1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски

    Купечко сокче мислиш? Па не му давај , не е тешко да се направи домашо сокче од јаболка ако немаш мулти или соковник , изрендај потоа исцеди го со цедалка. Немој купечко да му даваш ниту јадење ниту пиење , прво незнаеш колку време седело во продавниците можеби било старо , а за да стои долго во продавница - треба да има додадено конзерванси нели.. така да давај му само свежо приготвено , нема поубаво од домашното.. позз :hai:
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Ова може да е реакција од морковот - може да биде во вид на стомачни грчеви или осип по одреден дел од телото. Затоа и се препорачува кога се воведува нова храна, да не се меша со ништо, и да се дава неколку дена по ред. Освен тоа, зеленчуците во првите месеци од исхраната се даваат исклучиво термички обработени, вклучувајќи го тука и морковот. Подоцна, некаде околу 9 или 10 месец може да се воведе свеж морков на пример, а салатите нешто после година и подоцна.
    Во принцип, секогаш е подобро домашното ;)
     
  3. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    De;kи можи прашав низ форум некаде, ама ај во оваа тема да прашам пак. Сакам да и дадам варен спанаќ, брокула, карфиол, ама не знам количински колку е дозволено. И иам дадено досега спанаќ со компир , ама готова кашичка. Брокули еднаш и дадов, три цветчиња. Не знам дали и давам многу да го и расипам мешето :(
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Нема тука правила и ограничувања во количината, дај и' колку што може да изеде, колку што сака. Ако се тоа 200г, нека бидат толку - зборувам за приготвеното јадење, а не за количината на одреден зеленчук или овошје. Ете на пример, тегличките нека ти бидат мерка за количината. А дали одредено овошје или зеленчук е малку или многу, тоа не би требало да има значење.

    Еве, бидејќи праша конкретно, спанаќот можеш да и го дадеш како манџичка со малку кромид и морков со 10 листа спанаќ, сето тоа издинстано на маслиново масло или путер, па се додава вода убаво да се свари. Можеш и ориз да додадеш, едно лажиче. Ако детето има повеќе од 8 месеци, може да и даваш од вашето јадење, само без зачините се разбира. Нема да и го расипеш стонакот, не се секирај ;) од карфиолот и брокулата може да има гасови, ама не е ништо страшно. Навикнувај ја уште сега да јаде поразновидно, пасирана, а не блендирана храна, и гледај да има што повеќе свеж зеленчук. Ако нема свежо, користи замрзнато, со исклучок на спанаќот (не е убаво, ни здраво да користиш замрзнат спанаќ). И зеленчук од конзерва никако.
     
  5. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Супер!!! За спанаќот прашав бидејќи некаде прочитав дека прво се давало само едно ливче , ептен бил јак ... Ах тешко мене, се мислав со денови од страв дали да и дадам....Ајде денеска ќе прбоам спанаќ со мечен ориз да видам како еќ реагира. Ако не сака, секогаш има кисело млеко за да додадам :))))
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање во врска со зачините. Вчера кога бевме на педијатар ми кажа дека можам полека полека да почнам да и давам на бебишка од нашиот ручек.Ме интересира од кога ке можам да и ставам во јадењето црн пипер, црвен пипер итн..сега за сега и ставам само маслиново масло.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Такви зачини како пипер, оцет и вегета ќе ставаш подоцна - рано е за нив. Сега можеш со сол да почнеш, исто и со зачини од типот на оригано, босилек, мајчина душичка - значи некои такви миризливи зачини, ама не претерувај, оти децата не сакаат многу јаки мириси - барем по мојов гледам. Јас скоро се му давам што јадеме ние, ама се' уште посебно му спремам, баш поради пиперот, оцетот и вегетата. Ако веќе си ги вовела сите продукти во исхраната, нема да има проблем. И слободно можеш да даваш тестенини со јајца, јас веќе почнав :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Баш за тестенините ме интересираше како им ги давате. Јас уште немам почнато, ама време е веќе. Ги пасирате или како ?Мене уште ми е страв храна во парчиња да и дадам мислам ќе и залетене че се поддави :(
    Анатх мислам нашите бебиња се тука некаде врсници, јајце му имаш дадено, жолчка, на синчето? Јас како мала бев алергична на јајца, и сега страв ми е....
    И каква сол да употребувам во нејзината храна?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Јас му ги давам тестенините издробени со виљушка, ама претходно убаво сварени. Инаку, мојов си џвака уште од 6 месеци, да не го подречам, пу пу, и повеќе сака да џвака отколку да јаде лапни-голтни храна (каши).
    Што се однесува до јајце - веќе имам воведено цела жолчка, а во неделата му дадов и белка да проба (имаме скоро 11 месеци, па морам да му воведам и белка, за да може да ја прими MRP вкацината што се дава одма после првиот роденден). Досега нема никаква реакција, ни на жолчката, ни на белката - ама не ги сака баш многу, многу. Инаку, сум му дала тестенини со јајца, домашни кифли и други пецива со јајца.

