Некои го дават прво бујонот(водата во кое се варело) па после ден два месото Јас мислам дека воведов одма месо со зеленчук мешав
За синко зедов таква уште на 5 месеци, ја користев до кај 8 месец кога наеднаш извади 4 заби, оттогаш ми е страв, да не ја скине. Не се кине лесно, ама што знам, се' бива. Инаку добра е, ама ти ќе мораш да ја држиш мрежата, бебето да шмука. После 6 месец може и да фати само. @Ivancula123 педијатарот ти рече дека е малку 300 г ? Колку треба да напредува? Инаку да, може да воведеш и месо, јас на 7+ воведов и жолчка и месо.
Не ми кажа колку треба ама ми рече дека е малку. Какво месо му даваш? Дали може сабајле житарка за ручек месо и ориз или компир? Воведувањето на месо сабајле или може попладне?
Давам телешко и домашно пилешко, понекогаш и мисиркино, постепено ги воведував, прво со пилешко почнав. Инаку, да, може сабајле житарка, а за ручек ориз со месо, или компир со месо. А за воведувањето, прво од сабајле ќе дадеш неколку лажички од ручекот со месо во време кога ја даваш овошната каша, па ќе следиш, макар што може и на ручек да дадеш, до кај 14 часот најдоцна, во принцип месото не дава алергија.
јас банана давав сигурно 4 пати у недела пошто со се оди убаво во комбинација. почесто давав овошна бидејки изборот на овошје беше поголем од зеленчук тој период
Fala Jas davav eden den ovosno eden zelencuk. A za banana neznam, jas davam maksimum dva pati nedelno ama taka mi doaga n deka pazam nesto
Банана давам 2-3 пати неделно. А во однос на зеленчуковите, додека имавме само еден оброк имав дадено само морков и тиквица, и се случуваше еднаш до два пати неделно да дадам. Со самото воведување нови зеленчуци како компир и сл,воведов втор оброк, тоа ми беше на 6 и пол, можда и 6 и три недели да беше, односно пробувањата ги праев во ручек време и така самото си дојде да дадам втор оброк
И ние сме 7+, по препорака на педијатар почнуваме со месо (телешко, мисиркино и пилешко). Ни 3 пати во една недела едно месо (на пример:понеделник, четврток, недела). Следната недела друго месо и така.. Може да се меша со веќе пробан зеченчук.
Уште не, а и според спосоков на докторот по месото одиме со млечни производи, баш утре сум на редовна контрола ќе прашам за глутен
Ќе полудам. Синко не ми јаде никаква зеленчукова кашичка. Правам и фрлам а не ја ни пробува. Два дена јаде само доручек. Како се справувате?
Може да е фаза само што ќе помине. Ако е за некаква утеха, на 9 и пол месеци еве се случува 3 каши да ги фрлам во денот, непробани. Моето никакво овошје не јаде освен банана а таа му прави бајаги запек па веќе ни јас незнам како да се справам
Мајки имате ли совет како да му давам здрав оброк на син ми, а да не е пасиран/блендиран? 9+ е а веќе ги одјаде омилените каши, сака да јаде и пие се што ние јадеме, а не се храниме секогаш најправилно. Пробав да му ја давам истата храна како до сега што јадел само малку испасирана со вилушка, ама и така не сака. Дете се тепа да јаде од нашето и да пие вода од голема стаклена чаша
Сака брзо да порасне Пробај смени му нешто во исхраната, прави некои други комбинации, воведи нешто ново. Период е. И мојата така како ручекот се исто и беше и и' се одмили и несакаше да јаде и почнав да менувам и сега си јаде.
Мајки сакам да ве прашам блитва како воведовте, знам дека не се дава 3 дена, еве утре да дадам малку,нареден пат по колку дена? И друго, дали сите овие зеленчуци се воведуваат по 3 дена:пиперка,цвекло,целер и пашканат?
Дали користите маслиново и кокосово масло во кашичките? Колку количински и дали маслиновото масло го ставате во веќе приготвената каша? Какви користите, т.е. од кој производител?