Јас ја замрзнував ,сечена на тркалца @MADO сирење моцарела давав,се останато ми беше пресолено за таа возраст.Кисело млеко - почнав со здравје радови и до ден денес само тоа купувам. За вечера давав најчесто палента,тестенини без јајца,уз млечен производ.Или кисело млеко или лебче,или млеко и житарици..
Дали може сварено јаболко и морков да стојат во фрижидер една вечер па потоа да се изблендират..Ми останаа синока па дали можам сега да дадам..?
Овошје може да стои половина час. Потоа потемнува, и ги губи витамините. Да. Јас замрзнував сечена на кругови и си стои без проблем.
Од 10 месеци се дава риба или барем јас таков совет добив од педијатарот. исто по совет од педијатарот почнавме со пастрмка а после свртевме на морска риба. До сега пробрал бела морска риба (ципура односно орада) која најчесто ја јаде. Сината односно скушата не ја сакаше зашто му беше јака на вкус и тек прошлава недела касна неколку парчиња од неа.
Јас давам еднаш,мислам дека не се препорачува многу често да се дава Го комбинирам со ориз најчесто Со месо немам дадено
A blitvata isto ko spanakot li ednas nedelno? Jas vo skoro sekoja vtora kasa mu stavam eden list, da ne gresam? I so kakva voda gi pravite kasite, jas so jana baby, isto i pie (10 ml odvaj so spric,kolku tolku) od taa ne ja prevrivam ok li e?
Ок е, и јас не превривам. А блитвата е малце полесна од спанаќот, ама не претерувај. Јас еднаш неделно ставам.
Зелена кака коа ќе почнат со јадење е нормална. Ферментирано овошје дава зелена боја многу често, блитва, спанаќ, брокула... Кога почнуваат да јадат каката не се гледа веќе.
добро утро мајкички. Бебе е 4 месеци и 6 дена, пред 2 дена бевме на вакцина ама педијатарот не ми спомна дека може да почнеме со дохрана или незнам како да кажам пробување вкусови ( или рано е ) и уште нешто сакам да купам соковник или нутри булет е подобро за сокчиња да правам свежи
Нутри булет имам јас тоа е блендер, можеш да правиш кашички. За сокчиња соковник ти треба.Јас давам дохрана од 4 полни (откако влеговме ов 5ти месец) со консултација со педијатар ( но јас го изгубив целосно млекото и не цица воопшто дури и ми качи само 400гр па ми беше одобрена дохрана) . Инаку давам готови сокчиња на хип (крушка, јаболка ) и готови кашички исто ( крушка, јаболка, слива, морков, можеш пасиран компир и блендиран, исто можеш и ориз ) НО прво прашај си педијатар најубаво.
Јас до сега немам дадено заедно се си мислам дека ќе биде тешко за варење. Јас давам по еднаш неделно, со тоа што се случува друг ден во неделата да дадам блитва на пример или нешто друго листесто зелено.