здраво мајки, ние почнавме со кашички инаку сме 6м и 3нед. до сега и дадов банана, јаболко, слива, праска, палента, компир, морков. сега за сега добро ми ги прифати ама не ја дојадува целата кашичка. на пример од 100гр таа ќе изеде околу 70-80гр и бара да цица, а водата не ја сака баш иако по неколку пати и нудам во текот на денот. кажете ми како што им дававте на вашите малечки на оваа возраст за доручек и ручек. педијатарот ми рече да и воведам два оброка, ама не ми кажа дали да правам пауза, пример неколку денови само со доручек па потоа и ручек или можам со два оброка одеднаш. а измеѓу доручек и ручек да цица. фала ви мн
Од 7 месеци можеш да почнеш со 2 оброк, т.е. доручек и ручек. На сабајле овошје или овошје со некоја житарка, за ручек зеленчук, а потоа постепено откако ќе воведеш и месо. Вода нуди 1 час пред или 1 час после јадење. Инаку 80г за почеток е супер.
Може секој ден да јаде банана, нема штета. Жолчката со банана ја мешаш? Јас дека не давам тоа што не јадеме/мешаме ние, па затоа прашувам.
Ами немам идеја со што друго да ја мешам и да, со банана ја давам дури ја воведам цела, секој втор ден.Знам дека нема штета, ама сакам додека има секакви овошја да мешам. Инаку бананата гледам и годи, посебно на столицата.
една недела давав осмина преку два дена. Отприлика 3 пати осмина дадов и еднаш четвртина досега. Оваа недела ќе савам четвртина уште 2 пати. Наредната половина и после цела. Така планирам
Па воведена ти е веќе. Жолчка без оглед на количината кај бебе се дава максимум до трипати неделно. Следен пат пробај со компир, морков и мааалку млекце, да не е суво, или пак путерче/масло - повкусна е така.
Знам и за возрасен толку е максимум заради холестерол. Ама ете не знаев дека се смета за воведена вака. Мислев ќе мора до цела да тераме. Значи можам и за руечк веќе да ја давам со зеленчук. Фала
Тетрапак јас не би дала, пастеризирано е. Немам дадено уште кравјо не знам колку време се воведува, ама како што ми кажуваа се дава прво со вода 50-50, па 30-70 додека да стигнеш со 100% млеко (се меша со вода ради пролив) Барај домашно ако можеш да најдеш, и тоа само од една крава.
Денес наместо пола свежо, а пола печени намирници на синко ( скоро 6мес ) му ги испеков јаболко, круша, тиква, слива и кајсија. Додадов плазма мелена и малку цимет. Оваа комбинација му е омилена, али овој пат ептен со сласт си ја изручка он и остатокот јас
За пиење сакаш да даваш или за готвење? Инаку битолско свежо не трајно. На него пишува дека не мора да се вари, но свари го. Мои најблиски роднини беа акционери во бимилк и се доста запознати со млекава. Го консумираат само ова.
7 намирници наеднаш се мн.Башка што за цимет и плазма ви е ептен рано.Плазма не се дава пред година,има мед има шеќери .
Јас би дала на Бучен Козјак за варење, свежо млеко, пошто од истата фирма давам кисело млеко и јогурт. Одамна се токмам да давам, уште не сум почнала. Се плашам од грчеви, оти грав кога му дадов првпат (со полна година), цела ноќ не ми спиеше, плачеше многу. Затоа ми е страв и со млекото.
Циметот е антибактериски и многу добар за цревата. Не е прв пат да дадам. Вака и внук ми ( сега 1пол г. ) беше ранет и деца на близок круг на пријатели. Фала богу сите пораснаа во здрави и витални дечиња. Сепак и со педијатар се консултирав. Но, пред се на мајка ми и верувам највеќе. Ок го поштувам и твоето мислење да не ме разбереш погрешно. Никогаш не би му дала нешто на свое дете нешто што би можело да му наштети. Искрено незнаев дека има мед во Плазмата. Но, кога ќе видиш отсекогаш до пред да се има пристап до интернет, на бебињата им беа брцкани цуцли во мед.
да,и истите тие бебиња сега се возрасни и страдаат од бронхити,астма и алергии.Циметот не реков дека не е здрав туку дека не е содветен за возрст од 5 месеци.Тоа е се
Незнам кој се тие возрасни за кој ти кажуваш. Од ништо не страдам ни јас, ни блоска фамилија нит пријатели. Таа генерација буквално се 90% со празни здраствени книшки и поим било зборот " алергија ". За разлика од последниве 10г со одредениот начин на исхрана на деца секое 2ро дете страда од алергија, кожна болест итн. Али океј сепак неможеме сите да сме со исти став. За 20г ќе ги видиме последиците или бенифитот од овој начин на исхрана. Секоја мајка си знае за своето дете како е најдобро нели.
Bitno mi e da go vovedam samo da nema reakcija zosto vo gradinka imaat obroci so mleko. Doma ne veruvam deka ke go koristam, epten nekogas za sutlijas, griz i sl...znaci sepak da si go provaram malku. Fala za sovetite
Од кога смеам да го попржам кромидот, зеленчукот на маслиново масло? Или не е воопшто добро тоа? И @danichap ќе можеш ли да ми кажеш какво млеко користиш овде после година, незнам кое да го користам на пр за варење на ориз, гриз...извини што сум здодевна со прашањава...