Искрена да бидам, се случува ако не ја изеде да ја ставам во тегличка во фрижидер и да ја давам наредниот ден... Само компир и месна не чувам..Те цитирав бидејќи ги спомна мајкине во групите
Овошна никако не се чува за покасно.Овошјето оксидира,потемнува ,се губат витамините.Јас ни тиквица ни брокула не сум чувала(пуштаат вода во кашата)
Рамстор на промоција по 20тина денари. Многу е јак капакот, се стиска и после не мрда, и добро е е што е стакло не е целото пластика. Џој ма Јас на пример за ужинка и гребам јаболко. И половинката ми потемнува Како гребам така потемнува за неколку минути. Ако миксам потемнува за 2 минути Шо да му правам? Иначе и јас имам дадено следниот ден. Зеленчукова каша, не сакаше вечерта да јаде и сабајлето во 5 ја гледа, ставена во сад, покриена, и вика НАМ НАММММ и и дадов ја изеде Гревови Многу се трудам, маж ми готви секој ден, купечно скоро никогаш не даваме, се е овошје и зелеечук или домашно садено или од пазар, најубаво месо, пиле домашно, јајца домашни ... ама некогаш се утнува. Посебно оти од 6м ја оставив дома, па со татко и на почеток кога не јадеше по 3 саати се молеа за пола кашичка. Едвај чекам да порасне и да и ставам од нашата манџа и да земе лажицата
А зошто ти треба жешка храна? Само стави го во тегличе и затвори го, свиткај го во тетрапеленка и ќе биде таман млако кога треба да се јаде. Моето па е научено на ладно јадење, и млеко исто. Туку да ви се пофалам, блендер само за месо користиме, пиеме со цефка и од чашка, растеме растеме
Убави садови со капак имате на Нуби, во Зегин, шест се во комплет, пластични, но може да се подгрева храна во нив и во микро. Околу 300 ден.
Ако е над година порасната е веќе. Мене така ми каќа педијатар и така секаде по стручни текстови од типит American Pediatric Association и британски NHS пишува. После година дена детето треба да се вклучува во семејни оброци. Мене бар педијатарот ми рече јадења што се за нас со мелено месо може да ги јаде нормално да ги готвам без зачини. До сега јадел сарма од зелка, ќофтиња, полнети пиперки и слично. Само со вилушка пропасирано и лапка. Повеќе ги сака од неговите каши. Мене лично ми е стварно несфатливо како се гледа со што се рани детето а не се гледа да му се создаде нормален однос кон храна. Извинете ама поретерувања од типот јајца од препелица, амарант и киноа блендани до некој 8 години на детето никако не е здраво хранење. Здраво хранење е да научиш дете само да јаде/џвака овопје и зеленчук и да ги преферира повеќе од чипс и чоколадо. Ама за тоа треба и да го научиш да има нормален однос кон храната.
Се сложувам, но теорија и пракса не е секогаш исто. Некои дечиња имаат само 1-2 забчиња на годинка или едноставно не е моментот да се прекине со блендирање. Родителот најдобро си го знае сопственото дете и се труди да се прилагоди кон него и неговите потреби па малку по малку да се воведуваат промени. Инаку некаде после годинка и мојата почна да јаде од нашите јадења, како што кажа незачинети, односно минимално количество хималајска и сушен зеленчук. Детево телешко пројаде одкако почна цело парче во рака да го грицка. Каша, блендирано, не го укусуваше како помала. Одкако почна да јаде со нас, и сама од неодамна, детево ми е многу поголем јадач. Предходно маки мачевме.
Мојата има 6 запчиња, ама не може да мели со нив, само да кине. јаде со рачиња леб пика јадење, јаде пасирано, блендирам само месо, ама да и лупнам компир манџа со тешешко и парчиња ко нашите и уште да и речам макај си со леб и еве ти зелка ссалата, не оди. Јаде со лажиче ама по пат и паѓа пола и другата половина на блузичка. и гладна ке остане. Вака она со едно јас со друго лажиче. Едноставно не може бебе од годинка, само да јаде. Уште тост да и направам Дани, се надевам и мојата ќе почне повеќе да јаде, сега е у фаза, да доиграм па ќе јадам.
