци, слободно давај, ич не му се мисли. И слободно чекај со рибизли и боровинки, твое право. Јас само кажав како се даваат според возраста. И во повеќето групи за исхрана за бебиња јапонско јаболко е продукт означен со 12+, а боровинките и рибизлите, заедно со аронијата се даваат од 10 месеци, иако може од 8. Додека со цитруси и јагодесто овошје се чека 12+, па дури и 18+.
Убави се и ги сакаат плус се витаминска бомба а и не се ХИБРИД како што имаше некој спомнато туку некој вид на роза ги одгледуваат во северна америка како каки или персимон.