Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    5.113
    Пол:
    Женски
    Леле па ја пола од ствариве што ги наброја немам дадено пр.ориз, палента, пашканат, кромид, брокула, карфиол, келераба, праска, кајсија, ништо од ова. :)
    А колкави сте?
     
  2. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    911
    Mozes slobodno, k.mleko, jogurt,urda i sirenje nesoleni
     
    На ikame му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Никако живо, за возрасен е опасно, а не за бебе. Тврдо варена да е жолчката, јас го оставам минимум 10тина минути да врие.
     
    На BirMelek му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    5 ипол за некој ден, почнавме пред еден месец со храна, по препорака од педијатар, не ни беше доволно само млекце :)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.012
    Пол:
    Женски
    Компир, кромид, батат и келераба се 6+, пашканат, брокула, карфиол се 7+. Ориз и палента се исто 6+.
    Пашканатот знае да даде бурна реакција, т.е има случаи на алергија. Мој совет е да не брзаш со блитва, прерано си вовела многу намирници... твое право секако, ама за бебето не верувам дека млекото не било доволно. Оти скоковите во развој знаат така да се манифестираат, со постојано цицање и плачки, па создаваат лажна слика дека бебето е гладно, а всушност не е.

    Знам дека си некаде во странство, ама педијатар да препорача некои од овие зеленчуци пред 6 месеци ми е нонсенс, пошто и се знае дека пред 6 месеци се уште немаат во желудничето ензими за варење на компир, батат и слични.

    Давај ги во разни комбинации тое што веќе ти се воведени, има време за нови.
     
    На Mari-Ja, Lolipop23, BirMelek и 4 други им се допаѓа ова.
  6. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе ти реплицирам.
    Имам во Германија, Швајцарија и Финска другарки и све ова што пиша од толку/волку месеци, педијатрите го наведуваат полека да се воведува од 4+. Доколку се има во фамилија алергии тогаш се претпазливи и се практикува шема. Све ова што наброја дека дала членката го имам и ја дадено по препорака на 2јца педијатри. Освен пашканатот, нектарина, кајсија и палентата што не сум ја дала од наведените горе, здравје после 6+ .Спомнатите другарки ( од странство ) имаат по 2-3 дечиња веќе големи па фала богу немале никакви алергии ни сл.
    Генерација сум постара така што останативе другарки веќе имаат тинејџери деца и никогаш по табели небиле ранети. Ниту пак ние сме биле така ранети.
    Сепак сите сме со различен став и мислење. Го почитувам и твојот став и твоето мислење да не ме сфатиш погрешно.
    Но, да напоменам дека све она што сум дала до сега е домашно производство ништо не е купечко. Имаме викендица каде татко ми сади све за син ми и внук ми. Внук ми е момче од 2г исто така рането не по табели. Здраво и со секогаш крвна слика перфектна. Се разбира останало уште од времето дека јагодата, цитрусните и уште неколку продукти се преферираат после 1ва година.
    Исто така да не бидам сфатена погрешно, верувам дека и членката давала по малку од све.
    Не ме сфаќај погрешно сепак ова е мој личен став. Ниедно од најмалце 30деца од кругот на пријатели ( кој ги знам од бебиња, а сега се некој основно, а некој средно ) фала богу никогаш немале никаков здраствен проблем. Но, ова не се однесува на бебиња каде во фамилија имаат предпозиција за алергија.
    Едит. Викаш дека не ти е своиствено да не е доволно млекце за бебе. Еве во мојов случај синко сам почна да мљацка и бара кога се јаде. Ја дуплираше тежината на скоро 5месеци. Почна да бара на неполн 1ч д цица. Но, никогаш не му давам ако нејќе каша. Некад има денови едноставно пљука нејќе и сака да цица. Некад јаде али никогаш не изел повеќе од 100гр во денот. Се дешава и после 4та лажица да нејќе и да бара да цица. Се прилагодувам како он сака не го силам на ништо.
     
    Последна измена: 21 септември 2017
    На Mari-Ja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.526
    Допаѓања:
    288.872
    Педијатрите таму и за 40 температура викаат ништо не му е, одете си дома. Набјудувај, отвори прозорец и голко нека лежи.
    Па и да кашла, повраќа, мрсули да се чешма не треба ни крвна слика ни брис. Ништо не му е и тоа. Сите се болни, не е само твоето.
    Така и за храната. Кој ќе го фати ќе го фати, другите ништо не им е.
     
