Не си била во вистинската Соба за доење, таа одамна не функционира ко што треба. Нејсе, јатки најмалце ти требаат сега. А за другото, чекор по чекор. Ќе се консултираш со педијатар најпрво, да даде зелено светло за дохрана, па ќе почнеш полека, полека.
Симни си само бебе готвач и се си завршила,се ќе знаеш.Друго ништо не ти треба,тие на фејсбук се потресуваат на се и сешто. Недај Боже да не размислуваш како нив. Јас со дохрана почнав на 5 полни месеци,со јаболка. Сите намирници си ги купувам по ред,пример кога полни 8 месеци испазарував се што пишува за тој месец. И така имаш се дома.Еден куп работи,не да неможеш да смислиш комбинација нема да знаеш што попрво да и дадеш. Само на почетокот си малку ограничена и тоа е.
Затоа и јас од секаде избегав и останав само на форумов, никаде баш не сум.. бев додека ептен ми беше потребна здрава храна здрави деца, па излегов и од таму. Доволен ти е бебе готвачот, има доста рецепти
Незнам дали е за тука прашањево... Мами како ја дават ена 6+ по колку? Дали како последен оброк или претпоследен?
Јас ја давав 2 часа пред спиење,значи последен оброк. Ама не ја сакаше,не е вкусна. Можеби твоето ќе ја обожава
Не,јас на 7 месеци прв пат дадов таква каша како втор оброк пред спиење. Извини angel заборавив да кажам.
Втор оброк колку што знам е ручек, а не вечера. Ова е ноќна каша, содржи и млеко и се дава за вечера, се прави со вода. Вечера по осми месец се воведува.
majki dajte nekoja idea sto da mu dadam kako nova kombinacija.Jabolko,krusa,sliva,banana,kajsija,morkov,tikvica,brokula,kompir,oriz,palenta jade i sve nekako istite mu gi vrtam mislam deka mu e zdosadeno.Za nekoj den pravive 7 meseci.
Со тие намирници тоа е. Како воведуваш ново така ќе ги прошируваш идеите. Ние скоро истово го имаме воведено и два месеци у круг се вртиме. Воведи авокадо, неутрално е оди и со овошје и со зеленчук, можеш и млад кромид да даде вкус на зеленчуковите каши. Исто и просо нека ти биде следна житарка,оди и со едното и другото а и добро е за редовна столица
Купувам редовно каши за добра ноќ,млеко за добра ноќ исто така и поентата е да му дадеш пред спиење да го засити за да не се буди. Нека ме исправи некој ако грешам јас или упатството на кутијата. А кој кога ги дава овие производи си е негово.