А од кога смее оваа млечна каша? Ја гледав и јас во Дм ама не земав зашто мојов е 4ипол. @joy1 арно што прочитав, не знаев дека е фрка повеќе од 6.
@LadyC не е фрка и 7 ако се но да не се претера да речеме 10-12 продукти месечно.Треба и пожелно е бар на почеток постепено да се воведува и да се навикнува организамот.
Па мали сте уште, треба да почнете прво со пробување вкусови. Јас почнав да и давам кога воведов вечера, 8-9 месеци кога беше.
На неполни 8 ќе тргне. Во јули. Морам, на боледување бев и ми се крати породилното, ОСВЕН да речат газдиве дека ќе ми дадат одмор ( што тешко за верување пошо веќе ми напоменаа дека и порано ќе сум им требала )
Досега имаме пробано : јаболко, круша, слива, ориз, морков, компир, тиквица.. денес банана. 6+ сме што друго од зеленчук може да се воведе?
da ve prasam, za 12+ moze da vovedam bademi i lesnici i ako moze da mi pisete na koj nacin gi davate?
Мајки, после колку време од почнување со дохрана почнаа да ви јадат онака нормално како за оброк количина?
Мојава мислам дека беше скоро година кога почна просечен оброк од 120 гр. да лапка. Мака мачевме со јадењето, не беше јадач. Некои од старт, по 1-2 недели, си лапкаат по толку а покасно и повеќе а некои помалку. Стварно е индивидуално и нема правило. Се следи детето. Кога не е јадач мора упорност и откривање на негови омилени работи, маскирање на производи со останатите, трикови при хранењето...
некаде месец дена откако почнавме почна да јаде по околу 120 грама, сега јаде и по 200 гр ( 2.5 месеца како проба вкус) ама само зеленчукови, овошните не ги сака некако..
Ние 5 работи имаме пробано до сега, овошје нејќе ни да лизне, зеленчук сакаше со палента или ориз, еднаш и 100 гр изеде, сега 4 лажички ќе лапне и после се заигрува со лигавчето, каишите од столчето и несака повеќе. Тек 2 ипол недели се дохрануваме, значи неморам да форсирам имам рок уште за да пројаде асално
Мојата не јадеше... сеа јаде ама пак не многу. Зависи што и кога. Со килажа и развпј е ок. До 1 год ми рече доктор се пази колку внесува и колку напредува после не мора да се замараш. Кажете ми на 1 год колку оброци ужини и доења имате? Тие млечни каши со какво млеко се?
Ние сме 15 месеци, имаме три оброци и две ужини. Не се доеме, и никакво млеко не пиеме. А какво млеко и даваш, со такво можеш да ги правиш млечните каши.
Се доиме. Затоа не знам ние сме 3 оброци и ужинка. Оброците не се млечни секој ден. Само кис млеко давам.
Мојата се одби на 9 Месеци и млеко не сакаше да укуси. Флаша не прифаќаше, со лажиче не беше изводливо и остана само на кисело млеко и сиренце/урда. Педијатарот рече прифатливо е да не пие млеко се додека внесува други млечни производи. Купив ад. Млеко за со него да правам млечна каша, или оние од хип кои веќе содржат во нив ад па требаше само со вода. Потоа домашно пресно млеко од кое потквасував киселото и урдата. Така ја надминавме таа преодна фаза. Унаку и сега има 3 убави оброци и 2 две ужини а на 21 месец е 10.5 кг. Такво е слабо, а здраво, жилаво и убаво си јаде.
Читајки твоево колку тежи малце се потсмирив моево сега ке полни 9 месеци , а има 6 600. Околу нас сите бебиња се потешки каде каде и само ми викаат многу е слаба рани ја повише со сила давај и.