Моето дете јаде неблендирано, и тоа само сака, храна како печен зеленчук, леб, сецкано овошје, макарони, бисквити и кифлички и слично. 14 заби и уште две скоро излезени. Ама храна со месо телешко, леќа, грашок, и слични манџи ако не се блендирани како крем супа не ми ги прифаќа. Исто боровинки, семиња и слично овошје не се осмелувам да му давам така, па му ги правам како смути или овошен јогурт. Секое дете е приказна за себе.
Вие сте веќе на пола пат. И ние така почнавме. Она едно лажиче за да тропа по чиничето, оти почна да протестита ако јас ја ранам, а јас ранев. Потоа малку по малку се намалуваше мојата активност со лажичето а она почесто го погодуваше муцето и стануваше посамостална.
И моево јаде ладно, туку мислев за свежина на храната ама чим може во тегличка саат-два готово решен проблем Тоа со пасирано/блендирано и до детето е некои се дават, некои прифаќаат. Јас ни еднаш немам упалено блендер, со вилушка или рачен пасатор на Нук пасирам и давам, никогаш не се засркнал ниту нагон за повраќање имал, си го мота низ уста и голта. Јадеме и без лигавче, ништо не му искача од уста. Ова се во денови кога прифаќа да јаде нели
Добро де не мислев дека на година дена сами ќе се хранат. Повеќе ми беше поентата дека треба да им се дава шанса сами да се храната и да се преминува повеќе кон пасирање не блендирање. Јас сеуште месо блендам ако не е мелено другото се оди само со вилушка. Од овошје блендам вишни зашто не ги сака баш па да ги скријам. Поентата ми вбеше дека премногу се става акцент некогаш на тоа дека не смееш да дадеш храна што не си ја спремил сега во моментот дека мора е вака или така. посел година дена може да јадат и храна што стоела од вчера во фрижидер и саат-два надвор ако е свежо овошје. Тие од Nuby се 200 денари помалите, 300 денари поголемите тањирчиња. Јас имам од двете големини ги поделивле по три од секоја големина со уште една мамичка.
Јас веќе ни месо не му блендирам,му го кинам на ситни парченца и си џвака... Само две забчиња долу има... Чаша и цевка немам пробано, ама во план сум наскоро
До година бев и јас многу ригорозна, со исклучок на некои очајни моменти кога ниту 2-3 домашно зготвени каши не ги јадеше па морав да посегам по купечка само за да апне нешто, секогаш се трудев да биде свежо/здраво/прилагодено... Покасно ги следев основните правила ама бев некако далеку поопуштена. Се сеќавам летово кој мерак имаше на калинките. Таман годинка беше, ќе седнеше и зрно по зрно цела калинка ќе ја изедеше. А се почна случајно, кога џапна едно зрно од моето чиниче. И до ден денес многу сака зрнасти работи. Се сеќавам јас мандарините секогаш и ги лупев од таа прозирната коричка. Еднаш татко и го мрзело дали, така и ги дал, па и нелупени пројаде. Колку само такви случаеви имало.
И јас му ги лупев зимата мандарините, се дури не почна да ми зема од рака и видов и така дека можел. Е за зрна многу се плашам да не голтне без да го џвака и за јаболко исто се плашам, а тој обожава цело да го гризи. (Јас имам друга мака, се става в уста. Пример вчера една минута сам го оставив, со заби откачил мало железно делче од топка што се врти и свети, и дури кога ми беше многу тивок слушнав како си врти нешто железно низ заби. )
Секоја мајка сама си знае за детето. И јас имав обиди порано да прекинам со блендање ама не идеше. Што е за право овие зрната прекинав да ги блендам уште на 8 месеци, само житарките овес, пченица, рж и јачмен ги блендам оти тие се покрупни, друго се си јаде цело зрно, просо, киноа, амарант, се. Е познавам мајки што и палентата ја блендираат ама тоа не е грешка. Самото дете си кажува кога е спремно за што. Некни прв пат во животот му дадовда глода корка, мислев ќе ја глода и ќе ја фрли, кога тоа цела ја изеде, корка од крајче од леб, цела, ја соџвакал и ја голтнал, а не беше гладен, онака си глодаше. Не е дете што ќе оди по дома и ќе меле, јаде само оброци и тоа на столче или седнат во мене или во количка. Мразам да трчам по дете за да јаде. Вчера дадов за прв пат пченка зрно, воодушевен беше. Пченка, мисиркино, оривче, пиперка, кромид, се слапа, на кратко во блендер смиксано.