Ги прочитавте ли новите истражувања дека кикирики, а и некои други алергени, е најдобро да се дадат до 11 месеци за да се намали ризикот од алергија? https://community.kidswithfoodallergies.org/blog/new-guidelines-for-early-introduction-of-peanut На крај ќе испадне дека пак не правиме добро на децата со одложувањето. И тоа со арсенот во инстант кашичките со ориз, да се чуди човек.
da prasam ,12+ moze svezo cveklo ili mora vareno ??? i uste nesto -dali moze na maslinovo maslo da proprzam kompircinja i taka da i dadam da jade (finger food li bese toa )
Како сок дај го цвеклото, тешко е за џвакање свежо на таа возраст. А за компирите, и печени можеш, не мора пржени да бидат. @RainBow, секојдневно се менуваат работиве, да не знаеш што е паметно да правиш. Со кикирики не би си играла, толку рано не би дала. После годинка да, иако е препорачливо дури после три години. Мене не ми е јасно за млечните производи, зошто се 8+, оти кога ги давав на првото беа 6+. Прашав педијатар, ми рече поради глутенот. А кога да дадам глутен - одговорот беше од 6-8 месеци. А тука читам поинакви совети. Реално, ако има проблем, ќе се појави без оглед на тоа кога ќе се даде некоја намирница.
Па, тоа е работата, според истражувањето кај доените деца што подоцна пробале кикирики поголем е процентот на оние што развиле алергија. Да пробале пред година можеби не би развиле. Не знам, мене се ова ми е чудно, на крај се осеќам како и да направам дека ќе згрешам. Не планирам секако да давам алергени порано, ама ете...
Во "можеби" лежи зајакот. Значи никој не може да гарантира дали ќе има или нема да има алергија. Вообичаено ако нема склоност во фамилија не би требало да има проблеми, ама ете, и тоа не е сигурно. Нема гаранција за ништо, само знам дека ако треба да има реакција, ќе има, небитно кога ќе дадеш.
Не, свежо од пазар. Друго е домашно произведено, друго е купено од пазар или маркет од произведувачи на големо. А тоа во тегла покасно би дала, дека има конзерванси.
кога ќе разговарам со мајки на поголеми деца, дури се чудат за некои состојки, еве кај мене конкретно за портокалот... И во право си, во можеби лежи зајакот. И сега да му дадам, реакција може ќе нема, ама кога ќе речат над година, шубе ми е да му дадам нешто порано
Па тоа е работата @Annath според истражувањата има разлика кога ќе дадеш. Еве и со глутенот, препораките се порано да се даде. Гледам по други земји порано воведуваат се, само ние тука како премногу да се пазиме, а можеби правиме повеќе штета. Ама џабе е кога не може да знаеме, по години ќе ги видиме резултатите, до тогаш како совеста ни налага така веројатно е најдобро. Шта речи...
Нормално дека ти е страв, ама па мора некогаш да се проба, дали порано, дали подоцна, изборот е на родителот. Насоките се од педијатри и нутриционисти, ама се менуваат многу често и создаваат збунетост. За оние кои е докажано дека се алергени, се даваат подоцна, пожелно да биде во ек на сезона. Впрочем, за сите овошки и зеленчуци е пожелно да се даваат кога им е сезона, затоа што така и најреално би видел дали има реакција на самата овошка/зеленчук. А вон сезона, ај што не се вкусни, ама постои шанса да ти даде реакција на конзерванси или други додатоци кои што помагаат во зреењето и чувањето на истите. Не дека во сезона не се користат тие додатоци, ама поголеми се шансите да најдеш непрскано. А цитрусите реално не се алергени, само даваат реакција како морковите што даваат. А морковот е меѓу првите намирници што се воведуваат во исхраната. Затоа ми е нелогично ова со цитрусиве. Поголемиот проба лимон на 6 месеци, кога му давав брокула, за да ја јаде. Помалово уште нема пробано, ќе му дадам здравје наредна сезона, ќе биде над годинка. @RainBow, алергиите може да се јават било кога во текот на животот, тука нема правила. Тоа е веќе до имунитетот. Може јас на пример утре да пројавам алергија на јагоди иако цел живот ги јадам и немам проблеми со нив, нели? Ама тука клучната улога ја игра имунитетот, а мислам дека врз него влијаат многу повеќе други фактори отколку самат исхрана. Така што и јас се сложувам дека кај нас безпотребно се чека со некои намирници, како глутенските производи, млечните продукти ( не млекото).
Ајде јас да прашам. 8+се воведува млечни, глутен и жолчка од јајце. Претходната недела воведов млечни.,денес за прв пат дадов бисквити на хип со глутен, а наредната да почнам со жолчка дали е ок овој распоред?
Sakam da mu dadam prv pat jabolko na sinko ,5 + ima. Kako e podobro sveza blendirana ili varena pa blendirana?
Овошјето можеш од самиот почеток на дохрана да го даваш свежо, јас секогаш свежо го давав. Повеќето мајки првите неколку месеци го обаруваат малку. Одликата е твоја како ќе го дадеш. Зеленчукот до годината само варен.
ко од на марс да сум падната едни викаат жолчка на 7 други на 8...и сега кога да дадам? со кое месо почнавте и како правевте паузи? некои почнале на 6 и ич не се мислеле и све им давале .... друга вика моево е 8 и со мене јаде на маса јас шо јадам....ај ако на некоја не и е тешко нека ми пише некое јадење за 7 шо им давате и како пошо 100 жени, 1000 жени различно ми кажаја