За да биде благо додавам секогаш банана, плус некое овошје. Пример кисело млеко или јогурт, банана и кајсија, банана и слива, банана и вишна, банана и праска... Битно да има банана, ако нема тогаш некое овошје што е баш слатко.
Може некој да ми пише како беше воведувањето месо? Кое беше прво? Сум заборавила од првото дете. Ние сме при крај со пробување вкусови, наполнивме 6 па деновиве воведувам оброк наутро. Само сакам да си имам план за следните месеци што како.
Рано ѕи е за месо, месец дена сега давај за појадок овошје или зеленчук со житарки или чисти, после ќе воведеш месо, таму после 7ми. Прво се почнува со младо телешко и со пилешко/мисиркино. Јас почнав со мисиркино и телешко, од Веро ги купувам. Некои мајки почнуваат со водичка од месото што се варело, ама мене ми нема логика, па си дадов одма мевце.
Ние сме 6 и пол, сега почнавме втор оброк. Ме интересира дали мерите грамажа на оброците? По колку давате?
Да, давам по отприлика 200гр. Не гледав и давав колку сака ама ме искараа. Особено внимавам со житарките и месото. Овошје зеленчук килку сака нека изеде, ама житарки не.
Мене на таа возраст педијатарот ми рече дека не се дава повеќе од 140 грама. Потоа кај 8 месец ми рече давај колку сака, ама не повеќе од 200 грама. Не ви е рано 6 и пол месеци за втор оброк?
Моето има 9 месеци,му купувам ситна тестенина без јајца ја варам и ја давам со спанаќ или брокула,со телешко месо или пилешко со зеленчук блендирано.Комплетен оброк за ручек.
Јас за вечера давам само овошје бидејќи е полесна храна. Ама еве и да дадам тестенина би ја искомбинирала со крем сиренце или кисело млеко пример
Јас макарони давав и сеуште двам за вечера. ГИ мешам со урда на почеток сега и со АБЦ крем сир (после годинка) и кисело млеко или павлака. После годинка исто знам и кашкавал да изрендам над нив и пак со кисело млеко или павлака. НИкогаш не сум блендала макарони секогаш со вилушка малку сум ги дробела. Овошје мене ми рекоа дека не се дава за вечера освен банана. Другото овошје е енергеткса бомба па не било убаво пред спиење да се јаде. До година дена теравме овошје и житарка за доручек. Па втор оброк зеленчук и месо без житарки. За вечера кисело млечни производи и житарка.
За блендирање зависи од детето,дали и колку има запчиња.На моето тек две му пробиваат.Едвај јаде густи каши,а ако му дадам дробено ќе се задави тоа сигурно. Јас имам распоред за јадење што и како и така си терам. За доручек житарка+млечен производ или АД. За ручек само зеленчук секаков,месо со зеленчук,јајце(жолчка),и оризот и тестенините ми одат во ручек иако се житни. За вечера само овошје мешано или овошен јогурт ретко некогаш. Така ми се покажа супер,си фативме ред од се по нешто давам секој ден.
Јас не сум блендирала тестенина ама претпоставувам е лепливо и густо многу, или треба многу вода/течност или не знам како би се достигнала густина. Оставете ги макароните за понатака, сега држте се до житарки, мелени или не, има многу намирници за јадење нема потреба од брзање.
Јас не мерам грамажа, колку му се јаде, толку, само по теглички се ориентирам колку изел... Некогаш јаде количина колку цела мала тегличка, некогаш пола. А ручекот кога го правам, ставам во голема тегличка, одвај пола ја јаде...
Малата тегличка ти е 120 грама. Значи сепак мериш. Не знам колку месеци сте ама веројатно таман си јаде. Мене ми рекоа да не претерувам со количина и да пазам да изеде барем мала тегличка за оброк.
Па не е тоа мерење, пошто јас и не знам колку изел, посебно сега кога сум на работа. Појадокот му го правам пред да излезам од дома, го ставам во чинија, не во тегла. Јаде колку што сака. Ручекот го спремам од претходниот ден, т.е го варам месото, зеленчуците ги варам утрото, и полнам голема тегличка, ама не е до врв полна. Полна или полупразна, пак не знам колку изел. Споредено со поголемиот, тој многу повеќе јадеше количински од малово, па и повеќе правев. Ама малово и адаптирано пие, кога како, што не беше случај со големиот. Иначе девет месеци има, немаме вечера воведено, бидејќи не сака.