Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски
    Колку пати неделно смее да се дава цвекло и по колку давате отприлика? 11 + сме
     
  2. marijaaa20

    marijaaa20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Бебуш супер си напредуваше на ексклузивно доење и иако сите околу ме форсираа да почнам со дохрана јас по свој инстинкт и препорака на педијатар почнав од 5 и пол. На почеток пробуваше од се по малку но еве веќе недела време само банана признава. За се друго затвара уста и вреска. Имал ли некој слично искуство. Не сакам на сила да му давам ама па и само банана не бива да јаде. И сеа секако сите едвај чекаат да ми кажат дека вака прави оти касно сум почнала. Аман.
     
  3. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Нешто друго го мачи. Жешково, заби... Супер си почнала. Нели ако е на ексклузивно доење СЗО препорачува дохрана од 6м. Кога требаше според околината? Знам дека е нервозно, ама пробај да игнорираш, поготово затоа што си го направила најдоброто, тоа нека те одржува во трпение. И мене една мајка на која бебето и е малку постаро од моево и јаде се, ми рече "дека доено, да не го доеше, се ќе ти јадеше":fubar:
     
  4. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    И кас за цвеклото сакам да прашам. 8+ сме сакам да дадам , па кажете како го приготвувате, колку време го варите од прилика и со што најчесто комбинирате?
     
  5. marijaaa20

    marijaaa20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Во право си и ни во еден момент не мислам дека сум погрешика. Се надевам дека ќе почне и друго да ручка. Мое е да нудам. Негово да ме одбива. Хахаха. Знам и ти се мачиш со јадење некое време. Ајде од жешкото ваљда. Барем млекце си цицкаат <3
     
    На BirMelek му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Женски каков путер давате, знамдека треба да е несолен, препораки????
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.150
    Пол:
    Женски
    Президент, Мегле, на Зелена Долина, кој ќе го најдам.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    3.308
    Пол:
    Женски
    @kikin јас денеска прв пат дадов цвекло, сбајле му направив со јаболко и палента, беба изручка со сласт, понатака планирам за ручек да го комбинирам... Го варев додека да омекне.

    Треба со жолчка да почнеме, според педијатарот 3 недели треба да ја воведувам, некако многу ми се гледа, тој период не треба никаков нов вкус да воведам? Со што ја комбинирате? Вие како ја воведовте?
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.150
    Пол:
    Женски
    Можеш да воведуваш и друго, нема да има проблем, само прати како ќе биде првите два три пати, не давај друго ново тие денови. Јас два месеци воведувам жолчка додека да стигнам до цела. Почнав со осминка на седум месеци, цела жолчка јадеше на девет месеци. Комбинација со нешто посочно, да не е многу сува, со потечна палента, со банана, со веќе воведен зеленчук.
     
    На apple12 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    И ние сме тука негде за жолчката
    Секој ден одложувам....
    Погоре прочитав...путер имаш дадено?
     
  11. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    3.308
    Пол:
    Женски
    Немам, се заборавам да купам, со ладно цедено маслиново му го правам ручекот. Педијатарот ми рече или маслиново или несолен путер.
     
  12. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    И јас ставам маслиново
     
    На apple12 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    И јас жолчка уште не сум почнала да воведувам, кај и да е треба да почнеме деновиве.
    Путер исто немам дадено, ставам понекогаш маслиново на зеленчуковите каши, а наредно мислев да земам кокосово масло.
    Цвекло имам домашно и ми беше едно од првите намирници воведено, го давам 3-4 пати неделно, варам додека не омекне (впрочем за ништо не гледам на саат, туку додека омекне), со се оди во комбинација, со компир, со батат, со тиквичка, морковче....
    Зеленчуковите каши ми се секогаш од повеќе состојки, пример денес ставив батат, келераба, цвекло, пиперка и лук, многу беше вкусна.
     
    На apple12 и kikin им се допаѓа ова.
  14. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    66.867
    Пол:
    Женски
    Мајки се двоумам дали да почнам да давам свежи цедени сокови, за некој ден правиме 10м. Знам дека не се препорачува до годинка барем. Давате ли вие и колку често?
     
  15. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    911
    Ovosjeto od kolku meseci pocnavte svezo da go dadavate?
     
  16. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    66.867
    Пол:
    Женски
    Уште од почеток на дохрана.
     
  17. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Јас овошјето првите 2-3 недели го варев малку. После тоа свежо блендирам.
     
    На pepapa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.150
    Пол:
    Женски
    Зошто да не се препорачува ако е свежо цеден сокот? Јас давам по неколку голтки, од чаша, пошто моево од друго не пие.
     
  19. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Ако немам домашно цвекло, ова од пазар од која возраст се дава. 11 полнисме.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.150
    Пол:
    Женски
    Може да дадеш, слободно, ама само варено. Јас со првото згрешив, му дадов свежо цвекло пред годинка, како сок со јаболко и морков, ептен повраќаше. После година, година и пол може и свежо, ама во мали количини.