истата препорака околу павлаката ја имам и јас, ако сакам да давам тогаш да не биде со масленост од 20,24 посто туку помала, сосема спротивно од киселото за кое ми беше кажано да е со поголема и давам со 4,4 посто масленост. Кај истиот педијатар сме чинам па наредната контрола ке прашам зашто баш така, ми го напомена тоа но поради плачките на синко не успеав да прашам.
Јас немам никаква препорака од доктор, односно имам, се што јадеме ние да давам и на бебе Ние често јадеме нешто набрзанка глупости, па таа препорака ја отфрлив веднаш. Затоа сум често тука со прашања и го ценам сечие мислење. Педијатриве, како и за мн други работи, имаат спротивставено мислење ете и за ова...на крај пак на нас е да одлучиме. Прашањето ми беше дали содржи толку штетни работи, на пр ете како зденката, тогаш не би давала, а имав слушнато и дека смее, па затоа прашав, можеби некој е повеќе информиран, зошто, како, што... Малку офф заминав, се извинувам. Сакав да ве прашам, дали смее да се дава лимон секој ден и по колку се дава? Исто и за јаткастите, смее секој ден? Доколку знае некоја мајка...би била благодарна.
Во шишиња е, исто како јогуртот, може затоа не си забележала, едно до друго се најчесто во фрижидерите, ама нема секаде. Секоја од нас си го знае детето, не е секое бебе исто и не јадат сите исто како по книга. Фала Богу дека кога е нејадач ќе даваш и што треба и што не треба, од мака, само да јаде и да качи некое кило. За тоа целосно те разбирам. Штом даваш млечни производи од типот на кашкавал и павлака, гледај да се со поголем процент млеко во составот. Кога не ти јаде друго, ќе дадеш, што ќе правиш. @Lolipop23 објаснила која е причината што не се препорачливи купечките млечни производи, ама кога немаш домашно, немаш баш и некој избор. Лимон може да даваш секој ден, сокот од една резанка е доволен. Се работи за детенце над годинка, така? Тоа е доволно, може и помалку. Ако даваш супи и чорби, убаво е во нив да има по малку лимон. Јаткастите смее секој ден, зошто да не, само да не се претерува со количината. Јатките имаат здрави масти, корисни за организам во развој. И мене ме буни тоа што кај нас педијатрите немаат унифициран став за исхраната на бебињата, ама разбирливо е, не се нутриционисти, не учеле многу за исхраната, а има и доста промени во последниве 50 години. Додуша моиве двете што ги консултирам имаат исти ставови за воведувањето на намирниците, и двете се од постарата генерација, многу им верувам. @Mari-Ja јас читам дека на запад се прилично слободни во однос на воведувањето на храна кај бебиња, што ме тера да мислам дека тоа е така поради големиот избор на готови каши што ги препорачуваат, а кои се до толку преработени што веќе и немаат алергени материи во составот и е безбедно да се дава. Факт е дека не треба многу да се оддолжува со воведувањето на конкретни артикли (освен ако постои предиспозиција на алергија во поблиско семејство, ама и да нема такво нешто, не е гаранција дека нема да се појави), затоа што шансите за алергии се поголеми колку подоцна се воведе.
Здраво мајки и од мене. Ќе ве молам за мала помош. Насабајле знам овошна каша, но со какви житарки им ја правите? А исто така и предлози за втор оброк односно ручек што и дававте на вашите кога беа 7+. Фала однапред
Да, се работи за дете 13+ и голем нејадач. Ќе видиме овој месец дали има плус во килажа... Ти благодарам мн за несебичното давање на совети
Еве @BirMelek Ти има одговорено, значи можеш со сѐ да го комбинираш овојше, зеленчук... Јас најмногу досега со овојше го комбинирам.
А зошто избегнувате глутенски продукти, со веќе воведен глутен? Освен ако нема реакција, зошто се избегнува? Јас повеќе на глутен не гледам.
кога пишува дека може да содржи траги од соја, јаткасти плодови (најчесто кикирики) по производите, тоа значи дека на таа лента поминуваат и други производи каде што поминува тоа што сте го купиле вајда добро објаснив..
Во составот сигурно немаат млеко. Ама дека се пакувани на иста лента со производи што содржат млеко, јатки и слично, па затоа пишуваат. Јас искрено мислам дека нема да имате проблем од бисквитчињава, ама ти си го знаеш детето најубаво. Вкусот на бисквитиве е далеку од класичните на кој што сме навикнати.