Мед и јатки не се единствените алергени Алергени се и јагодата,кивата,рибата,јајцето Зборувам за поголеми алергени.Така да не ми држи вода она да се внесува се кога се сака. Има друг ред на намирници кои се тешки за стомакот праз,грав,краставица,лубеница па исто се воведуваат покасно (на годинка да речеме) Со Америка неможе во никој случај да се споредуваме.Они се друго поднебје,друга клима.
Според мене, не може се кога сака, овошјето и зеленчукот си имаат ред, по тежина на варење, не може да му дадеш грав и зелка на 6 месечно бебе. За глутенот се согласувам до 7 најкасно, но не и на 4. Последно што слушнав од педијатар дека е добро на време да се воведе месо заради протеините кои се потребни за раст на детето.Според мене листата е некако ваква: - пробување вкус ( 5 и пол, 6 месеци) - јаболко, круша, банана,праска, кајсија, слива, тиква - зеленчук - морков, тиквица,компир житарици - ориз. 7м - спанаќ, блитва, ориз, палента, гриз,месо, брокула,карфиол и комбинации од се пробано и ново соодветно на месецот. 8м - жолчка. Натака не се сеќавам убаво за првово дете, ам амислам од кај 9 му воведував и вечера со ноќна кашичка.
Да се сложувам ама ова е според who и муабетот ми беше дека на времето давале се нашите баби,па и нашиве мајки па се смени дека мора да се пази ради алергии и сега пак враќаат на старо. Како може не ми е јасно
Не мора да важи дека ако се воведе храна покасно ќе се избегне алергија, на моето синче му воведов кравјо млеко после 1 год, имаше гушење, тахикардија и бронхит во болница беше 1 недела после му открија алергија на кравјо млеко и сега има 9 год и е алергичен на млечен протеин во кравјото млеко алергијата не се изгуби сеуште ама како не пие млеко и не јаде млечни производи многу ретко се преладува а бронхит од тогаш веќе не се појави.
Мајки давате сокчиња..Јас не сум дала сеуште сакам нешто дома да му направам ама незнам од што..Сакам од цвекло ама само цвекло не ми иде..Совет..?
Мало е уште за сок од цвекло , ако имаш соковник кој прави бистар сок стави морков и јаболко сосема доволно е за возраста.
Водичка од Јунешко со компирче за да проба може ли да дадам на бебе кое за 5 дена полни 7 м, побарав телешко ама не најдов
Oд верo бебешкo телешкo ке пoбaрaш aмa бaрaј oд плешкa дa ти исечaт oд бутoт пoтврдo е и бебуш мoј не гo сaкa. 629 е килo плешкaтa инaче
Од денес по препорака на педијатар почнуваме со житни каши што се прават со вода( ориз, пченка и просо) три дена ист вкус Откако ке ги пробаме три вкуса( нормално без мешање на вкусови за почеток) како потоа да продолжам секој ден различно пр. еден ден од ориз па нареден од пченка или нема правило тоа малку не ми е јасно и се плашам да не погрешам двe недели треба со кашиве да стигнеме до 120 мл оброк потоа наредни две недели од истите три часа пред спиење И тоа не ми е јасно кога ќе давам и насабајле и навечер дали треба ист вкус или различен
Прв пат слушам за вакво нешто. Кој педитар ти препорача тоа? Дохрана се почнува со зеленчук или овошје а житарки не се даваат сами
7+ што можам да воведам од:блитва, цвекло, пиперка, пченка,праз, телешко, целер и ако има нешто што сум испуштила да ме дополните
Не те разбирам какви житни каши. Купечки инстант оние што се во кутија или да вариш ориз со вода, зрно просо со вода...и сл.и јас прв пат слушав нешто вакво. Обично секоја намирница по три дена се воведува. А дали педијатарот ви кажа со кое овошје и зеленчук да почнете. Само немој да се изненадиш ако не ја постигнете потребната количина што ти ја препорача таа. Зошто секое дете е индивидуално. Конкретно моево повеке од месец дена само пробуваше вкусови, му требаше време да се навикне на новата храна, за две недели немаше шанси таа количина да ја изеде.
@pepapa Советот на твојот педијатар се коси со советите кои малтене сите мајки на форумов ги добиле од другите педијатри и ги споделиле овде. Значи таа докторка мисли поинаку од скоро сите други, што е доволна основа да се посомневаш во нејзинитр совети. Сите препорачуваат или со овошје или со зеленчук да се започне, житата после и тоа само во комбинација.