шекер никогаш не воведов како таков суров.Шекер јадела само ако пробала торта,колач,нешто благо.Додавање шекер на овошна каша мислам нема логика.Ем за забите е лошо ем хиперактивност создава.Со солта е малце поинаку,она има калиум и јод кои се потребни за правилно функционирање на организамот. скоро читав дека немало никаква разлика помегу кафеав и бел шекер.
Конзервирано не, јас барем не давам на деца. А за риба, секако на почетокот треба локална риба да биде, бела пастрмка е најубава, нема коски. После година може морска, прво бела, ослиќ, лаврак, ципура, после може лосос (најубав е). Пастрмка, ослиќ и лосос баш и немаат коски многу, кај лососот се топат кога го готвиш.
Рибата е многу корисна за јадење, не им ја ускратувајте на децата, барем 2 пати во неделата нека јадат риба. Нема потреба да се плашите, ќе ја истребете убаво, конче по конче, после уште еднаш прегледајте ја, па во блендер и нема да има коски. Од 10 месеци е белата риба (пастрмка, ослиќ, ципура, лаврак, сом, крап...), а од 12 месеци сината риба (лосос, скуша, харинга, сардина...). Најубаво е да набавите свежа риба од нашите езера и реки. Овие од маркет повеќето не се диви туку се од рибници: пастрмка, лаврак, ципура... и се хранети со вештачка храна. Јас дадов за прв пат уште пред да наполни 9 месеци и тоа караш, која има баш доста коски, ама убаво ја исчистив и немаше проблем. Од тогаш дадов ослиќ и пастрмка.
Рано си дала риба, 10+ е, па и после годинка, оти знае да даде алергија. Инаку се сложувам дека е прилично корисна, јас на моево не сум му дала уште, оти немам начекано убава риба по маркети и рибарници кај што гледав. Да, треба прво локална да се даде, морските подоцна се даваат. Карашот не би го дала на дете, пошто ни јас не можам да го јадам, премногу коски има. Алал како си успеала да го исчистиш, мене ми е невозможна мисија. Нема потреба да се блендира, рибата е прилично мека и не прави проблеми.
Можи глупаво прашањево...многу ли се штетни павлаката и кашкавалот за да се даваат пред 2 год? Јас сега на 13+ почнав давам павлака, неа ја јади, а кисело млеко не сака...
Знам дека е алерген, ама е ептен слаб и не се јавува често. Жолчката, глутен и млечни производи на пример е поголеми алергени, а се даваат порано. Затоа дадов на свој ризик, во фамилијата немаме случај на таква алергија, а и тој досега не пројавил реакција на нешто. Јас и нагласив дека е од 10+ бидејќи знам дека малку избрзав, ама дома многу често се готви риба и затоа одлучив да дадам. Карашот е многу тежок за чистење, ама испраксирани сме и не ни е проблем.
Нас педијатарот ни рече дека може да давам павлака со мала масленост, а важи за еден од најдобрите педијатри во Скопје.
Ако сакате давајте, ако не јадат друго. Препораката ми е уште за првото дете пред 6 години дека павлаката и кашкавалот заедно со зденката не се препорачливи за бебиња и деца, па не е е пожелно да се даваат пред втората година. Изборот на крајот е ваш. @anastasijaki кој педијатар е најдобар во Скопје е сепак субјективна работа. Башка, нискомаслени продукти не се препорачливи за бебиња и деца во развој, нив им требаат полномасни производи.
Zosto ne se preporacuvaat? Inace se gleda kolu e najdobar pedijatarot cim preporacuva niska maslenost na bebe.
и јас имам чуено дека некои препорачуваат ниско маслено и баш се збунив... во принцип спротивно велат. разлика меѓу павлака и к. млеко нема некоја голема, освен ако не е на мегле павлакана што е полна желатин. е тогаш има разлика. имаш и павлака и желатин. Кикин од кравјо Збрегов и Алпи словенско. Бучен исто така е чисто млеко.
Млечните производи треба да се со најголема масленост за деца во развој. Домашно кој има може да дава и павлака и кашкавал. Во купечките кашкавали ставаат многу адитиви: конзерванси, ароми, бои, скроб... а и растителни масти, посебно палмина која е најштетна.
за зденките Хрватите даваа емисија како се прават.Се топат расипаните кашкавали и сирења,плус некои додатоци и се прават зденки
Не рекoв нaјдoбaр, туку еден oд нaјдoбрите кaшкaвсл, зденки, крем сир не дaвaм , нo пaвлaкa сo лепче дaвaм, кoгa е пребирлив штo дa прaвaм.. вo oднoс нa мaсленoстa знaм декa им се пoтребни мaсти..к.млекo сo пoгoлемa мaсленoст a пaвлaкa сo пoмaлa , мaк. 18% дa не дaвaм нaд 18 штo се вaкa ми беше кaжaнo. Мoрa oдмa ирoнични кoментaри нели, без дa ми кaже педијaтaр јaс знaм декa им се пoтребни мaсти нa децa вo рaзвoј, мн пaти гo имaм и пишувaнo тoa низ темиве, муaбетoт беше зa пaвлaкaтa сo пoмaлa мaсленoст не зa другo. К.млекo јoгурт дaвaм сo нaјгoлемa мaсленoст.