Почнав да барам по форумов, ама многу има за барање, а јас немам толку време па да си прашам. Кога е најдобро да се почне со кисело млеко? Читав најразлични мислења... Исто сакав да ве прашам и за трет оброк, што да давам како трет оброк? Ние сме само на домашни кашички, купечки сум дала два-три пати максимум. Од овошје не јадеме ништо, од зеленчук јадеме се што ни е воведено досега. Од житарици имам дадено само киноа во комбинација со овошје ама немам шанса-не го лажам за овошјето никако.
@zuto мене педијатарка ми рече уште од сега (6 мес.) дека можам да и давам кисело млеко, но и јас читајќи многу мислења заклучив дека треба да се почека, барем до 8ми месец. И ќе почекам. Вие знам сте малку поголемки од нас. За трет оброк (вечера) ме советуваа житарки да давам бидејќи тие подолго (до сабајле) ќе го држат сит бебушот.
Фала Китен Ќе почекам и јас со киселото млеко, само совет кажете ми дали е подобро сама да си потквасувам или може и купечко? За ноќните каши дали да ги правам со мое млекце или некои купечки да земам?
Подобро потквасувај (така рече и докторката), ако можеш да најдеш и домашно млеко уште поубаво. За ноќниве каши како ти одговара, така.
Се согласувам со Kitten дека за 3 оброк најдобро е житарици.Јас досега му имам дадено ориз,палента,просо и хељда значи безглутенски.Кисело млеко слободно можеш да даваш а со палента е највкусно.Ние ги одложивме млечните производи поради дерматитот.
@zuto За хељдата прочитав 100 различни мислења од кога да се почне па одлучив од 7 месеци да ја дадам.Синчето мое многу ја сака а и не ја давам така често а многу е здрава.
Jas so kiselo mleko pocnav na 6 meseci. Super go jade i cisto i vo kombinacija so banana, palenta, spanac... domasno go kvasam
Да ве прашам мелениот ориз со АД млеко како го подготвувате. Нели млекото не треба да се вари? Оризот да си го сварам со водичка, па после да му додадам АД млеко? Нема да биде многу течно?
Ние веќе направивме годинка, но јас се уште не сум дала благо кравјо млеко.. Јогурт, павлака и кисело мл. да... Се уште си цицаме, а имам и млеко за да се одмолзам и да ставам во кашичка, бисквитки. Матичната вели штом имам млеко да не давам.. Си велам да ја послушам. Во принцип кога воведовте? Сите деца се различни да, но отприлика...
И јас имам многу млеко на 2 саати цицаме па воведов на 7 кравјо само за плазма и каши, а и сирење отсолено за палента.
Кисело млеко на 7 месеци се воведува...Мислам дека и овде на форумот повеќето мамички тогаш имаат воведено, и јас тогаш и дадов.
Кисело млеко по 7 месец воведов, постепено и др.ништо од млечни производи не сум дала. Планирам после 10 и пол месеци и некое сиренце да воведам, моцарела бејби може.... @zuto за трет оброк јас давам палента со кис.млеко, ретко давам млечни каши од хумана, житарица со кис.млеко или малку авокадо и сл.
Пробав да му дадам кисело млеко малку и не можам да ви опишам колку му се бендиса. Се тепаше за да му дадам пак. Ама само неколку пати му дадов да лизне колку да проба... Сега можам да пробам некое овошје да замаскирам со киселово млеко оти досега никаква камуфлажа не помина. Фала на советите мајки.
Јас вчера пробав јаболко да дадам.Има 4 месеци и 17 дена.Го правев на пареа.од село зедов благи мали јаболчиња.Но бебето играше мајтап со мене.Правеше балони со устето и ми се смееше.Очигледно не е спремна уште за лажица Ке пробаме после една недела здравје пак.Осекјам тешко ке ни оди.
мајки ајде советувајте ме кага да почнам со воведување на цврста храна, не теоретски како на пр.по 6 месеци туку од вашето искуство ,моето има 3 месеци и 3 недели, само на доење сме и си е напредно бебе, родено е 4 кг а пред две недели имавме 6.8оо кг и 66 цм. некаде прочитав дека колку е понапредно толку побрзо да се воведе храна -млекото не му стасувало, моето дење си цица на 2 ,2 и пол сати ама ноќе на 1 саат е на града цела ноќ си цицаме. Дали да го ранам со кашички или да му дадам АД
Ако имаш млеко не воведувај АД, а со кашички се започнува 4-6 месеци. Ти најдобро можеш да оцениш дали му стига млекцето и дали треба да почнеш со кашички порано. Според мене ако е се во ред почекај до 5 барем.
Joy кај ексклузвно доено бебе не се почнува покасно со каши? Рано е за нас но од мерак да си прашам. Ние се доиме но и се дохрануваме со АД. Кога би требало да почнам со цврста храна???
И ние се приклучуваме на групата на нејадење зеленчук Од зеленчук имаме воведено компир, морков и тиквичка, а од овошје јаболко, круша и банана. Кога и дадов прв пат само тиквичка ми ја јадеше, вчера пробав пак да и дадам само тиквичка и уста не отвори, па ја помешав со круша и така ја изеде (иначен крушата ни е омилена ) Деновиве ќе и ставам во зеленчуковите и малку ладно цедено маслиново масло па ќе видам дали тоа ќе успее Иначе почнавме со дохрана од 5 месеци па си викам да не е уште мала за зеленчукови, ама не верувам дека е така Денеска и јадов јаболко и орков си јадеше без проблем ама ако нема овошје ништо не јаде Утре планирам ориз да и дадам за прв пат ама не верувам дека ќе ми го јаде чист. Ако не го јаде чист ќе го мешам со круша ама не е тоа решение