Види, тие може и порано, ама моиве педијатри ми викаат поарно кисело млеко, сирење и изварка да јаде, нема ништо корисно во кашкавал и павлака. Ти секако дај му штом даваат во градинка, подобро да си има дома пробано. Инаку се надевам дека не им даваат растителен кашкавал
Споделувам со вас дел од готвачот за бебиња што си го купив. Ние на 4 1/2 месеци ќе почнеме со зеленчукова кашичка
портокал,рибизла на пет месеци?? лимонов сок на пет месеци? супа од месо? најди друг бебе готвач овој врска нема
Готвачот е на детска радост, мене ми е чудно што рано се напишани доста високо алергени храни ама еве си реков да споделам со поискусни. Во секој случај рецептите во готвачот се добри и разновидни а календаров на воведување е чуден
Стар е овој готвач, порано вистина вака воведувале намирници, ама не е препорачливо, само ќе го оптеретиш желудничето, а може и не дај Боже некоја алергија да се јави.
По препорака на матичната, ќе пробам од тие кашите за добра ноќ ( ова како едно очајно решение за честото будење во ноќта). Не ми текна да прашам, обично колку време пред спиење ги давате? Инаку сме 8 месеци.
на саат гледам само дали поминале три даати од десертот. а знае и одма потоа да заспие бидејќи рано си Легнува. млечен гриз домашен повеќе држи од ноќна каша, барем кај нас.
кромид по колку да ставам во кашите 8+ сме сакам дфа ставам зашто вака не ги сака кашиде дека немаат вкус и вие од колку мес воведовте кромид
Kromid e od 6+ jas stavam po malku edno malo rezne i lukce stavam mozes i ti, samo lukot deka e potezok epten malku stavam
Јас од 6+ давам кромид и тоа по една мала главица преку еден ден. Еден ден давам кромид, другиот лук.
Исто и јас ќе прашав за кашичка купечка од хип, пишува +4 а содржи портокал, да ја дадам или да чекам? @НаталиЛили Трите сме тука негде со возраста на дечињата, јас му дадов ориз и палента до сега. Со зеленчук почнавме, тиквица, компир, морков, пашканат, кромид, брокула, карфиол, батат и келераба денес прв пат дадов. Од овошје: круша, праска, нектарина, слива, јаболка, банана, кајсија и тиква. Се мислам деновиве што да пробаме ново, може авокадо и некој зеленчук барам. Не знам блитва дали може? Предлог некој?
Мајки утре ќе почнам со жолчка. Ќе ја измешам со банана, друга идеја немам. Е сега, ќе ви поставам глупаво прашање на кое имате право да превртите очи Варена ли да ја давам жолчката? Оти лани во Бг кога бев брачеда ми жива со кисело млеко ја даваше? Знам дека е без везе прашање...
@Mari-Ja ne davaj kasha @BirMelek живо јајце не срцка Него прашањето ми е на крај од осми месец можам да почнам со к.млеко,урда
4+ не значи возраст од кога да се даде, туку дека текстурата.. како да кажам... хомогенноста е таква што може и на 4+ да се проголта. ќе видиш и каши со јаболко и житарка а 8+ обележана. тоа е поради тоа што житарката е крупно мелена, не блендана.