Во врска со морковите имам прашање.Дали е подобро да се купуваат од пазар или од тегла(хипп,бебевита) со оглед на тоа дека постои мислење дека се најтретиран зеленчук?Јас имам домашни но останати ми се уште малце.Што потоа?Или има органски по био култ?
И јас користев домашни. Сега земам од пазар. Не сум информирана за ова. Јас скоро секој ден и давам морков.
Аууу, не сум знаела дека баш и морковот е најтретиран зеленлук? и јас од пазар купувам. Испадна работава една нива да земеме и сами да одгледуваме
Само гледај нивата да не е на загадена земја. Туку сакав да прашам...првпат му дадов на син ми кашичка од праска на хип, ама не сакаше ни да вкуси. Првото лажиче одвај и тоа дури го плукна. Наредниот ден пак дадов (и тоа со триста комбинации) ама не успеав ни толку. Сега не знам дали да сметам дека уште не ни е воведена... И кажете ми дали некој од овие продукти можам да воведам сега (8 месеци) или се е за после 9: грашок, боранија, црвена пиперка, цвекло, модар патлиџан, јогурт (јадеме само кисело млеко)...
Јогурт можеш. Цвекло јас вчера првпат дадов, дека сега најдов. Пиперка и модар патлиџан не сум дала, а имам замрзнато и од двете. Имам од оние пиперките за ајвар што се, може од тие да и дадам? Боранија (домашна) давам од 8 месеци и супер ја прифати и немаме никакви проблеми. И ја давам секој втор ден. Сега гледам ми е пред крај. Каква земате вие, од зелената или жолтата боранија? Домашнава што ја давав беше жолта, сега се мислам каква да купам, која е подобра?
По табелите и групите на мајки што ги следам, сите овие намирници можеш да ги воведеш. Што се однесува до цвеклото, се почнува или со варено или со печено цвекло зашто свежото е јако за бебешкиот желудник. Но ако немате домашно туку куповно (а ова се однесува за сите овошја и зеленчуци кои се третирани) искиснете ги 2-3 саати во вода со оцет и сода бикарбона. Факт е дека неможеме сите да се снабдуваме само со домашна нетретирана храна.
Јас немам ништо домашно, прашувам за пазарскиве производи. Единствено ако не сакате една нива Фемина да земеме и сите со мотиките в раце, па сите ќе имаме домашно овошје и зеленчук
Така пишуваше на фб групата за здрава храна на деца.Имаа и слика од морков покиснат пред тоа ,беше поцрнет цел.Демек од пестицидите сето тоа.
Можно е. И јас ги следам, ама сум го испуштила тој пост. Не знам кое зло да го одбереме: прскан морков или од тегла ( нели хипп е гмо?)
Ја имам таа сρеќа да повеќето намиρници потρебни за бебчо,ги имам домашни од κај моите. Но,веρувајте и аκо вие сте сигуρни деκа е пρоизводот домашен,не е точно деκа е 100% пρиρоден. Личен пρимеρ,сите пρоизводи се наводнуваат со систем а низ него му ставаат безбρој ѓубρива,витамини и сл. За истите побρгу да се заρуменат,узρеат или да не се ρасипат. Κога пρашав зошто моρа тоа да се пρави,одговоρот беше,ни вρемето ни условиве сегашни не дозволуваат таκа да се одгледа еден пρоизвод.
Од кога се воведува втор оброк и кои намирници ги содржи? Воведовме морков, сладок компир, тиквичка и пашканат.планирам уште брокула и обичен копир. Ве молам мајки споделете искуство, како понатаму?
Здрaвo мaмички... Јaс сaкaм дa прaшaм кoи житaрки ги купувaте зa вaшетo бебе штo се пoдгoтвувaaт сo јoгурт?
Јас со кисело млеко давам овесни снегулки, просо, киноа (синко ич не ја сака) и палента. Досега само тоа, имаме 8 месеци.
Сакам да прашам за тиквата како ја подготвувате. Ја печете ли? Колку време може да стои така испечена? Исто така ме интересира свежа колку време стои? Во фрижидер се чува или надвор? Ние дома не јадеме тиква, па би земала само за малата, а обично се продава или цела или половина тиква што секако ми е многу. Затоа и ме интересира начинот на чување за да биде што подолго свежа. Да не купувам секој ден и да ја фрлам.
Може да ја исечеш на парчиња колку за оброк и да ја замрзнеш, па си вадиш колку ти треба. Како за бебе е препорачливо варена, печената е посува. Секако ќе ја мешаш со твое млеко или некое посочно овошје. Варена може да стои ден-два максимум. Во фрижидер и подолго, ама не би чувала така за бебе.
Јас за малиот земав едни мали тикви. Мислам дека беа околу 200-300грама. Инаку има и сечени продаваат.