Фала за советите, по препорака на педијатар од 4 ипол требаше да почнеме со храна, "избрзав" само две недели овде нема цврсто држење до правилото од 6мес цврста хранa, туку во зависност од детето. Втор оброк, вечера, обично воведуваат после две недели. Почнуваат со зеленчук и брокулата е меѓу првите намирници. Од 9 мес децата почнуваат да ги учат сами да јадат, за да бидат спремни во градинка на една год, речиси сами да се хранат. На една година, децата јадат исто што и другите дома, зачинета храна исто како за возрасните, нема посебно готвење. Така да ви благодарам за советите, очекував да ме потскарате Пак ке препрашам зарем ја нема во мк хрзната на лино од 4+ со хељда?
Можеш да му дадеш зашто да не. Инаку од зеленчук можеш да му направиш компир, спањак, морков прво малце подварено па печено во фолија заедно со маслиново...
Втор оброк се воведува после два месеци по некое правило. Ете немора да се два ама бар месец ипол нека е. Брокула е од 6 , бар јас ја дадов тогаш дека ми беше страв од грчеви. Да, секое дете е различно, некое јаде повеќе,некое помалце, ама на 6-7 месеци три оброци некако не ми е ... Мали се, не треба да им се преоптоварува желудникот.
Да да, малце. Стави му нешто што многу сака (пример морков) и нешто што не обожава (пример тиквица) напраив некој однос 70 со 30 и полека ќе почне да го засакува едното поред другото.
Of drugite 2deca problem sum nemala nikakov,a ova mi prebira mu smeniv cucla ne ja saka mu ja dadov starata sea ista treba da baram
И ние само еден тип на цуцла сакаме откако сме родени. Не ог сметам тоа за проблем, го сметам за навика. Кисело млеко не сакаше на почеток, и му давав со палента (баш како што ти кажував) и сега го обожава. Полека, ќе му го фатиш редот, секое дете е приказна за себе. Не сметај на прибирливоста како на проблем. Ќе му ги најдеш цаките .
Мајки,што друго можам да му дадам за една недела 9 полни,до сега тоа што е препорачано сум му давала Жолчка од кога? И кисело млеко и јогурт му давам а сирење и урда знам несолени но незнам од кај да купам. Боранија дали може? И вечера од 9 мес ли? Често ми се буде ноќе за млекце а и цревцата му кркорат како да е гладен....
Урда несолена зедов од тинекс. Боранија,леќа,грашок ако не си дала,лепче,тестенини(без јајце), исто и со жолчка можеш да почнеш. И вечера од 9 да. Зависи од тоа кога сте почнале со дохрана.
Мајки, бисквите плазма содржат мед. Ги давате ли на тие деца што немаат мед пробано? И дај кажете некој рецепти со печен зеленчук, се варено давам.
Не. бисквити на Ло бело или хип само. Плазма не доаѓа во обзир. Јас до 3 год не би дала плазма. испечи му компир морков тиквичка модар и кромид во фолија со маслиново. При крај отвори ја малце фолијата едно 5 мин така.
Мајки од кој месец се почнува со воведување на првиот оброк (значи еден млечен оброк да се отфрли скроз а да се воведе цврст), тоа сигурно нема да биде само овошје или зеленчук, треба да биде покалоричен, и што би требало да додадам, житарки претпоставувам? Ние сме само на ад и пиеме отприлика на секои 4 часа, е сега кога ќе го воведеме цврстиот оброк, како да знам колку ќе го држи и после колку време пак да му дадам ад? До крајов на месецов ќе одиме на педијатар, планирам секако и докторката да ја прашам.
нема калорично на почетокот за бебе се воведува овошје и зеленчук и ориз од житаррки.Штом ке почне да јаде отрприлика една мала тегличка веќе се смета за оброк