Здраво мајки ме нема мн одамна,покрај малата немам време ни да читам ни да пишам. Сакам да ве прашам околу пробувањето на вкусови. Јас и дадов јаболко и круша, после крушата вие што дадовте на вашите најмили
Фала ти многу дека ми е прво па затоа прашувам. Матичната ми рече банана да не и давам оти не кака редовно, а е само на мајчино млеко, вода и чај не сака. Повторно фала
Од презреана банана моето веднаш кака, не мора да значи дека ќе има запек. Колку е бебушка? Ако нема сеуште 6м не компир, тој тек после 6м.
Ај сега кажете со месо како да почнам? Најдов телешко и сакам да и дадам од наредна недела Тогаш ќе биде 7 и пол месеци.Да давам прво вода од месото или директно мевце да блендирам? Колку дена се воведува? Откако целосно ќе се воведе по колку грама се става во оброк?
Јас дадов директно месо. Воведував 3 дена како и се друго, но мали количини првите 2 дена да не оптеретам. Понатака 3 пати неделно по 50тина грама, мешано со зеленчуци. Тоа е тоа
Би сакала да ве прашам оние кој сте биле или сте сеуште н ексклузивно доење, кога за прв пат почнавте со воведување дохрана? Од кој месец прв пат дадовте било што? Читам по фб групите за доење поделени мислења. Некој викаат од 4+ некој од 5+ /6+. Педијатарката ме советува од 4+ да почнам со вкусиви, па затоа би сакала и ваше искуство да споделите.
Јас почнав на 5 и пол. Комбинирано овошје зеленчук дека се мислев што е поправилно па ова сметав дека е најдобро. Денес имаме тиквичка на мени за прв пат
Со првата ќерка почнав кога беше скоро 5 месеци. Причина за тоа беше што слабо напредуваше а не сакав да мешам со ад. Да имаше посолидна килажа ќе чекав до 6ти месец.
И јас почнав од 5+ со пробување вкусови со 1-2 лажички. И сметам дека 6+ е касно за тоа веќе имав еден оброк тогаш,а 4+ рано,ама личен избор кој како сака
Синко напредува супер. На 3 месеци веќе ја дуплираше тежината. Роден 3330кг и сега на 3ипол месеци е 7190кг. Педијатарката советува да почнам со дохрана затоа сакав совет и од вас.