Просо на биокосмос Ориз обичен Три дена не ама два сигурно давав,ама не чисти туку со веќе пробано овошје јас давав
Jas sega na 11m planiram da mu dadam domasno ke napravam. Najverojatno so ad potopeno, a moze i taka sredata da ja dzvaka ke vidime kako ke mi izleze prvin.
Јас не се држам стриктно до табелите. Давам и од намирниците кои се од наредниот месец (за овошје и за зеленчук зборам, месо, глутен, јајце и млечни производи планирам да си давам по табела). Прво пробавме цреша, а таа е 7+, тогаш ја имаше свежа и сакав да му дадам, инаку ќе треба догодина да чекам за да проба свежа. Всушност јас целото овошје што го пишува 7+ го воведов (кајсија, црешна, вишна, слива и банана), домашно (освен бананата), нетретирано, има ли поубаво... Му дадов и лубеница да лиже, освен што е тешка за желудникот (а јас не му дадов да јаде), не гледам причина зошто толку доцна се воведува. Алергените и легуминозите исто ќе ги давам по табела, нема потреба од брзање. Туку да ве прашам, јас си го подреков детето, на почеток додека пробувавме вкусови ми изгледаше дека обожува да јаде, дури и зинуваше за уште. Си велев супер, ова детуле ќе си јаде, нема да имам проблеми. Сега откако почнав да му правам оброци не сака повеќе од 5-6 лажички. Еве денеска му спремив 80г авокадо, кајсија и морков, го пробав, вкусно беше, ниту кисело, ниту многу благо, ама едвај 30г изеде. Затвора уста, и крева раце да го извадам од столчето, ако инсистирам почнува да плаче. По колку обично јадат на почеток, дали јас очекувам премногу или??? После колку време од пробување на намирници јадевте цел оброк од 120г.?
Јас уствари немав класично пробување вкусови освен првите намирници зашто немав со што да ги комбинирам. Дирекно оброк дадов. Едно време и мене помалку ми јадеше, ама приметив дека тоа беше неколку дена пред забчето да му излезе. Можеби тоа е и кај вас, не знам, само пример давам.
Исто и кај нас си јадеше на почеток и пред да излезе првото забче одбиваше,дури и млеко со молење.еве го сега си јаде супер
А можно е да е од запчето а? Пред една недела проби првото, а мислам дека деновиве ќе пробие и другата единица. Не сакам да го форсирам и да го лутам оти така ќе добијам негативен ефект, ама пак од друга страна ќе треба на работа да тргнувам средината на септември до тогаш ќе треба убаво да си јаде и тоа 3 оброка зашто одам во смени.
Кога нема да бидеш дома ќе јаде, не се секирај. Еве и јас имав мака со моево, не јадеше, а заби немаше на повидок. За пробување немаше проблем, ама за јадење цел оброк мрчеше, не сакаше повеќе од 5-6 лажички. Веќе месец дена одам на работа, два оброци има, си јаде супер, а кога ќе дојдам цица. А трет оброк никако не можам да воведам, преку еден ден почнав да му давам вечера, ама не ја сака, дали подојот во 17:30 го заситува доволно, или нешто друго е во прашање, не знам. Вечерата ја нудам во 19:30. Како и да е, може и од жешково да не сака да јаде, моево многу вода бара. И понекогаш не можам да го нахранам убаво, ми плука, па го носам баба му да го нахрани
Ана ме утеши да ти кажам, истото што го кажуваш, истото се дешава. Викендов ќе пробаме да го нахрани татко му па ќе видиме дали ќе сака од него. Напорно ќе биде, наместо да намалуваме подои кај нас се зачестија. На работа од старт ќе одам во 3 смени, значи мора и вечера обавезно инаку како ќе ја преспива ноќта, сега почна на 2 часа да се буди.
Мора да пробуваш, да го оставаш со тој што ќе го чува кога ќе почнеш на работа. Мора уште од сега да се навикнува, јас и пред да почнам го оставав на подолго, со јадење, со спиење, иако си бев дома. Ама важно да се навикне од старт. Сега си се чуваат со баба и дедо, јас спремам ручек обично од вечер, освен ако е нешто што не може така, па тие го спремаат по мои инструкции. А се нервирав дека не ми јаде, ама кога нема да бидеш во близина, ќе видиш дека ќе пројаде. Кога не ме гледа не ме бара, ама штом ќе ме види, одма почнува да ме шмука каде стигне, а сега веќе и гризе.
Ќе те послушам. Мислев рано е да почнам, си велев 2-3 недели пред да тргнам на работа, ама ќе мора за почеток барем по 1 ден во неделата да го оставам. Фала ти.
Ко за прв пат дај со ад, да не му залепи на грлце па да те извади од памет. јас прво залче со путерче му дадов баш ради тоа. А сега со млекце. Иначе и ние сме тазе со лебчето, исто домашно месенко му давам. Ова купечкиве кај адитиви па и соја у нив..
со квасец го правам јас. квасец растворен во млеко или пак во водичка и додавам кисело млеко во лебчето за мекоќа. ако не ти е битно дали ќе нарасне можеш со сода бикарбона за да е мекичко. мада прашај дали смее сода...
Мајки како да направам каша од праска дали само лупена да ја изблендирам или треба и да се обари претходно?
@LejdiD не знам колку месечно е бебето ако е во првите месеци пожелно е малку да ја подвареш па потоа блиндирај. Ако е за поголемо може и свежа, излупена и блендирана може и во комбинација со кисело млеко или друго по желба.