Прво чист ке дадам а наредниот ден со јаболче планирам Дали сте давале печени морковчиња или само варени?
Бидејќи моево дете мислев дека ,,бира,, јадење, пробав да дадам морков,прво јаблко со сок од морков, па после морков со мааалку јаболко. МОево дете не е од ниедно јадење воодушевено, но таа комбинација е ТОП. И кај нас има мал напредок, почна денес да мљуцка,да голта сам, јаболче со крушка. Мама денес пресреќна!!! Утре ни е слива на мени. А ова со 6 овошја во месец го практиктикувате или? Дадов до сега, јаболче, круша,банана(со столицата мислам дека ни прави проблем,па страв ми е да давам),слива и морков. Што да давам следно, освен ориз и компир?
Почна да ни оди и нас ρаботата. Денес сκоρо пола κаша(мала тегличκа хипп) слива. Ама цицето по 5мин си го побаρавме. Ме интеρесиρа,остатоκот да му го понудам во теκов на денов или доста му е еднаш?
Браво, баш се радувам. Не форсирај со јадење, колку сака-толку. Инаку кашичките купечки откога ќе се отворат се даваат до три дена мислам. Јас најмногу до наредниот ден нудам, после ми е шубе. Ако сакаш пробај после понуди пак. Инаку нормално е на почеток да јаде и да се дојадува со цицање.
И јас не ја давам три дена,наредниот ден ја фрлам, но не купувам(освен сливата,која сега свежа не можам да ја најдам). Не го форсирам воопшто, колку му сака душичката толку, најважно пред се му е доењето, за јадење цеел живот ќе јадат. Ќе му дадам после пак,да видам како ќе реагира, до сега два пати во еден ден му немам дадено.
Вчера имавме неуспешен обид со тиквичка, цело време и се гадеше и на крај поврати Ќе пробам уште денес чиста, ако не оди, утре ќе ја искомбинирам со морков...
Бљуткава е и воденеста тиквицата.Помешај и ја со нешто.Ако вчера чиста си дала дај денес во комбинација.Нека преовладува другата намирница повеке.Полека полека ке јс прифати
Во почетокот ја комбинирав со јаболко и многу ја сакаше така. А сега ја ставам во скоро секој ручек. А чиста и мене не ми ја сакаше. Инаку да прашам дали знаете од кога смеат ананас?
Вчера стигнав до цвекло (од наши роднини од село, да знаев дека имаат од порано ќе побарав), плус ми пратиле и грашок исто така одгледуван за домашни услови а не за пазар (за 5 дена ќр воведеме и грашок). Многу ми е кејф на душата што успевам да наоѓам здрави намирници за кашичките на моето бебе. Инаку сега сакав да прашам дали ми е подобро цвеклото да го додадам во свеж сок од јаболко и круша или да го ставам во кашата. Ако го додадам во сокот треба ли да го подварам цвеклото или свежо? м?
Ние направивме годинка и сега сакам да воведам белка ама незнам како. Ако сака некоја поискусна мамичка да ми кажи само знам дека пред да ја воведам да пробам со изматена белка да му савам на лицето и да почекам 10 минути ако не се појави црвенило да почнам да воведувам(ова ми е кажана од др.Маргарита Комбовска педијатар во Плодност)
Направи некои мафини или кифлички во кои ќе ставиш цело јајце, друго не ми текнува. @snegulkata секој различно постапува во врска со сок од цвекло, јас кога се консултирав со нутриционист ми рече дека до година само варено цвекло да се дава, сокот бил јак. Е сега во темата денешното мени гледам дека даваат, па како ќе одлучиш така. Јас го сварив со се лушпа, го излупив и замрзнав во количина како за оброк- со нешто друго. А мислам дека свежо секако е најдобро ама ќе почекам уште месец дена.
Јас денес првпат и дадов цвекло. Бидејќи не пие сокчиња, јас го сварив и го измешав со другите намирници што ги имав планирано за ручек. Супер прифати и се си изеде.