јас варев јаболка и круша тоа е ок, за праска не ми звучи логично ама сепак да прашам поискусни. Сега незнам што да правам дајте уште некое мислење???
Мислам дека на пет и пол месеци не би дала праска. Сепак би почекала. таа возраст сеуште се даваат ниски алергени. А праската мислам дека не е во таа група.
Незнам м ене докторката ми напиша што да давам досега јадевме јаболко круша слива сега праска па кајсија и после морков тиква тиквичка
Dadi si prvo tikvicka morkov tikva tie se prvite sto se davaat. Eve praska jas duri sega na 10 dasov, alergen e golem
остави ја праската за на крај. повеќе од 5 вкуса месечно не ни треба да дадеш. врти ги тие другите без праска кајсија што ги спомна па мешај ги и потоа ќе дадеш преостанато.
И мене праска ми беше во првите овошја по препорака на педијатар. Ја дадов на 6'м. Првиот пат малку обарена лупена блендорана. Сега веќе не ја варам. @LejdiD слободно дади си праска, штом е шо препорака на лекар.
мајки 10м сме тргнав на работа ако може бидејки немам идеии веке да ми кажете неделно мени на вашите бебушки па да комбинирам и со моето заедно да не се мислам секој ден што за ручек и доручек,и дали млеко со житарки спага во оброк за вечера во шише?
Неделно мени немам ама еве од прилика што давам. Доручек ми е битно да е млечно пример овесни снегулки со млеко, органско какао и цимет, хељдини снегулки со млеко и кокосово масло и сл. Ужинка овошје. Било кое само не тоа вчера што сум го дала. Или цица. Зависи Ручек месо со зеленчук сигурно 4 пати неделно. Кога нема месо во оброкот давам грав, леќа, боранија, брокула со ориз и сл. Маслиново обавезно додавам. Десерт повторно овошје ко на пр тиква со цимет или без, небитно. Или цица. Зависи. Некако се поретко ми цица. Вечерата гледам да е млечна исто така баш зашто нагласив дека прекинува да сака цице. Тогаш давам палента со путер и козјо кисело или млечна каша со гриз домашно направена, или потопени бисквити на хипп со млеко, или ако сме некаде излезени добра ноќ кашичка.
Гледам спомнувате мчечен дпручек...Од кога почнавте до таква шема? Јас уште.давам овошје за доручек. Немаме млеко.кисело пробано.
Кога се почнува со два оброка доручек и ручек од колку месеци, исто ужина од колку месеци се дава и уште едно прашање: какви се тие млечни каши( со ад се прават) и од кога се даваат извинете можеби смешни ми се прашањава ама почавме со пробување вкусови 6+ сме ама страв ме фаќа како ќе се снајдеме со јадење со воведување оброци и се друго
Мамички како воведувате глутен по три дена ли како и други намирници? Јас денеска на бебе од 8 м за прв пат му дадов гриз 100 мл. направен со водичка се си изеде. Сега ми е страв да не покаже алергија
Мајки цвеклото како го давате го варите или свежо?11 м сме ама вака кога ќе му го сварам мислам се губи дури ни бојата му ја нема?
Здраво мајки! Ние сме 5+ и почнавме со пробување вкусови. 3 дена јадевме јаболка, 3 дена со морков и се мислам утре со што да продолжам. Што би ми препорачале? Дали со авокадо, тиквица, праска, кајсија?