I jas planiram vo kasa, ama nemozam da najdam soodvetni biskviti. Se mislam domasni da napravam, recept nekoj mamicki? Bezglutenski, bez jajce i mleko
Мајки ке ве замолам некој подетално за жолчката да ми објасни. Се почнува со осмина нели, и 3 дена ли да давам осмина после 3 дена четвртина. И дали преку еден ден, зошто читам некаде еден ден даваш после 3 дена пауза. Ништо не ми е јасно. Месо имам воведено. И дали кога давам да проба жолчка тој ден да не давам месо или тоа важи само кога ке стугнеме до цела жолчка.
На темава имам да кажам само дека има толку несовесни педијатри кои често ги доведуваат во заблуда родителите. Мојот педијатар лично ме советување да давам кравјо млеко на четири месеци за да не давам пари на прашаци како што го нарече ад, се разбира не прифатив. читам брзаат со глутен,нема потреба верувајте еве јас на осумипол месеци воведов глутен на моето дете ништо не му фали,скоро пробавме и млечни производи,а не се ни брзам за трет оброк,нека пие млекце па има време ке јаде. Секогаш едуцирајте се и сфаќајте ги малку со резерва и нашите педијатри како јас што направив бидејќи подоцна ке видиме последици од прерано воведување продукти и лоша исхрана.
Женички нема некоја послободна да ми објасни, плс Исто ме интересира цекло и модар патлиџан од кога. Фала однапред
јас давав еден ден, па три дена пауза. Сега треба 1/4 да почнам да давам...Значи три пати 1/8 секој трет ден, па 1/4 и тн Цвекло 8+ модар патлиџан 10+
Мајки, 7+ сме, имам воведено 1 оброк и цица. Сакам да прашам за подготовка на некои кашички како на пр. сутлијаш и сл. дали користите Ад млеко или измолзено? И дали овошјето и зеленчукот (оние кои може) ги давате свежи или зготвени на пареа?
Симонка убаво ти пишала, осминка, па три дена пауза, па пак осминка. Јас на првото така давав, две недели осминка, после преминав на четвртинка, па половина и на крај цела жолчка. По две недели давав од секоја количина, што значи, два месеци поминаа од воведување жолчка до јадење цела, истото ќе го направам здравје со второво. Месо не се дава во деновите кога има жолчка на мени. Цвекло ако е домашно 6+, ако е купечко 8+, модар патлиџан после годинка би дала.