Производи на davert освен во биокулт каде да најдам на друго место? И ако може @AngelOfArh да ни сликне ете еден неделен план за исхрана да добиеме некоја идеја бидејќо она е иновативна на тој план
Мами одиме утре на пат и треба да купам готови кашички Хип имам дадено ама некако не сум задоволна од нив Некоја препорака ако може ?
Прво Даверт купувам во продавница за здрава храна а има и во ДМ. Фала на комплимент Понеделник појадок - спелта/рж со дуња/јаболко и цејлонски цимет ручек - мисиркино/телешко со компир/ориз, батат/морков, брокула/проќељ/тиквица, кромидче и лукче, маслиново масло вечера - палента со кисело млеко Вторник појадок - спелта/рж со банана/сува кајсија/сува слива и јаболко, со коко масло ручек - ориз со жолчка, морковче, кромид, лук и маслиново масло вечера - гриз со една дозерка ад и рендана јаболк на ситно ренде, ако во текот на денот јадел нешто со цимет не давам цимет, ако не давам, когс има јаболко обавезно ставам цимет Среда појадок - лино бисквити стопени со малку водичка и рендана јаболка или банана пасирана, малку е да кажам дека паѓа во несвест ручек - телешко/мисиркино со компир/ориз, батат/морков, тиквица/брокула/проќељ, кромид и лук, маслиново масло вечера - готова кашичка од кутија на Хип, аамо една јаде, пченка со овошја со пробиотик во неа Четврток појадок - пуканки од амарант со рендана јаболка и цејлонски цимет ручек - леќа/грашок/боранија, жолчка, компирче малку, кромидче, лукче и маслиново масло вечера - овесни снегулки, од неодамна давам овесни снегулки претходно варев зрно овес ама ми се потроши и давам снегулки, со кисело млеко или јогурт Петок доручек - спелта/рж со банана/суви овошја/јаболко и дуња, цејлонски цимет или коко масло ручек - мисиркино /телешко, ориз/компир, морков/батат, брокула/прокељ/тиквица, кромид и лук, маслиново масло вечера - палента со домашна урда Сабота доручек - лино бисквити со банана/рендана јаболка и цејлонски цимет ручек - бела пастрмка/лосос, компир/ориз, батат/морков, кромид и лук, маслиново масло вечера - авокадо со банана Недела доручек - готова кашичка на Хип со пченка и овошје со пробиотик ручек - спанаќ/блитва, компир/ориз/батат, морков ако нема батат, кромид и лук, маслиново масло или авокадо вечера - овесни снегулки со кисело млеко Ако готвам мисиркино готвам со ориз, ако готцам телешко со компир, обавезно давам некој зеленчук со тоа, плус кромидот и лукот. Напоредно давам мисиркино/телешко. Е сеа и јас сум човечко суштество па се дешава да купам кашичка, да сменам со друго, ама претежно се држам за овој ред. Ужина најчесто му е меѓу ручек и вечера, банана, јогурт од чаша или јаболко да грицка од нас. Млеко пие сва пати на ден по 200мл.вода после секој оброк по најмалце 50мл. Напредува супер, здрав е и бесен до немајкаде. ^^ааа браво, одлично смислено и комбинирано, сега оди ова скрин шот и на фрижидер, ќе ми биде водич за идеја. Благодариме мајка
7 сабајле пие млеко, во 10 појадува, во 2 руча, во 6 вечера и подледно во 9 млеко и куфер. Беба е скоро годинка. Од мал не е многу по млеко, пие ама не секогаш колку што е за негова возраст, ама затоа кашите маф ги прави, од старт јаде по цела голема каша, зборам голема тегличка иначе дома му готвам не јаде купечки. Е добро де некогаш две теглички полнам и тоа се јаде со сласт. Ама не е дебел, супер си е, цврсто и силничко. Ние иначе вака сме со ред од 2 месеци, некаде пред да наполни 2м, кога пиеше млеко исто на три саати, нема мрдање, цели вечери ми преспиваше од тогаш, навечер ако се десеше да се разбиди, најчесто околу 3 пиеше малце чајче, продолжуваше до 6,тогаш му беше првото млекце па до 9 спиеше. Вака беше до кај 8-9м, после почна да менува нормални, како расте се му е позабавно, па сега спие до 7-8, кога како, ретко до 9, ама во 9 вечер е задолжително во кревет, а спие и 2 пати обавезно преку ден, а некогаш и 3 пати. Ми се погодило детето, така ми викаат
Може со било кој зеленчук и овошје, може и со жолчка, ама кога ќе го вариш, гледај да не ти испари цела вода, оти жолчката е малку посува, да не му се лепи на малото во уста.
Да ги прашам поискусните мајки на колку им дадовте путер на вашите најмили и како го комбиниравте во што се го употребувавте
majki da ve prasam jadat li vasite bebinja kompir? deneska mu dadov prv pat se gadese so sila nekolku lazicki ,kako go spremate vie??Inaku ovosje jade bez problem
Од 8+ месеци, во било која зеленчукова/со месо кашичка, не повеќе од една рамна мала лажичка путер. Замена е за масло. Стави му малце млекце да биде повкусно (на 8 месеци можеш и путер) и подобро на рака испасирај го, зашто во блендер се прави како лепак.