    На TutiFuti, TheSecret и Annath им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.012
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е мене дека во странство докторите се малку полабави кога е во прашање храната и воведувањето на намирниците. Ама јас би била претпазлива, пред сè затоа што не знаеш на што сè може да се изреагира во одреден момент, без оглед на тоа што се нема предиспозиции во фамилија. Живееме во време кога не знаеме какви гени носиме, а влијанието на надворешните фактори врз истите никогаш не било поголемо, бидејќи сме изложени на големи зрачења и загадување на земјата, водата и воздухот. Зборувам конкретно за нашава земја, за странство не сум компетентна да зборувам. Не знаеме што им пренесуваме на нашиве деца, а овошките и зеленчуците, па и животинките, ако немаш свое проверено, немаш сигурно црно на бело дека не се третирани со никакви средства. Дури и кога имаш свое домашно може да има проблем, бидејќи почвата и воздухот не се контролирани, па и водата богами, и не знаеме што преку нив влегува во она што го јадеме.

    Нејсе, зборот ми беше дека некои типови храна се прилично тешки за стомакот, па не би требало да се избрзува со нивно воведување, башка алергиите. Може да се јави реакција на средства со кои намирниците се третирани, а тоа тешко се открива. Јас еве, претпазлива сум кога се јагодите во прашање, оти имаме предиспозиција, мм бил како мал алергичен на јагоди, големиов нема проблеми, ама малово ми изреагира преку млекото кога јас јадев јагоди. Претпазлива сум и со храна за која вообичаено знам дека е тешка за варење (грав,праз, зелка...). Од таа причина пред годинка не давав ништо од тоа, големиот немаше воопшто мака, а на малово дадов пред некој ден првпат грав (има година), резултираше со грчеви и плачки цела ноќ (а како новороденче воопшто немаше грчеви). Затоа сум за претпазливост пред сè, оти верувајте ми, цел живот го има за да јаде. Нема потреба од брзање. И јас ова не го зборувам на памет, со двајца педијатри се консултирам, на двете безрезервно им верувам. Да, се случило да се двоумам околу некој нивни совет, ама пак ги слушам.
     
    На TheSecret, eli25, kikin и 4 други им се допаѓа ова.
  9. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со све што напиша.
    Еве во случајов и 2јцата педијатри ми напоменаа буквално да почнам све да давам. Но, искрено не ги фаќам секогаш здраво за готово. Сепак не е секое дете исто. Не се сите по шаблон дека може од тогаш тоа и тоа. Пример ќе земам за гравот... не дека нешто ќе му се деси,но несакам да го боли стомаче. Во бременоста па и за времево на доење јадев и јадам буквално све. Никогаш немал проблем нит фала богу грчеви немаше. Се сложувам дека неможе све да се даде сепак со усул. Лично јас давам по малку од она што знам и сметам дека нема да има мака со стомачето.
    Во нашиов случај имаме и генеѕски претпозиции испитано поради ИВф така д горе доле знаеме. Сепак ќе речам Недај Боже никад не реци никад, се може да бидне.
    Во однос на продукти прскани или непрскани и третирани и не третирани.... све е во најдобар и најпроверен ред. Како што би ркол татко ми : чим црвче глеаш дека го јаде значи и ти ќе јадеш зашто е природно без адетиви и не е прскано ;) Веќе со години најмалце 15г како се јаде све што е посадено.
    Сепак треб претпазливост како што кажа и се слагам.

    @danichap не се согласувам извини. Тоа е исто како и кај нас. Од педијатар до педијатар има разлика. Така и таму. Од болниа до болница има разлика па и од доктор до доктор.
     
    Последна измена: 21 септември 2017
    На Lady*Bug, Mari-Ja, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.526
    Допаѓања:
    288.872
    @sofi2107 па да, истото го мислам и јас. Ако е во странство не значи дека е правилно се што кажуваат, посебно за воведување намирници.
     
