Син ми не пиеше сокчиња, ама на одмор ете ваљда му беше жешко, пиеше сигурно по едно во денот. 8 месеци имаше, вода помалку пиеше. Па си реков поарно сок отколку да дехидрира. На хип ги пие, разредени со водичка. Некогаш во блендер му правам и од свежо овошје
@Kika(1) јас од старт овошјето го давам свежо. @D.lavica цвеклото го воведов меѓу првите намирници, на 6+, наше домашно. Спанаќот од 7+.
мајки од кога воведовте пилешко месо и точно кој дел дали бело месо или стек и кажете ми телешко со која комбинација нјмн го јадат вашитењ бебиња . И уште нешто оризот не ми го блендира убабо бленбдерпт имам рачен блендер дали давате и така по цели зрна јас по мн малку и давам зошто ми е страв инаку 8 + сме Можеш поточно да ми кажеш како се разредува колку вода во колку мл сок? Инаку и јас немаше да давам ама последнава недела ми се намалува млекото па затоа сакам да почнам
На самите сокчиња на декларација пишува дека може 50/50, ама јас помалку ставам вода, пример ако ставам 50мл сок, 20/30 мл вода ставам. Модар патлиџан од кога почнавте?
Jas od 8+, znam deka e od pokasno ama sega mu e sezona imame domasen i zatoa reshiv da dadam. Ubavo go prifati.
Мами дали може палента на полни 6 месеци и дали може на хип што се тие кашите од овес, пченка и други што има житни, оти овесот читав дека содржи глутен па незнам дали смее. И што друго смее да се дава. Поздрав
На 6+ можеш да даваш палента и ориз, има на хип такви,но можеш и други...Овес веќе 8+, со него се почнува воведување на глутен...Мешаните исто подоцна Од овошје: јаболко, круша, слива,праска, банана Зеленчук: тиквичка, тиква, компир,морков
Фала на одговорот. Прво дете ми е и за јадењево сум цела во прашалници. Незнам што може да јаде што не, колку оброци смее по колку смее. Ке се научиме полека
Досега немавме никаков проблем се си јадеше, 9+ сме и месецов го одбива ручекот само, зеленчукот не ми го сака. Многу се нервирам само фрлам каши.
сол после годината жолчка прв пат чиста дај една осмина па постепено ке зголемуваш на 1/4 па пола и на крај цела жолчка. ја даваш со зеленчук најчесто
фала ти, не знаев дека голем е веќе за кашкавал јас денес со рендан ќе пробам ко за почеток во ручек..
@LiliBoz кашкавал и павлака се после две години. На големото првпат дома му дадов на 4 години. Дека не се баш природни, затоа е подобро подоцна. Во принцип, ако досега не покажал симптоми после јадење кисело млеко, нема да има мака ни со кашкавалот, ама не се знае.
зошто толку рано тогаш даваат во градинка.. јас денес ќе му дадам само зашто сакам прво дома да проба.. така правам со се што таму даваат...