Ориз можеш комбинација со зеленчук што веќе ви е воведен. Маслинов можеш, а сол јас до година не ставав.
@Mari-Ja ако не се лажам твоето е колку моето некаде (за пет дена ќе полни 7 месеци). Од кога почна да му даваш вечера? Јас втор оброк почнав пред две недели, трет сеуште не сум дала. А за ќерка ми не се сеќавам како сум правела, ама мислев некаде пред да полни 8 месеци да воведам трет оброк.
Еден месец се разлика, ние 6 ќе полниме за недела дена. Со храна цврста почнавме од 4 мес по препорака од педијатар. Втор оброк воведов пред недела или две максимум беше. Тука патронажна доаѓа да те советува за храна како, кога, колку итн па зелено светло за вечера добивме од нејзе. Месо бело од 6 мес ми рече, исто и за глутенот да причекам до тогаш. Од 7 мес жолчка, од 9 белка. Останато се можам да давам постепено. Бебуш е напреден, сака да јаде, а и поубаво сега спие искрено. Овде во зависност од самото дете добиваш совети,смерници итн. П. С. Пријателка една тука на малата и воведе втор оброк после две недели откако почна воопшто со цврста храна. Така ја советувал педијатарот. Девојчето има 10 мес, сама пие од чаша и почнува сама да јаде (учи да јаде со лажичка), ја спремаат за во градинка, почнува од 11ипол мес
Здраво Мамички јас сакам мислење од вас ние сме 4+месеци и треба да почнеме со пробување вкусови и дохрана.. Локалниот педијатар не советува прво да почнеме со сокчиња па после со кашички, патронажната сестра рече рано е сега дури кога ке наполните 5+ месеци, а пред некој ден бевме во плодност и пак се консултирав и ни рекоа со полни 5 месеци може да почнете со кашички најпрво со морков и сега сум во дилема што да правам
сокчиња во секој случај не ти требаат.Скоро баш една докторка кажуваше дека тоа се непотребни калории а се губат пола од витаминските вредности
Прво гледај ги потребите на детето, ако мислиш дека треба да почнеш до дохрана од 4 месеци почни, ако не почекај до 5+ не го брзај, цел живот ќе јаде. Лично јас почнав од 5ипол со дохрана иако тој период беше само на ад. Почнав со кашички, сокче не дадов.
Imam 2 prasanja, bebe e 10+m: 1. na nedelno nivo kolku pati davate meso, zolcka od jajce (i po kolkava kolicina zolcka) i mlecni proizvodi (nesolena urda i nesoleno sirenje) 2. dali davate zitarki vo sekoj obrok?
јас давав 4 пати месо,2 пати жолчка и еден ден риба.Кога давав месо не давав жолчка во ист ден.Цела жолчка давав со зеленчук,палента и слично. сирење на таа возраст не давав ич житарки скоро секое утро со овошје давав
можеш и едното и другото да даваш јас аронија по 3 зрна давав ми беше страв за повеќе ,викаат доста е јака
Ако сакаш дај, јас не сум дала, немам намера барем до две полни години, по препорака од педијатри. А ако даваш, онаа што ја јадете. Дома за нас земам на Зелена Долина словенечката, или пак од Здравје Радово (многу ретко). Другите не знам какви се.
Епа не давам,нема потреба. Малку претерав денес Му направив болоњезе со малку домашен домат, колку да проба ама месо кромид пропржив со путер. Касна неколку лажици ама изгледа му беше силно, не сакашее. Ако јас ја претерав бар тој паметен.
Користите ли оризово млеко? Зборам за оние со вкусови? За кашички да праам...шочнав со кравјо ама не ми ги сака.