Да, маслиново или путер за зеленчукови каши, ладно цедено, било кое, најчесто од КАМ. Кокосово во овошни каши, на Кулау од Зегин. Не користам секој ден кокосово, само понекогаш, а маслиново или путер секој ден во ручекот, го ставам кога ќе заврши готвењето и само промешувам, па пасирам.
Здраво, за некој ден ке треба да почнеме со воведување на цврста храна потоцно пробување на вкусови. Ќе може некоја од поискусните мами да ми објасни со што почнавте? Откако започнавте со пробувањена вкусови,како се одвива доењето, т.е. колку време пред/после пробување на вкус бебето смее да цица?Малку ми е нејасен временскиот распоред.. Благодарам однапред.
Не му е сега сезона мислам, јас во есен и зима сум го гледала. Ама не ме држи за збор, не знам, не сум дала тоа на децава.
Станав експерт за булгур по темиве Булгурот е повеќе видови на преработена пченица,најчесто дурум пченица.Може да го дадеш откога ќе воведеш глутен,бидејќи го содржи.
Палента дадов прв пат вчера. Ја измешав со јаболко и на беба и се допадна. Денес со што да ја дадам? И морам ли и утре да давам? Некако 3 дена со ред да не и е многу? И онака запек има од запчињата па страв ми е...
немораш палента и утре ако не сакаш јас ја давав со сите овошиа со банана и вишна најмногу ја сакаше пробав со тиквица еднаш и не ја јадеше
Јас кога воведувам нова намирница никогаш не ја воведувам 3 дена . Првиот ден мешам малку со веке испланираниот оброк а наредниот ден давам цел оброк со таа намирница . Мислам дека палентата нема потреба 3 дена да ја воведуваш .Јас ја мешам со ситe овошја и зеленчук . До сега не сум имала проблем да ми одбие некоја комбинација.Моево бебе најчесто има запек од компир. И гледам само еднаш неделно да го дадам , наредниот ден секогаш слива давам . Од што има запек твоето бебе да не е од некое јадење ? Зар и кога вадат заби тоа се случува ?
Палентата не прави запек, туку ја регулира столицата. Запек од заби тешко да има, ама нормално е бебе во периодот на воведување цврста храна да има проблеми со столица, па да не оди по голема нужда ден-два. Ако има мака, ќе форсираш на храна која докажано протерува (презреана банана, слива, крушка, праска, кајсија), овес ако имаш воведено. Во глобала, житарките помагаат за регулирање на работата на цревата.
Моево од првиот залак цврста храна престана редовно да кака. На 3-5 дена кака, си има мака ама матичниот вели до 5 дена ништо не е, ќе се регулира. Комбинирам внимателно храна ама џабе, стомачето балонче е цело време, машала буцко му викаат Кисело млеко од кое купувате за бебиња? И јогурт?
Кисело млеко и јогурт на Бучен Козјак, од нив давам, додуша на малово само кисело млеко му давам, јогурт уште не. 10 месеци е.
Jas od utre treba da i dadam zelencuk pa sakam da prasam dali i zelencukot go davate po tri dena i koe vreme isto kako ovosjeto do 12h, 6+ m e mala e za dva obroka neli?
@Annath И јас не верувам да е од забите, ама веќе цел месец скоро се случува 2-3 дена тешко да кака, па потоа цел ден обилно кака. Ама за тоа време само сливи и праски давам, затоа сакав да не давам 3 дена палента, не дека таа прави запек, туку за да дадам слива, а таа со палента не ми оди. Педијатарот некни рече моми од запчињата што не и пробиваат запек да фаќала @VedaG10 Јас дефинитивно сум сигурна дека мојата има запек од ориз, просо, јаболко и се тоа кога давам другиот ден давам слива. Ама последно како испадна во неделата 3 пати слива давам од што се мачи да се кака По идеја на @joy1 дадов палента со вишни за доручек. Воодушевена е мал збор. Се излапа
Здраво мамички. Сакам да прашам кога воведовте ноќна каша кај вашите бебиња. Мене педијатарот ми препорача да почнам да му давам ориз навечер ама како да почнам да му воведувам овошје зеленчук. Тоа се дава од сабајле. Тоа значи уште одма два оброка да има. Не ми е баш јасно.
Пишав на темата за глутен, никој не пишува. Сакам да воведам глутен , не знам со што. Овез, гриз? Гризот со млеко се прави? Овезот со што? Какви овесни снегулки им давате на малите ај некој сликнете. Тенк ју