Некаде кај 10-11м почнав да давам свежо веќе. Освен сувите овошја што ги проварував. Кај 10 месеци ензимите за разградување на овошните киселини се лачат веќе. Така ми објасни педијатарот.
Каков ориз користите за во кашите? Обичен во зрно или мелен? Пробав со обичен не ми се изблендира убаво, а убаво беше сварен. Тој мелениот добар ли е? Во меѓувреме користам инстант на Хип. Исто така, колку пати неделно смее ориз да се дава, ако воопшто има ограничување?
Обичен ориз. Ако сакаш да бе се осеќа тогаш ке го превариш. Највкусен е. Нема ограничување јас како што знам
Јас во мелен ориз откако најдов камчиња не сум купила поише. Ориз варам, блендирам заедно со друго, сега веќе не блендирам и готово.
Мами жолчка со што комбинирате..Имаме воведно веке пола жолчка па со што да му ја направам за ручек..?
Црвена, земи од ДМ на Даверт мислам има. Свари ја со компирче, кромидче, лукче... Малку маслиново и толку.
Јас купувам црвена леќа. Ја варам како и за нас со морков, пиперка, кромид и лук. Ако е помало бебто ќе треба да блендаш ако не можеш и само пасирано. Леќата убаво се разварува и се распаѓа за едно 20 минути. Мојот многу ја јадеше во комбинација со тиквица, компир и кромид. Втора комбинација што ја обожаваше беше блитва, интегрален ориз и жолчка.
На колку месеци воведовте жолчка нам педијатарот ни кажа уште кога наполни 6 м,ама никогаш не пробав сега сме 7+ да пробам или рано е ?
Жолчката е 8+ колку што јас се сеќавам. Се воведува постепено. Прво по осминка неколку дена, па пауза од неколку дена, па четвртинка и така по ред.
Дали може кашичка нокна синока ја отворив не сакаше да ми ја јаде па ја ставив во фрижидер да ја дадам вечерва..?