Јас воведов цело зрно спелта како прво. Па цело зрно овес, па гриз од спелта оној од дм...плус некои 5 житарки на хип имам кутија кои повремено ги мешам во каши. А гризот јас со вода го правам и после додавам банана, праска, јаболко, слива...и убаво е многу, сум пробала. Рогач користи некоја од вас, во овошни каши? Мислам 6, 7+ дека е, незнам колку се става и дали има бенефит некој ?
Па затоа прашав дали со млеко. Јас со оглед да го дојам, не можам да измолзам доволно за да направам.ете.гриз на пример. Значи да го направам гризот со водичка. А цело зрно како воведе? Или поедноставно не ми е со гриз да полнам? Не знам стварно.
@kikin jas pocnav so griz od spelta imal najmalku gluten pa posle dadov ovesni snegulki. @wings rogac e mislam 8+ A jas se mislam sto da vovedam prvo leka grasok ili boranija
Е кај има таков гриз од спелта да купам? Видов во дм имало.... Ама уште сум на два ума, да не е рано за глутен 7 и пол месеци?
Мајчино млеко не смее да се вари, така што сите гризот сме го правеле со вода се додека не сме вовеле обично млеко во исхрана .
Ти си знаеш најубаво. Јас на седум воведов и кај двајцата, осум месеци според мене е предоцна за глутен. Кога и да воведеш, ако треба да има реакција, ќе има. Само што не се јавува одма, треба да помине некое време, притоа мислам месеци, дури и после години знае да се појави.
Вари го со вода а доколку можеш да измолзиш свое додади го отпосле, исто и ад млеко. Јас додадов мајчино но не го сакаше така. За глутен не ти е рано, мислам таман сте иако јас на 8ипол мислам воведов.
Во веро видов една кутија на хип мешани житарици и пишуваше идеално за воведување на глутен. Се мислам да го земам тоа или да воведам и јас со обичен гриз оној плавиот? Овде дм маркет нема... Што воведовте прво, месо или глутен? 7 месеци е беба
глутенот треба да го проба до 7ми месец. јас дадов прво месо па глутен. месо на 6 глутен на 7. по препорака на педијатар. инаку да, и јас со инстант каши воведов.
Значи сите различно кажуваат, некои дека треба до 7, некои педијатри во 8 . Затоа ваљда мајката најдобро ќе си знае.
Мами имам едно прашање ако може помош. Ние за некој ден правиме 4 месеци и педијатарот ни рече дека може да почнеме со давање овошни сокчиња и после тоа и овошни кашички. Е сега додека ги испробаме првен сокчињата па со кашичките ќе почнеме негде од 5 месец. Ме интересира кога почнавте да давате кашички по колку пати на ден дававте кашичка? Поздрав
Јас лично за мене ќе кажам, почнав со вкусови од полни 5, 5 и една недела, за со оброк да стасаме веќе на 5 и пол 5 и три недели. Сокчиња не давав претходно, само на доење беше дотогаш, сокчиња задавав заедно со оброкот.
Јас на 6 уште вкусови пробував да и давам што се вели. Ручек почнав крајот на 6 месеци и тоа се едно те исто, морков, тиквица, карфиол и компир. Се тоа вртам.Сега е 7 па ќе пробаме глутен и уште некој зеленчук. Кон крајот на 7 ми ќе дадам месо. Ама како ќе биде не знам. И цела каша да ја изеде после бара да цица Жедна е знам, ама вода и давам не сака секогаш.
Јаа една недела пред 5ти месец почнав со пробување вкуаови за од 5ипол да има цел оброк за доручек а непто пред 7ми и ручек. Сокчиња не давам тоа е препорака на сзо освен кога имаше запек па му разредував на хип од слива.
Денес сакам да воведам блитва. Планирам со компир и кромид евентуално. Колку дена да ја давам? Како да ја приготвам, обарена во башка вода, така мислам?
Јас блитвата ја ставам на крај во истото тенџерче кај другите зеленчуци, околу 5 минути убаво да се обари. Не ја ставам посебно.
Блитвата се вари посебно поради нитритите, значи никако заедно, штетна е за бубрезите. И јас варев заедно ама ми кажаа што е муабетот и си мавнав чврга и се свестив.