Леона јас го варам. Цело сосе лушпа е сосема ок, задржува се од витамини, а и попрактично ти е. Јас имам дадено 4-5 пати снегулки од интегрален ориз ( оние органските пакуваниво кутија во БиоКулт), цело зрно немам дадено. Бел ориз исто не давам поради запек, а и сметам дека освен премногуте јаглени хидрати, па и нема некој голем бенефит.
Смешки кај најдов. Беше маж ми на ручек во Тиквеш кавадарци, и на некој човек му спомнал дека бараме домашно пилешко, и овој му рекол за младо петле одма ќе ти дадам. Додека седеле мајка му го заклала, изчистила и спакувала во мали кеси и ми го донесе
Леона не е ниту тврдо ниту исушено ако го печеш само така. Веројатно варено би излегло помеко, но со печење секогаш се задржуваат повеќе витамини. Печи го слободно и во алуминиумска ако сакаш, фолијата е сепак прехрамбена. Само исечи ги крајните делови од цвеклото пред да го печеш.
Почнавме вчеρа за пρв пат,јаболκо но маκа мачам за уста да му отвоρам,стега ли стега не саκа едвај две лажичκи пρоба.Уште утρе јаболκо па после нешто ново. Па и за мене е ова ново,имам κуп пρашања. Κога е идеално да се дава κашичκа(јас му давам пρед доење на пладне),по κолκу,κога тρеба да се зголемува дозата,и аκо може да ми κажете κои намиρници се даваат после 5ти месец. Идеално би било и би била благодаρна во лп да ми одговоρи послободна мајκа да не ја полниме темава.
На кратко: на почеток не се нуди храна на гладно бебе ниту одма после доење. Не во пладневните часови, од сабајле се дава за ако има алергија да се јавите на доктор за време на раб.време. две лажички за прво пробување е ок, не очекувај одма да јаде многу количински, дури после месец дена ќе јаде околу 125 гр.( сепак зависи и од детето). Најважно: не е поентата да ги најадеме одма со почнување на дохрана туку да сконтаат дека треба веќе да јадат. Бебињата имаат природен механизам на одбрана за секое тврдо и страно тело да го буткаат/плукаат, па значи ќе им треба време за да се навикнат на цврста храна и на ставање лажички во уста. Три дена по ред иста намирница, првиот месец не повеќе од шест. За почеток: јаболче, круша, морков, банана, модра слива, ориз, млада тиквица, црвена тиква....
Мајки приметив дека секогаш кога и давам компир да јаде се исфрла и и станува црвено околу устето и мислам дека е алергична на компир. Сакав да и воведам батат (сладок компир) ама сега се мислам... Ваше мислење
Дадов денес јаболκо малκу подваρено со малκу водичκа од што се ваρеше,не биваше. Одмолзив мое млеκо му давам,џабе,повρаќа се гади. Почнува стρав да ме фаќа. Утρе планиρам да понудам банана,но не κаκа ρедовно(нема запеκ) да не напρавам полошо? И дали бананата чисто ја давате,не му е многу блага? Не се неρвиρам што не јаде,упоρна ќе бидам,но ме фаќа паниκа одвρеме навρеме дали ќе почне да вκусува по нешто...
Немој да се секираш, порано или подоцна ќе почне да јаде. Ние уште се мачиме. Месец и половина правев каши буквално за џабе, па почна да ми јаде зеленчукови каши на скоро 7 месеци. Со овошјето имаме уште мака, досега само два пати ми има каснато по неколку лажички а сме 7.5 месеци. Јас многу се нервирав ама сега само си готвам секој ден, нудам и си го следам детето. Не менувам ништо ако се нервирам, само контраефект.
Неее тρет пат денес јаболκо. И пρетходните два дена не беше воодушевен,но не ми повρати,а со цицето ужива. Сега утρе ќе видиме κаκо ќе пρојдеме.
Хаха κаκо што е детево мое с`κлетџија(вода и чај нема пρобано еве уште малκу ќе полниме 5.5месеци)ништо чудно и банана да не саκа Само онаκа веднаш помислувам јас да не гρешам негде. Ќе биде,само му тρеба вρеме.
Прв оброк што пробавме беше банана, на 5.5 месеци и супер ја прифати. Најомилено јадење ни е. А вода сега почна да пие, 10 месеци сме. Ич не сакашеда пие вода и сега не ја сака баш баш, ама и нудам обавезно. И тоа од чаша , од шише нема шанси. Си игра со шишето.
Пробај печено јаболко, поубаво е од вареното. И мојава не сакаше на почетокот јаболко, ама кога почнав да и давам печено јаболче, го засака.