Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    773
    јас знам дека послем годинка
     
  2. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    28.554
    Јас домашното пиле не го варев во масло, но пак лесно се блендира и бебушка обожава каши со пилешко.
    Инаку јас цело си го сварив наеднаш и му требаше многу време за убаво да се свари. Сега така сварено го чувам во замрзнувач и си вадам парче месо при секое готвење на каша и пак го варам заедно со зеленчукот.

    Инаку денес воведовме жолта боранија. Наши роднини ни дадоа домашно одгледувана боранија. Денес за прв пат и ја комбинирав со пашканат, брокула и телешко месо. Боранија ставив само 5 помалечки парченца како за прв пат и ја сакаше. Мислам дека ќе ја јаде.
     
    На TIGARCE86 и leona83 им се допаѓа ова.
  3. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.955
    Допаѓања:
    29.100
    Пол:
    Женски
    Направивме годинка, па си викам помалку да почнам
     
  4. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.607
    Допаѓања:
    36.700
    Пол:
    Женски
    Аκо е младо петлето ќе се сваρи веднаш,и не моρа со масло,ќе си пушти тоа мρсненце,ама аκо бил неκој стаρ петел,ќе го ваρиш еден ден :D Κога ќе почне да се дели месото од κосκата,тогаш е ваρено.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.927
    Допаѓања:
    326.764
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мамичка дава свежо овошје блендирано-не печено,варено?
    Нели со термичка обработка се губи дел од витамините..но ако не ги варам се плашам да не бидат тврди па да се задави?
     
  6. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.955
    Допаѓања:
    29.100
    Пол:
    Женски
    Јас блендирам свежи-круша, јаболко, манго, авокадо, банана.. Блендирам со ножето за најситно и немам проблем. Така правам од 7месец,зошто од 6почнавме со дохрана и тој месец дена додека навикна варев.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Јас само два пати варев јаболко. После тоа свежо јаболко, круша банана, слива. Е сега дуња не ни имам дадено ама тоа ќе варам...иако моево ни варено ни свежо не сака да проба.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Јас НИКОГАШ немам варено/печено ништо од овошје, и не се задавиле, сепак треба и добар блендер. Јаболката како пудинг ја прави.
     
    На TIGARCE86, bambusce и joy1 им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.927
    Допаѓања:
    326.764
    Пол:
    Женски
    Јас имам нутри булет и во него блендирам.Додуша освен јаболко и банана друго не сум дала.На ред е тиквата.Неа валда морам да ја подварам малце.Со првото дете варев Се и долго блендирав и денес иако има 6 год се случува месо да неможе да соџвака никако :О
    Ке пробам и јас да не варам.
     
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Ни јас овошје не варам, само тиквата. Од јаболкото во блендер остануваат ситнички парченца, но на почетокот кога ја давав чиста, додавав или вода или измолзено млеко, колку да се изблендира помазна да стане кашата.
    Понекогаш, ако не се баш вкусни јаболките, ги печам.
     
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Ама јас мислам дека зависи и од детето. Некои полесно прифаќаат со парченца, некои не. Мојов и зеленчукот мора да му е мазен и потечна кашичката оти не ми ја јаде. Разредена ја сака, погуста никако. Знам не е убаво ама многу постепено му ги згуснувам, да не забележи.
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.927
    Допаѓања:
    326.764
    Пол:
    Женски
    Каков ориз давате?Специјален бебешки или од обичниот?Размислував и за интегрален но не сум сигурна колку е прифатлив за бебе.
     
  13. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    46.220
    Пол:
    Женски
    Јас прво и дадов од обичниот ама не ми го блендираше убаво и ми остануваа мали парчиња. Денес купив мелен на Сончева долина и многу подобар е овој.
     
    На bambusce и joy1 им се допаѓа ова.
  14. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Мелен, бел.
    Другиот не ми го јадеше на почетокот, многу се давеше.
    Сега полека, полека се навикнува и на обичниот.
     
  15. bambusce

    bambusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    594
    @joy1 и јас користам мелен на сончева долина побрзо се вари за разлика од обичниот и заштедува на време :) плус не мора да блендираш.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    јас давав мелен на сончева долина, ама треба да стоиш до него и нон стоп да го мешаш зошто или ќе загори или грутки ќе се направат. Потоа си продолжив со обичен и ок е, убаво се блендира. Инаку ретко давам ориз. Ми кажале интегрален не за бебе, после година.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Какво телешко месо давате? Каде го купувате?
    Јас дадов само еднаш од хипп и тоа беше се.
    За ова од месарнициве сум скептик некако, ама пак домашно не можам да најдам.
     
  18. bambusce

    bambusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    594
    Јас купувам од Поповски демек пресно за бебиња околу 700 ден е мислам.Домашно и јас неможам да најдам па мора купечко а од готовите кашички не давам или ептен ретко.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  19. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Мајки го сварив петлето:) бидејќи го варев во експресен лонец ептен се свари и се што не беше во бела боја ( од месото) го фрлив. Другото со малку од водата го поделив и во пластични чаши покриени со проѕирна фолија го замрзнав.
    Сега се мислам дали да чекам понеделник или утре малку да дадам.....
    И друго да прашам, сакам потоа и цвекло да воведам. Од групата здрава храна за деца сватив дека печено со се кора највеќе ги задржува корисните состојки ама покриено со алумин.фолија, а не сакам да печам за бебе со фолија. Мислите дека ќе биде тврдо или исушено ако го печам без фолија?
    Или да пробам па да не замарам тука. Си направив муабет сама, со прашање и одговор:) :) :)
     
  20. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    И јас баш сакав да дадам цвекло, но незнаев како да го пподготвам и со што да го искомбинирам.

    Ај ти пробај си, па ќе споделиш. :D :D