    Е сега, ако некој од родителите е алергичен на некој продукт, се чека обично до година за да се воведе во исхраната на детето (сопругот мој бил алергичен на јагоди како мал, па јас ќе си почекам со јагодите до година и пол). Јас би те советувала да си прашаш педијатар за јајцето, види што ќе ти каже. Можеби да пробаш малку жолчка да дадеш, ептен малку, само да проба, и следи ја ситуацијата. Само да биде добро термички обработена - јајцето да врие најмалку три минути (јас и по 10 минути го оставам да врие).
    За сол - му ставам морска сол со Б9 витамин, онаа зелената од храна и вино што е... ама по малку, ептен малку, повеќе користам други зачини, од типот на оригано и босилек... повкусно е така.
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Annath сакам да те прашам за крем сирењето како му даваш оти прочитав несолено дека си му давала па кога отидов да купам рекоа дека немало такво? мамкички што им давате на децата со навшени 6 мес. јас почнав веке со млечниве произвооди
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Јас му давам АБЦ крем сирење, тоа е најмалку солено од сите. Ама почнав после 8 полни месеци, не порано. Шест месеци е рано за сирење, почни со јогурт и кисело млеко :)
     
    На Milla9479 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Нашата нова омилена ноќна каша е исто на Хип, само таа со банана и гриз. И да и се спие , таа кемка и јаде :))Денес ќе кумап АБЦ сирење да пробаме , а лепчето вистина треба посуво да биде? Нели од топол може мешето да ја боли и се прави како тесто живо...Сакам и тестенини да пробаме ама веќе не знам што побрзо, дали жолчка , тестенини или сирење прво да воведам. Сите ќе бидат за прв пати и ќе треба ден-два да почекам да не има реакција.....
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Пробај со малку жолчка, па почекај два-три дена. Сирењето и тестенините може наеднаш да ги воведеш, посебно ако се тестенините без јајца, бидејќи веќе имате пробано глутен. И точно е дека лебот треба да е постар, односно посув малку, оти полесен е за варење. Јас практикувам да му дадам на малиот постар леб, ама кога свекрва ми ќе меси лепче, секако дека ќе му дадам и тазе. Домашното лепче најчесто сам си го јаде, како бисквитче му е (свекрва ми меси мали топчиња специјално за него), за разлика од овој што го купуваме за кој што ми е страв да му дадам сам да јаде, оти многу е жилав некако и тежок за џвакање.

    Инаку што се однесува до пробувањето на нови продукти, мислам дека после 8-9 месеци не важи тоа да се чека два-три дена, па да се даде нешто ново. Освен ако се работи за некој изразено алерген продукт. Јас така чекам со белката од јајце. Му дадов во неделата, сега ќе чекам до наредната недела пак.
     
