@joy1 малечко е уште затоа се играло со тебе инаку не се секирај ќе си јаде, првите неколку пати додека се запознае со лажицата, додека научи да голта, ќе биде интересно, ама немој да се нервираш, ќе дојде се во свое време. @chocolade јас почнав прво со сокче од јаболко, некој ден пред да наполни 5 месеци, давав прво со вода мешано, па пола пола, па повеќе на сок и на крај чисто сокче. По недела, две, значи на неполни 5.5 месеци дадов каша (првата беше од банана) и супер ја прифати. Во почетокот и давав по пола овошје, бидејќи си јадеше и ми беше жал да ја подлажувам со лажиче, две. Она сакаше и повеќе, но сепак ми беше страв да давам повеќе од пола. Поздрав до сите и само со трпение и без нервози. Едит @Rabbit и мојава во почетокот не ги јадеше зеленчуковите, па да не претерам ама до 7 месец мака мачевме. И јас и мешав зеленчук со овошје само за да јаде. Тиквичката најчесто ја комбинирав со јаболко, ја обожаваше. После си се навикна и сега јаде без проблем се што ќе и направам од зелечнук.
@НаталиЛили и јас планирам уште еден месец да видам како ќе ни оди и после пак ако не сака навистина не знам што ќе правам Фала на утехата
Пробај со млекце, поточно во кашите стави и млеко од она кое си го пие (АД или мајчино). Кај мене Леа така ги пријаде,па потоа престанав со млекото и давав извесен период со кисело млеко (ама тоа ептен кратко откако наполни 7 месеци), и ете ја сега јаде без мака зеленчукови оброци без зачини и к.млеко само со маслиово масло. Ќе бидеш упорна и се надеваме дека ќе се навикне. Со среќа!
Сум пробала и со мајчино млеко и потечни и не ги сака, само ако има овошје така ќе изеде нешто. Ќе бидам упорна и фала на среќата, ќе ни треба
@Rabbit мало е бебето, ќе видиш дека макс.по месец се ќе јаде. Еве снегулка е жив пример, сега бебчето се јаде, само нудење без прекин , секој ден, ама никако на сила. Ќе маскираш со тоа што сака, па како ќе воведуваш намирници ќе откриваш што и се допаѓа. Па ќе почнат заби, скок во развој па пак ќе има штрајк во јадење...и тоа е магичниот круг
Инаку јас дадов банана.За разлика од јаболкото ,бананата ја прифати мн добро.Дали да дадам и утре банана или да помешам со јаболко? Банана дадов еднаш а јаболко три пати.
@joy1 и јас мислев така, не и воведувам нова намирница, од тоа што имаме пробано само маслиново ќе додадам. Јас само првиот ден новата намирница и ја давам чиста, потоа вториот и третиот ден ја комбинирам со тоа што сум вовела веќе
Joy вие веќе почнавте со цвρста хρана? Ние уште 3 дена полниме 5месеци,моево бебуле освен цице не знае за ништо дρуго. И κога неκни беше болен,му давав чајче со лажица,веднаш го повρати,вода воопшто не отвоρа уста да му дадам. И вчеρа напρавив соκ од едно јаболκо,не пρоба ни пола лажиче. И ме интеρесиρаше,јаболκото се ваρи на паρеа или во вода и дали таκа изблендиρано се дава или се става вода,млеκо за да биде нели поρазρедена?
Јас не го варев, свежо цедено или блендирано како кашичка. Повеќе витамини секогаш има во свежото. Колку за пробување на вкус можеш да го разредиш сокчето со вода.
Почнавме пред околу 5 дена. Се мислев долго што да правам но сепак одлучив да пробам.Вода давам од нејзин втор месец и мн ја сака.А чај само кога имаше мн грчеви но и него го пиеше. Јаболкото го лупам и сечам на четвртини и го правам на пареа дур да омекне малце.Па го блендирав.Но го вракаше назад.Денес бананата само ја изблендирав и ја сакаше.Тешко ке се навикнува на цврста храна мислам а осекјам дека има поголема потреба од јадење бидејки почна мн често да цица.
И мојава бебушка обожаваше банана. Тоа и беше првиот оброк. @joy1 ќе се навикне, сеуште сте на почеток, пробувате нови вкусови, се е непознато и затоа оди побавно. Колку месеци сте? И ние во 5-6месец бевме повеќе време на града, ми се чинеше дека по цели денови цицаше. Но кога воведов цврста храна, полека, полека воведовме некој ред во цицањето. Јаболкото јас го варев колку да омекне, а неколку пати свежо на ренде го поминував и потоа во блендер.
За 10 дена 5 месец правиме. До сега супер напредува родена е 2900 а сега има 7 кг. Но тоа што често цица ме тера да мислам дека може е гладна.Да може бар еден цврст оброк да имаме дневно добро би било но ке се стрпам Мало е па се и е непознато.
Jaс би ти советувала да воведеш мелен ориз па потоа да му правиш комбинација на овошје/зеленчук + ориз. Многу повеќе го заситува од чистото овошје или комбинациите. Мојата ќеркичка обожаваше ориз со спанаќ, со брокула, ориз со печено јаболко, со варен морков, со круша...
^ Ти благодарам на одговорот. Јас веќе воведов мелен ориз. Ме интересира колку често можам да му давам? Може ли да предизвика запек? Од утре ќе почнеме со компир, па и за него истите прашања ги имам.