Мајки портокал од кога се воведува. Малата е 12+. Фала мн. Секој совет за ужинка и вечера е добредојден. Поздрав лепотици.
Имам споделено дека од моментот кога големата сама се одби од доење не пропи никакво млеко. Сеуште немаше фатено ни цуцла ни флаша па секаков обид и за вода, освен со лажиче, ни беше неуспешен, не па млеко. Кога се консултирав со педијатри ми рекоа дека се додека внесува други млечни продукти, а она јадеше кисело млеко, урда, сирење.. во ред дека е, па нема пиено никогаш никакво млеко. Имам пробано со млеко без лактоза, дека полесно за мешето кога сум спремала некои каши, така има јадено. Ние имаме позитивно искуство со него, јас и за мене уствари такво само купувам бидејќи желѕдникот ми реагира на обичното во текот на бременостите.
Цитрусите се 12+, едно по едно полека можеш да почнеш. Јас како ужина давам свежо сецкано овошје, печена тиква, печено јаболко, варена пченка, овошен јогурт (во блендер),најново ми е варено цвекло, морков и јаболче со цеден лимон ( ова и како оброк доаѓа), во брзање давам бисквити за бебе, смоки лино со чај/к.млеко или инстант каша од кутија со дпдадено овошје итн...
Здраво мајки, малата во недела полни 7м. Сакам да и воведам и втор оброк затоа што од ноември сум на работа. Ќе ве молам за помош какво к.млеко, павлака, сирење, кашкавал им дававте на вашите и со што комбиниравте. Фала ви однапред
млечни прозводи од 8 полни дадов и тоа само несолена урда(домашна имав) ,кисело.м на Здравје радово и јогурт. кашакавал дадов на 10 месеци (Бејбибел) павлака не и давам иако има веке 3 години.За сирење исто ви е рано на таа возраст ,има мн сол во него. можеш како втор оброк да даваш месо со зеленчук.А прв секако овошје со житарици
Јас воведов кисело млеко на Бучен Козјак на 7+. Несолена изварка (урда) имам домашна, и таа ја давам оттогаш. Сирење нема потреба, освен младо несолено, ама такво баш и нема. А павлака и кашкавал после две години се даваат, порано не.
Мајки кој путер и кое маслиново масло го давате (ладно цедено или)? И од кога да почнеме со нив? За една недела пуниме 6м.
Несолен путер на Пресидент или Мегле, во фолија што се. Исто на Зелене Долине е убав. А маслинови масло да е ладно цедено е најубаво, какво што имаш, такво.
Бејбибел давам и јас на мојава чат пат, после втората година. Не би ми било прв избор кај помало дете или на почеток од воведување продукти. Не ги знам табелите за маснотии и слични вредности кај другите сорти, ама кај бебијбелот не се многу далеку од тие кај салама. Како што кажав, до толку не сум ригорозна и не и бранам, ама не би со дала пред 1-1.5 год.
Seker od koga davate? Se mislam malku kafeav da mu stavam vo ovosnite zos neli veke sol po malku jademe pa zosto ne i seker... Od koj zimate?