Вчера му ставив во зеленчукот малку грашак. Супер го изедеи нема реакција. 9м е. Треба по три дена и грашачето или нема врска. Исто планирам да воведам сега тестенини, жолчка. Есенски спанаќ видов има, му имам дадено само блитва. Има некоја разлика или да си крка слободно?
Таа стандард на здравје радово има 1%сол. Во јогуртот има повеќе ако гледаш така .Инаку најдов домашна козја, ама стварно не знам како ќе и ја давам. Не ја можам миризбата.Таа може не мириса, амс ужасно се гадам
Маме со палента можеш а јас знам и во ручек да ја вметнам кога има пример спањак или блитва со компир кромидче и урда. Потпечувам се па додавам пред крај урда и тоа да се потпече 5 мин.
Majki slivite kako gi podgotvuvate I so sto gi kombinirate drugo.Jas gi lupam I malku gi zavaruvam pa, gi blendiram gi mesav so krusa, jabolce, banana.
Да и препорачливо е. Некогаш компот па го пие, некогаш со друго овошје. Суви сливи пример давам отстојани во вода да омекнат со млеко и овес за доручек..
Само не ги лупи, лушпата е корисна, а и сливите не се прскани претежно. Јас суви не давам уште, само свежи најчесто со праска или банана, а може и круша или јаболко. Сега почнав да ја давам и со бисквити, банана и цимет. Превкусно беше, ама бебево мое ништо не јаде
Колкави сте? Ние сме 5 м и 1 недела. До сега само овошје му давам планирам и зеленчук. Е сега бев на педијатар доктоеката ми вика рано е за житарки, само по 2 кашички на ден една овошна една зеленчук. Па се мислам дали е во ред житарки не, а 2 кашички на ден
на 5 месеци сем ориз и да сакаш друго неможеш да даваш.Од полни 6 можеш да воведеш палента и просо се останато глутенско е над 8 месеци
5, 5 месеци сме. Недела дена сме со пробување. Мислам дека е рано на оваа возраст да имаат два оброци. Јас му давам само наутро оброк, инаку сме на цицање. Количински малку му давам, ми е страв некако. Денес изеде цела банана и на мисла сум цел ден да не претерав. Колку би било доволно одприлика количински да му давам. Знам дека секое дете е различно, но што се препорачува за почеток на дохрана? @Lady*Bug кои намирници ги имаш воведено до сега? Ние банана, нектарина и круша. Утре ќе му дадам тиквица. Ако не ја сака ќе ја измешам со некое овошје од веќе пробаните.
До сега му имам дадено јаболко, крушка, морков, банана и авокадо. Деновиве планирам батат, тиква, тиквица да дадам. Инаку до кај 100 гр педијатаров ми вика ок е. Цела банана да не е многу Од житарки ништо немаш дадено така? Ние сме само на ад инаку.
Женски ај препорачајте за читање за воведување на цврста храна, дали на интернет дали некој бебе готвач... Дали е попрактично рачен блендер/пасатор или мало блендерче? На време да се спремам
мајки од кога почнавте со сокчиња и која количина? ние сме 8 полни и планирам да почнеме инаку досега сме само на цицање ималку вода по оброците
Нема потреба од сокови, само празни калории се, и полнење на желудничето без потреба. Подобро давај свежо овошје. Јас не давав и не планирам да давам ни понатаму. Водата е доволна како дополнителна течност освен мајчиното млеко.
Сакам да пеашам дали првите кашички мора овошјето да биде варено па изблендирано или може свежо изблендирано. Пред два дена почнав да му давам кашичка од јаболко, прво го сварив да омекне и после во блендер со малку млеко и не сакаше да јаде, денес свежа јаболка ја изблендирав со млеко ја јадеше Пред две недели почнав и сокчиња да му давам од јаболко и круша и нема никаква реакција
Пожелно е да е обарено поради природните киселини што ги има пример јаболкото. Да не го нагризуваат на желудничето уште толку рано, дека е сам почеток. Околу сокчиња апсолутно немаш потреба , побитно е да јаде овошје неголи да пие.