Кај нас обратно. Исто на ексклузивно доење ама многу малку напредуваше. Дуплираше на 8-9 месец мислам. Веќе на крај на 4ти да и давам дохрана и да воведувам ад ми немаше логика, па започнав со вкусеви. Доколку добро си напредува јас би почнала покасно, не би му го кратела млекцето.
Со пробување вкусови почнав 10тина дена пред да наполни 6 месеци. Тешко ни оди јадењето, дали од жешко, дали од заби, се е на молење. Кога наполни 7 воведов и ручек, знам дека е рано, но мора да побрзам бидеќи тргнувам на работа. Модар патлиџан од кога може?
7 и пол месеци сме. Ми требаат предлози за зеленчук. Досега имам дадено тиквица, морков, компир, блитва, пиперка, пашканат, кромид. Се едно те исто вртам за ручек. Што може плус да воведам?
Батат, цвекло и лук. Јас се изненадив колку мали сака цвекло, имаме домашно и секогаш кога му ставам цвекло изедува цела кашичка. Лук исто ставам речиси во секоја зеленчукова по 2-3 чешниња. Купувам и готови кашички од тиква дека сега не им е сезона па им додавам зеленчук.
Немам уште воведено месо, деновиве чекам да стигне, нарачав домашно телешко, со тоа ќе почнам. Спанаќ сега нема, а грашок каков да дадам? Да барам свеж на пазар има ли? Или пастеризиран на подравка? За нас таков земам. @Lolipop23 Мојата многу ја сака тиквата, исто и јас ја давам готова на хип. Батат не сум дала, не можам да најдам. Брокула давате ли? Карфиол веќе дадов, претпоставувам и брокула може. Инаку трикот за зекенчуковите каши ми е маслото. Откако додавам 2-3 капки маслиново, се јаде. Освен пиперка, неа најслабо ја сака, а мене ми е омилена
Грашок сега има свеж, сигурно ќе најдеш, тој барем не бара прскање, па од каде и да го земеш е безбеден. Јас уште немам воведено, ми е страв да не му е многу тежок да му предизвика гасови. Батат јас од Тинекс земам, скоро секогаш има. Брокула чекам да бидне нашата од бавча, а карфиол од каде најде? Ручек имаш ли воведено?
Воведов на полни 7. Не секогаш го јаде. Давам помала количина за разлика од овошјето. Карфиол зедов од веро, колку да воведам и веќе не купив, грд беше. Грашок ќе барам на пазар, а батат нема кај нас дефинитивно. Има тиква, слична е блага, не е страшно
Палента мора да се свари. Пастеризирано, конзервирано не за бебе. Со пиперка причекај, кај нас оојави црвенило на газе дури и крвче.
Од пиперка?! Што збориш... домашна беше? Јас на 7 месеци дадов, немаше мака, ама не ја сака нешто многу.
Да, домашна, непрскана, мене докторот ми рече дека е 12+ ама ај викам малку оред годинката ќе дадам, крв му течеше од газето. Пиперката е дефинитивно 12+, ваљда прави кисела столица, не знам.