    На Mari-Ja, LiliBoz, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Додатоци од типот на сончоглед, семки од тиква, лен, сусам, семе од коприва...аронија, од кога смее?
    Годинка направивме
     
  12. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    911
    Spored bebe gotvac od 12+ se ama neka kaze nekoja poiskusna mama
     
    На wings му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Деца се деца без разлика од вера, боја па и кое кај живее на кој континент. Таман работа да се зим здраво за готово све што ќе чуеме или прочитаме. Сепак се се зима со резерва и се први онака како што самиот ти мислиш,нормално со совет и препорака од доктор. Не секогаш по форумиве се излага реалната слика и вистината. Сепак е форум па и на фб е исто. Нешто се одзема па и нешто се додава во приказната. Најрелевантни се оние кој и приватно ги знаеме и гледаме како ги растат своите деца. Но, незначи дека ако некоја дала пр. грав дека и ја треба да дадам, ако некоја бебето само по шпикозни денес на времево го изнесе дека и ја така треба итн. Сепак све се зима со резерва и се прилагодуваш спрема себе и своето дете. Највеќе и верувам искрено на својата мајка иако со резерва прифаќам.
     
    На Mari-Ja, Annath и danichap им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.012
    Пол:
    Женски
    Лен, семе од коприва, сончоглед и тиква може од 8+, пробај, ама тазе мелени да ти се.
    И аронија е 8+, ама еве велат јака е, нека биде 12+, по неколку зрна. И сусамот исто е 12+.
     
    На LiliBoz, wings и kikin им се допаѓа ова.
  15. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски
    Ореви, лешници, индиски ореви...итн смеам да воведам, 12+ сме?

    Арониjа со млечна каша чини да мешам?

    И уште нешто...има корист да давам варено овошjе на 12+ ? Кога е свежо не ми го сака баш...

    Доколку знае некоjа маjка ако можи да пиши, би и била благодарна :)
     
  16. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    пилешко во која комбинација најмногу ви го јадат бебињата (8+)
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.012
    Пол:
    Женски
    Можеш, мелени ситно да бидат. За индиски ореви не сум сигурна дали може тогаш, ама орев, лешник и бадем може, мала е шансата за алергија, иако постои.

    Аронија со млеко не, општо, овошје со млеко освен банана не оди баш многу.

    За вареното овошје, мислам дека можеш да даваш и после годинка, ама само обари го на пареа колку да омекне. И мешај обарено со свежо парче од истото, да се навикне на вкусот на свежото. Не сака сама да јаде со раце парчиња?

    Со грашок, или пак со морков и пченка. Не ми го сака мојов пилешкото оти тешко се џвака, дека домашно е, без разлика што го сецкам ептен ситно.
     
    На Lorins му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Пријателка прва намирница што даде беше брокула. Секаков совет прифаќам, ама секоја табела е различна, две не најдов што се поклопуваат. Давам внимателно намирница по намирница, предиспозиции за алергии немаме, така да се надевам ке продолжи да јаде како до сега :)
    Фала за советот во секој случај :)
     
    На ^angel^, Annath, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. kkkk 7777

    kkkk 7777 Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ајде девојки мала помош. За една недела правиме осум месеци, од јадење абер нема само по една или две лажици на ден со сила дадени А ја види лажицата затвара устата и толку, веќе незнам што да правам
     
  20. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Јас ни пола од ова немам воведено.
    До сега сум му дала банана, нектарина, круша, тиквица и јаболко.
    Сите добро ги прифати освен тиквицата. Па ја мешам со овошје. Следно ќе воведам морков. Па модри сливи, праска, кајсија, компир и тиква.
    Се мислам за брокула, имам домашна незнам да не предизвика проблеми со мешето.
    Што можам друго од зеленчук.?
    Сега карфиол има, ама и тоа мислам прави проблеми со гасови.
    Имам и пиперка домашна, кромид и лук. Исто и боранија и грашок. Ама се полека ќе воведувам. По три дена давам една намирница. Ако не ја сака чиста ја мешам со нешто што веќе пробал.
    Ама од сега гледам дека ќе имаме проблеми со зеленчуковите каши.
    Уште ова да прашам. Јас давам само еднаш на ден и тоа на сабајле помеѓу две доења. Кога може да се замени еден подој со каша? И од кога да воведам втор оброк?
    6 месеци сме за некој ден.