Без воопшто зачини и без печење од 6м, а печен веројатно после годинка. Зачини сеуште не користам, нема потреба, ако има доволно зеленчуци нема потреба од нив, евентуално бибер свежо мелен и хималајска малку, ама тоа би практикувала понатака, сега не.
Малата има годинка и 1 месец , па полека и воведувам новитети од зеленчуци подготвени на поинаков начин од досега . До пред да наполни година и давав само варено на пареа и пасирано . Сега имаме 5 запчиња па сакав да направам мали измени . А спанаќ од кога смее ? Знам дека не смее многу да стои спанаќот поради висока концентрација на железо во него .. ама не сум сигурна баш на синко морав да му воведам од година и 3 месеци бидејќи имаше ниско железо во крвта па по препорака на матичниот педијатар , го качивме со помош на природна исхрана ( манџички и кашички со спанаќ ) .
Спанаќ дадов кај 10м, ама мислам дека може и порано. Патем слични сме по возраст, мислам дека рано е за печено, зачини, ти си знаеш. Ние имаме 9 запиња, грицка доста, ама не давам сеуште печено, немам потреба, зачини па ич.
Ние сме 16 месеци и уште од пред некое време му давам печен зеленчук. Го печам со вода и неколку капки масло, покриено со фолија на почеток потоа малку да се потпече откриено и супер промена му е. Баш сака сам да си фаќа и да си јаде. Спанаќ се дава некаде накај 7/8 месеци. Цитруси се 10+. Ова е од педијатар совет. Не знам зошто после годинка треба да се внимава на воведување намирници. Мене педијатарот мие рече сега да пазам само на јаткасти плодови, се друго може. Колку што читам и во други земји е така. На две години веќе детето треба да јаде со остатокот од семејството. Ова е особено битно заради нормален социјален, психолошки развој. Не е храната е што е битно за развој.
Uf lele duri resensko jabolce ste nabavile za prvata kasa na beba Sum slusnala od drugi iskustva, deka taka na pocetok koga bebinjata tesko gi prifakat novite vkusovi, majkite probuvat da ja izmesat kasickata so majcino ili ad mleko. Pa da probas takva varijanta ako go dois, da se izmolzas i so banana da i napravis potecna kaicka.
Ми треба мислење. Почнав да давам банана (одам со секој нов вкус по три дена), меѓутоа бебо ептен реагира на храна со столицата и се нема покакано. Во меѓувреме ептен шлајм му надојде и сега не може да го исфрли преку какање зашто не кака. Вчера прв пат проба банана, денес ја измешав со јаболче со надеж дека ќе се покака за да исфрли шлајм, ама ништо. Сакам утре да го прескокнам третиот ден со банана и да дадам слива зашто истата го тера на какање, која ја има пробано. Што мислите ако го скокнам правилото од "три дена секој нов вкус"?
Тој ако го голтнал веќе шлајмот ќе го искака, нема кај да оди. Банана конкретно и јас не би ја давала три дена по ред.
Мојот гинеколог за банана вели дека е мит оти ствара запек.Моите лично немале запек од банани бар не паметам. @kikin дај слива утре
И малиот никогаш немал проблем со бананата. Сто лица си има нормална. Затоа мајки олабавете малку, нема потреба од плашење.
Рано ви е на вас за ова, има хељда, после годинка здравје, а се спрема со млеко, ама ти можеш и со оризово да го спремиш. Јас формула мешам и со тоа спремам или со коко млеко. Јас искрено од сите производи на Бејбилав сум задоволна, кашава мириса баш на овошје и на житарка за разлика од другите на Хип што смрдат на картон.
Кашите од Хип во кутија никогаш не ги купував, ама верувам дека смрдат. На првото од Нестле давав после 8 месеци, ама беа преубави, сега не сум ги забележала по маркетиве, додуша не сум ни побарала. Ама штом е ДМ тука, немаме мака Фала за инфо
И јас знам дека од банана не секогаш се ствара запек, конкретно од зрела банана дури и излегувам веднаш, а тврда банана да, може да ствоеи запек, ама не значи дека е кај сите така. Малиот конкретно вчера изеде две банани, претходниот ден исто две, нема мака со столица никаква. Е кај него компирот ствара запек, нели у кога имаме дијареа советуваат да се јаде компир. Ама за секој случај одбирајте секогаш зрели дури банани кои имаат црни точки, најубаво купени банани да преноќат во фрижидер и следниот ден изваден на собна одма ќе полнат да црнеат, тие се најздрави банани. Јас искрено најмногу страв имам од мед, какао, јајце и глутен, а и од јатките исто така, ама какао, јајце и глутен дадов не појави реакција, сега да видиме мед и јатки ама ќе причекам за тазе мед и јатки па кожеби дури следната година, а и потоа да дадам. Смоки не јаде, бар не овие Стоби флипс со кикирики, јаде флипс за бебиња само пченкарно брашно и вода што содржат, торти не му давам да лизне од иштав, епа ќе видиме. Јас сум била алергична и на јагоди и на какао и на јајце до 7 години, чоколадо немав пробано до 7 години, ама потоа немаше ништо. Јас јогурт купечки не давам, тоа сега после годинка може да пивне евентуално од наша чаша некаде, ама не да му ставам за него исклучиво. Мене ми кажаа дека Баланс јогуртот не е за дечиња, а гледам навелико на деца се дава.