  14. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Да, за белката посебно, треба да се чека. А за некои од работите и јас некако секој ден ми се погоди ново да и давам, ни останаа мн нови работи не пробани поради тоа што еден период , од прилика еден мессец, се беше настината, па со кандида, па не знаев дали е кандида или алергија итн. итн.
    Инаку ме радува што многу јаде брокула, а месо многу ете не јадеме и компирот мора да и го маскирам, па резултатие од крванта слика се добри, не и е намалено железото...
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Навистина е проблематично кога е детето настинато, па не знаеш што му е, дали е алергија, дали нешто друго, па треба да пазиш. Месото можеш да го замаскираш така што ќе го вариш со кромид, морков и пашканат, може и ловоров лист, ама тој е малку јак за толку мало дете, не секој го сака мирисот. Јас задолжително ставам кромид во секое јадење за малиов, за имунитетот е добро. Почнав по малку и лук да ставам, ама поретко, зависи од јадењето. И повеќе ми јаде вака, отколку кога месото го варам чисто. Добро е што на малата железото и е супер, нека си јаде брокула сега, оти после кога ќе порасне ќепочне да пребира :D Јас морам млечни производи да давам многу, поради тоа што син ми не пие никакво млеко, освен ова што го цица, а почнав да го одвикнувам.
     
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мајки внимавајте со млекото и млечните производи затоа што дневниот внес на овие продукти не би требало да надмине 500 милилитри,во спротивно се оптеретуваат бубрезите. Секако ова не важи за мајчиното млеко.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Да, треба да се внимава, знам. Но мене педијатар ми рече дека мојов на оваа возраст (за некој ден 11 месеци) мора да внесува 700 мл млеко дневно. Јас му давам по околу 180 мл насабајле и навечер (во форма на млечна каша - едното е јогурт, едното слатко млеко), може да му дадам уште 150 мл како овошен јогурт и другото го цица. Ама, цицањето дење ни е одвај два пати, додека ноќе растур прави... никако да го одвикнам :(
     
  18. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Јас имам гооолем проблем. Син ми уште малку ќе прави 5 месеци и освен мајчино млеко не сака да чуе за ништо. Овде педијатарот ме советуваше да почнам да му давам јаболко, крушка и банана. Пробав ама не бива. Незнам дали е рано, зашто со ќерка ми немав никаков проблем. Нејзе од 4 месеци почнав да ја дохранувам. Ме фаќа лудило, зашто тргнав на работа, и неможам веќе да се измолзувам. А и да напоменам дека шише со цуцла не фаќа, па девојката што ми го чува мака си мачи додека му даде млеко со лажичка :x . Неможам веќе :@
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Неса,јас почнав со цврста храна кај мојот син на 4 месеци. И он не сакаше да фати шише никако, но упорно му бутав во устата и некако едвај на 6 месеци почна да пие вода и сок од шише. Млеко уште не сака да пие. Е сега,разликата е што додека воведував цврста храна, си цицаше нормално.
    Мислам дека е време за дохрана и со цврста храна со оглед на тоа и дека не го доиш... Пробај со печена јаболка, варена, било како. Мора да присака нешто. Пробај со зеленчук (морковче за почеток).
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Нема друго, ќе бидеш поупорна, ете и Блонд ти кажа. Некаде прочитав дека детето мора барем 15 пати да одбие некој нов вкус, па да почне да јаде. Јаболкото кога е печено е послатко, бананата испасирај ја, измешај ја со малку млеко, ако не со твое, тогаш со адаптирано млеко. Или пак можеш да му даваш директно од самата овошка да цица - тоа вроди со плод кај син ми, така почна да јаде. Сокови можеш и купечки, само на почеток ќе ги разредиш со вода, или 1:1 или 2:1. А за да фати шише со цуцла - тука Блонд може да држи часови, ама најверојатно треба само упорност. И изгледа треба да го оставиш да огладне убаво... ама мене лично тешко ми е така.
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.