Ние сме 7+ уште немам тиквица дадено бидејќи не можам да најдам со проверено потекло, чекам органски да излезат па тогаш ќе давам. Реакцијата кај бебушите може да биде и од хемијата со која се третирани овошјето и зеленчукот, па не ми се ризикува. Ние сме и со дерматит, па аларм ми е вклучен за се
мајки мм земал нокна каша од јаболко кајсија и гриз..Во составот пишува дека содржи и глутен а јас сеште не сум вовела глутен..Дали да ја дадам или..?
Па гризот е глутенски, се добива од пченица. Не ја давај навечер, ако веќе планираш да почнеш со глутен, дај ја насабајле.
Да знам дека е глутенски но јас сеуште немам воведено глутен..И кашичката е нокна сакам да воведам вечера бидејки синко многу ми плаче навечер дискутиравме на друга тема дека после кашичките нокни има мајки кои се задоволни и не им се будат толку често малите..Сепак ви благодарам на одговорите
Имаш ноќна и со ориз. Не брзај, малото и така ти е чинам со дерматит. Почни со гриз ама за појадок, не за вечера. За вечера без глутен давај оривче со ад, безглутенска бисквита со банана, јаболко, нешто така полајт на почеток.
Еј па јас планирам второ тиквица да проба, од пилјараа купена зашто уште не се излезени кај баба и дедо. И што сега, викаш да не се пробува? Ме замисли
Јас не сум имала проб со тиквица никогаш.Лупена,варена и семките можеш внатре да ги извадиш.Само незнам дали чиста ке ти ја јаде ,бљутава е малце
Ќе пробам. Не знае за поубо па белким ќе касне 2-3 лажички за проба ( во фаза на пробување вкусови сме),'па задутре.ќе му дадам со морковче. Сакам неколку зеленчуци пред јаболчето да му дадам.
Се што е ново најдобро е за почеток од сабајле, а каков кефир сакаш да дадеш домашен или купечки? Јас си правам за мене и се мислев дали да дадам на синко 10 месеци е скоро ама бидејќи немам воведено кравјо млеко незнам дали да почнаѓ со давање
Кефирот се смета за преработка, како јогуртот, како киселото млеко, нели ферментира. Ама јас ипак би прашала педијатар. Денес направив кокосово млеко. Пред некој ден купив кокос од Рамстор, еден убав, еден свеж, сокот го кркна уште одма со сок од портокал измешано, а денес изблендирав кокосот и однедно мало кокосче извадив пола литар млеко и околу 200гр снегулки кокос. Утре ќе крка со банана и корнфлекс, за доручек, ќе му ставам и малку од снегулките, а ако ги ставам на дехидрирање ќе си добијам кокос ама не, сакам вака свежи, ќе ги додавам во што ми треба. Може да му направам кескул да проба, со урми место шеќер, за ужинка малку. Кога им правите на децата пробувате? Ништо досега не сум пробала, се тоа мм, јас не можам, некако ми е језиво. Оние кашине од кутии па, нема шанси. Едина каша што сум му ја дојала е тиква и банана, една едина а пола година и кусур детево како јаде. Мм сирот се мора да јаде, се жртвува, тешко му паѓа, особено кога детето јаде гриз со јаболко и ад.
@kikin Па и јас сум на мисла, не е сигурно од тиквицата туку од хемикалиите земав од пазар па кога ќе соберам храброст ќе му ја дадам ама незнам дали во комбинација со друго веќе пробано или само тиквица. Дали и понатака морам зеленчук поединечно да воведувам? Понатака карфиол кога ќе давам како?
Jas si gi dojaduvam kasickite kupecki ovosnite ubavi mi se epten, ednas pomisliv duri da si kupam edna za mene a domasnite ne gadno mi e
Тиквицата не се прска многу бидејќи брзо расте, не им се исплати. За секој случај зимајте од помалите, понеугледните, тие огромни што се сигурно се прихранувани. Кај нас ретко ги има зукиниџтие темнозелените, тие се наубави.
Kako cuvate spanak,brokula karfioll vo zamrznuvac?moram da gi piknam oti za nekoj.den ozoltuvat pa.moram da.pram.nesto kazete kako gi zamrznuvate
Бланширани. Зоврива вода, ставам кратко во водата и после со лажица цедалка вадам и одма во сад со грч ладна вода. Цедам и во пластични кутии во замрзнувач. Спанаќот само го мијам убаво инго киснам кратко во сода бикарбона и бода и го цедам нанкрпа па така го мрзнам.
Не замрзнувам кога е сезона. Купувам секој ден свежо. По малку. Купив спанаќ за 8 денари. Не земам кило. Карфиол малечок. Брокула мала. Секој ден купувам.
Јас замрзнувам пошто имам многу, у двор, брокули, спанаќ, карфиол, блитва, се имам и ако не го изедеме тоа дента што сме го набрале мрзнам. Имам моментално многу брокула, ја извадивме да насадиме друго и скоро 3кг собравме. Ние ја јадеме многу, сега ќе ја ставам во супа, гарнир и плус на бебо за ручек стаив, оставив за утре задутре и другата вечер во замрзнувач.