Ориз може, морков исто, компир остави за полни 6. Тиква исто може, од благите, и таа е зеленчук, ама сега нема свежа, само готова каша. @angrypepper може, пожелно да не е ист оброк, а во ист ден може. Прашуваше и за ужината - може кисело млеко за ужинка наместо адаптирано, ако го сака, секако.
Супер, фала. Чим може во ист ден одлично. Сака кисело млеко, му дадов денес за ужина изеде 100 грама.
Мамас може ли жолчка да комбинирам со бролула и малку гриз. Жолчка и брокула да не направи многу гасови во мешето??
Мамички бебе е 10+ џиџи бебе дали може пошто на упатството пишува дека содржи јајце. Исто сакам да прашам домати и краставици од кога и дали ги давате свежи?
јас не би дала џиџи бебе воопшто домат дадов 10+ варен, т.е. како сос, краставица над годинка... Свеж зеленчук над годинка се дава, до тогаш само варен
Не е исто, гризот е од пченица, палентата од пченка. За бисквити - домашни се најубави. Овес и банана со суви овошки (сливи, кајсии, грозје) се добар избор за бебиња 10+. И лесно и брзо се прават.
А зошто шо светов даваат свеж зеленчук пред годината? Конкретно гледав мајка на 7 мес бебе му имаше исецкано на долгнавести парчиња краставица да се зема само и да гризе
Сите ти кажуваат дека никако не би дале и да не даваш, а не и зашто. Џиџи бебе имаат премногу шекер! Ама пре пре многу... екстра благи се. Друго пишува дека во составот има јајца, а јајце цело се воведува тек 12+ (односно нели белката). Или како што ти викаат домашни прави, а ако немаш време купи си други но ѕирни им состав. Доматот јас баш го дадов 10+, во каша печен, варен не свеж 12+ свеж и тој... а краставица дадов тек кога почна да џвака такви работи 12+ беше со доста забчиња, таа башка е и тешка за варење, затоа е подоцна.