Просо со банана , и просо со јаболко до сега имам дадено. Киноа со зеленчук : морков, тиквица, брокула, со ориз исто така... Секако можеш да ги комбинираш, јас редам тоа што ќе ми дојде на ум во моментот.
од пазар, ама убаво ги мијам...Кајсиите бар кај нас се преубави, и бебе ги сака...праски годинешни не сум дала, од лани имам замрзнати уште, сега се мислам дали сок или мармалад да ги правам
Како ја спремате блитвата за во каша? Прво ја обарувате на страна, па ја додавате обарена во другиот зеленчук да се довари или?
Ја чистам од крупните жили. Обарувам настана, но многу кратко 4-5 мин колку да омекне. На крај ја процедувам, водата ја фрлам. При пасирање ја мешам со останатиот зеленчук, ориз.
Јас го сецкам на парчиња, едно парче за едно варење. Секое посебно во кесе за замрзнување ги замрзнувам. При вадење тогаш варам.
Незнам точно искрено , јас од прилика по пеесетина грама му ставав кога почна да јаде. Пример ке купев околу 300 грама и ке поделам за 5-6 пати.
Gotovo iseceno zamrznato Uste nesto da ve prasam tri dena po red da davam? I kolku pati nedelno treba da jade meso bebus?
Свежо замрзнато се препорачува, не варено. Така 2 пати губи хранливи материи. Ова го слушнав од нутриционист на 0м+ некни.
За цвекло ти е малку рано, коренестите зеленчуци ако нема потреба од порано внесување (слабокрвност) се даваат дури после годинка. Не три пати по ред, три пати во неделата. Јас давам понеделник, среда и петок месо, вторник и четврток зеленчукова манџичка побогата, сабота риба, а недела нешто полесно давам. Деновите кога не давам месо давам јајце за ручек или доручек.
Да знам, но имаме малку понизок хемоглобин, за два дена полни 6 м, а само што почнав со вкусови. Затоа прашав. Или тоа или месо да воведувам порано.
Опагање на хемоглобин на таа возраст е нормална појава.Не брзај ни со цвекло ни со месо зарди оптоварување на желудникот.Можеш кајсија да воведеш,просо тоа исто е богато со железо
Мајки ќе ве молам за помош пишувам во име на другарка ми бебчето и е 6 и пол месеци и почнати се со проба на јаболко слива круша банана морков тиквица ориз и палента е сега не знае како да ги распореди оброците и колку количински на педијатар и кажале 3 каши во денот (што според мене е многу) а пие бебето 200 мл адаптирано 5-6 пати во текот на 24ч и после пиењето плачи за уште
Мојата втор оброк имаше после седмиот месец.На 6 месеци се дава еден оброк.Останатото е ад или цицање.Тоа што плаче не е за млеко туку може му тешко на бебето оти е прејадено.
Нз вика дека шишето од уста не го пушта го држи со двете раце силно и црвенеј од плачење па му ја ставала цуцлата и уште шмукало на неа , а колку количински на пример мала тегличка од каша и на колку сати после ад??